Tag Archives: КрешникБектеши

БЕКТЕШИ ЗА ДРИМ ТИМОТ И ФУДБАЛОТ НА АХМЕТИ: Да бевме во странство, за тоа видео, ќе добиевме аплаузи и сите ќе аплаудираа

Тоа видео да се направеше во странство ќе добиевме аплауз, вели министерот за економија Крешник Бектеши во интервјуто за РСЕ што ќе биде емитувано целосно в недела, откако тој беше дел од функционерите кои се снимија во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби како играат фудбал и кошарка.

– Јас мислам тоа видео да се направеше во странство, сите ќе аплаудираа, но кон ДУИ се упатуваат сите стрели затоа што е најстабилна политичка партија и затоа има такви реакции за жал. Мене ми е криво што се креира една негативна енергија генерално во општеството заради тоа што такво видео не е во фазла употреба, туку тоа може да се направи во секое работно место. Ние сме колеги и го направивме како антистрес, без да сакаме да пратиме некому порака, рече Бектеши.

Крешник Бектеши сопругата ја вработил во Агенцијата за остварување права на заедниците?

Министерот за економија, Крешник Бектеши својата сопруга ја вработил во Агенцијата за остварување права на заедниците.

Според документите кои ги објави порталот експрес.мк Улка Каба Бектеши е вработена на позицијата виш соработник за изработка на проекти во секторот за изработка на проекти и комуникација со невладините организации во Агенцијата која е под директни ингеренции на владата.

Согласност за нејзино вработување дал министерот за финансии Фатмир Бесими, додека неговиот колега во Владата министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити кој доаѓа од редовите на Алтернатива, вели дека првпат слуша за вработувањето на сопругата на Бектеши и додава дека министерството и Владата секогаш зборуваат за мерит системот за вработување.

Пред две години бурни реакции во јавноста предизвика вработувањето на сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши, Влора Бектеши во АД МЕПСО како референт во Секторот за правни и општи работи и тогаш тој тврдеше дека не ургирал за нејзиното вработување, туку таа сама се вработила.

Поради судир на интереси прекршочна пријава му поднесе Антикорупциска комисија, по што министерот плати казна од 500 евра.

Лас Вегас ли е Арачиново ли е? – НЕМА ЗАШТЕДА НА СТРУЈА, потрошиле дури 474 ОТСТО ПОВЕЌЕ од лани !

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, пак додаде, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто, но има и општини кои потрошиле повеќе, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто, посочи Бектеши.

Една од нив е Арачиново каде што биле потрошени 474 отсто повеќе струја од лани, додека во Лозово се потрошило 12 отсто повеќе, а во Студеничани 11 отсто повеќе.

Вратена струјата во Арачиново, Бектеши вели постигнат е договор

По три дена исклучување на струјата во Арачиново, поради диви приклучоци, по протестот на жителите на Арачиново пред седиштето на ЕВН, вчера вечер министерот за економија Крешник Бектеши напиша на својот профил на Фејсбук дека постигнат е договор помеѓу ЕВН и градоначалникот на Арачиново за враќање на исклучената струја.

Тој појасни во својот пост дека ова решение се надева дека нема да биде само привремено, туку долгорочно ако страните го почитуваат она кое е договорено, но и законите во земјава.

„ЕВН пред неколку дена објави листа за населените места, во кои најмногу се краде струја и Арачиново е на врвот на таа листа. ЕВН соопшти дека крадат струја и жителите на Сарај, Чаир, Студеничани, кои се сите албански општини. Станува збор за омаловажување на албанскиот народ, кој се обидува да преживее. Албанците во Македонија отсекогаш имале тешкотии во образованието, во вработувањето, во јавните служби, пред се тие имале тежок живот, но според Македонците тие имаат повеќе права од нив и дури ги нарекуваат крадци.“

„Пред неколку дена вицепремиерот Артан Груби објави дека за оваа општина се издвоени 66 милиони денари за регулација на канализацијата, но и оваа помош од Владата Македонците ја насловија со зборовите: ’66 милиони денари за општината, која воопшто не плаќа данок на имот’. И во овој случај ги направија крадци Албанците од Арачиново. Како да плаќаат жителите на Арачиново данок кога ги немаат основните услови за живот? Какви даноци да плаќаат кога немаат вода за пиење, кога немаат канализација, кога немаат пристојна инфраструктура?“

„Покрај крадци, ЕВН вели дека жителите на Арачиново се и насилни и проблематични. Според ЕВН, проблемот со струјата нема да се реши, бидејќи самите арачиновци тоа не го дозволуваат… Какво апсурдно образложение! Некои новинари стапија во контакт со МВР да прашаат дали екипите на ЕВН пријавиле физичко насилство врз нив за време на работите во Арачиново, или дали тие екипи на ЕВН побарале помош за полициско присуство додека ги извршувале своите активности. Но МВР негира дека имало барања и за првото и за второто. Од МВР велат дека во текот на 2022 година ЕВН пријавила само еден случај на кражба во Арачиново, но никогаш не пријавила случај на физичко насилство. Вработените во ЕВН како да имаат страв да влезат во Арачиново заради интервенции и ним им се чини дека некој ќе ги нападне, иако такво нешто не е пријавено.“