Tag Archives: Крушево

Осветен манастирот на Тоше „Свето Преображение Господово“ (Фото)

– Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници.

Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

На осветувањето на манастирот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој на својот фејсбук-профил објави дека со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир кој, како што напиша „Тоше го нарекуваше втор дом поради духовниот мир кој го пронаоѓаше во него“, конечно го добива својот целосен манастирски сјај.

-По долги години, денеска се исполнува една света обврска, големата желба на нашиот Тоше Проески и на крушевчани – се осветува манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, за чија изградба Тоше несебично се залагаше уште од раното детство, па се до последниот ден од кобната несреќа, по која македонскиот народ остана во длабок непребол. Нека му е вечна слава на нашиот Тоше!, напиша Спасовски на Фејсбук.

В недела осветување на манастирот Свето Преображение Господово во Крушево

В Недела на 24 септември во Крушево ќе биде осветен Манастирот Свето Преображение Господово, познат како Манастирот што го градеше Тоше Проевски.

демирхисарскиот Митрополит г. Јован донел одлука за негово осветување, откако целосно е завршена изграбата, што траеше долги години.

Чинот на осветување ќе го изврши Архиепископот г.г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на МПЦ-ОА.

-Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески. Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, стои во соопштението од Крушевско-демирхисарската митрополија.

https://youtu.be/g_wQxjrw8N8

ЕВЕ КАКО НЕКОГАШ ГО СЛАВЕВМЕ ИЛИНДЕН (Видео)

Македонија денеска прославува 120 години од почетокот на Илинденското вocтание и одново се потсети на xeројските дела и бopба на илинденците во 1903 година.

Водеото претставува краток исечок од прославата на Илинден во 2010 година.

Навистина прекрасна глетка од Мечкин камен каде тогаш имало илјадници на едно место.

Вака се славеше Илинден во Република Македонија:

И денеска се споделуваат фотографии како некогаш изгледаше Илинден на Мечкин камен

Битолската коњаница Галоп маршираше на Широк Сокак и тргна на пат за Крушево (Фото и Видео)

,,Галоп Битолска Коњаница,, го започна патувањето по патот на Илинденците.

Почетокот на нивното патување беше означен пред Офицерскиот Дом во Битола, за по Широк Сокак да продолжат кон Манастирот Св. Архангел во Битола каде што ќе им биде благословен илинденскиот пат.

Попладне стигнуваат во Битолско Цапари каде што пред споменикот на паднатите борци за слободна Македонија ќе се одржи свеченост, а потоа и забава со естрадниот уметник Ламбе Алабаковски.

Првото преноќевање ќе го имаат во Манастирот Св. Петка во Цапари. На Илинден ,, Галоп Битолска Коњаница,, која годинава брои трето патување по врвиците на Илинденците, ќе осамне во славно Крушево.

ВИДЕО: Кој е всушност САНДОКАН ПУШКАРОТ од Kрушево кај кого полицијата пронајде над 120 пушки и пиштоли?

Паско Кузмановски најлегално, лиценцирано и со сите дозволи, работи (сервисира) оружје, занает за кој и јавно зборува уште пред многу години пред тв камерите. Кој е од Крушево, го познава “Сандокан”, пишува на Фејсбук Филевски Игор.

На 27. јуни МВР излезе со молскавично соопштение дека Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба извршиле претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево.

-При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител – информираа од МВР и објавија фотографии.

Истата објава наиде на оромна лавина коментари на социјалните мрежи, но малкумина знаеја дека станува збор за чичко Сандокан пушкарот.

-Абе она што го викате “држава” ви се распаѓа и хоризонтално и вертикално, пичлемиња и копиљаци ви се расфрлаат со милиони и раскурцуваат се’ до пепел, купена администрација, министри, судство, псеудо премиери и претседатели, а вие се фативте на чесен занаетчија да покажувате сила? Ах бре, ах… – пишува Филевски во својата Фејсбук објава, каде објави и видео од документарен серијал за стари занаети од “Алфа ТВ”.

Илинденската коњаница: “За кого, за Македонија…Никогаш северна” (Видео)

Најмакедонскиот елемент на прославата на Илинден на Мечкин Камен во Крушево и оваа година беше илинденската коњаница, која сигурно ги помеша плановите на Владата извикувајќи силно: “За кого, за Македонија” и “Никогаш северна, само Македонија”.

Не си црна овца ако се делиш: Двајца хористи во Крушево со еден потег ја освоија цела нација

Додека премиерот Ковачевски вчера држеше говор во Крушево во чест на Илинден двајца членови на хорот кој настапуваше во уметничкиот дел од програмата ги држеа своите раце во препознатлив стил кој го симболизира сплотениот македонски народ каде и да живее односно делот од песната Бисер балкански: ,,Цела да е”.

Реакцијата на хористите кои беа во кадарот од протестот на МТВ овој чекор најверојатно го сториле во знак на протест против откажувањето на владата на СДСМ од Македонците од Пиринска и Егејска Македонија во Бугарија и Грција.

Власта не го пушти народот што не е за СДСМ да присуствува на Мечкин Камен

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од Мечкин Камен го честиташе големиот македонски празник Илинден.

Ако илинденците освојуваа педа по педа, и во 1903-тата година и во 1944 –тата година макотрпно создаваа држава. Гледаме дека таа држава со забрзано темпо се руши. Илинденска и Асномска Македонија се руши. Се рушат идеалите на сите оние кои што ги дадоа своите животи за независна и обединета Македонија. Се рушат идеалите на генерации кои што сонуваа за македонска држава, со македонски јазик како официјален јазик на истата, со македонска култура, со македонска традиција и историја, со македонски корени кои што датираат векови и векови наназад, рече Николоски пред новинарите.

За жал, додаде, гледаме дека една Влада предводена од СДСМ и од ДУИ ги руши овие темели и ги руши овие корени.

Но, оттука од Крушево сакам да порачам дека Македонија и македонскиот народ се многу посилни. И никакви договори, никакви попуштања нема на ниеден начин да ја променат самобитноста на македонската национална борба. Илинденското востание е македонско, и тоа е јасно и го знаат сите, го знае цел свет. Било, е и ќе остане македонско! Исто така би сакал да се осврнам на уште една тема, гледате ние сме тука, но за жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба, порача Николоски

Скопската коњаница тргна за Крушево – Лесен пат комити ! (Фото и Видео)

🇲🇰 Во пресрет на големиот национален празник Илинден, коњаниците што ќе учествуваат на 44-тиот традиционален коњички марш оваа година.

🐴 На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, учествуваат 27 коњаници од различна возраст, меѓу кои и една девојка. Тие тргнаа од паркот „Јане Сандански“ во 17:30 часот.

⛪️ Во овој парк градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на коњаниците им го предаде општинското знаме, по што со дефиле низ главните булевари во Аеродром тие се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што се одржи собир проследен со културно-уметничка програма.

🪡 Како што аеродромци се верни и посветени на одржувањето на овој марш, така и Општина Аеродром секоја година ќе вложува поголеми човечки и финансиски капацитети со цел традицијата никогаш да не згасне. Илинденскиот марш е една од најголемите и најзначајни културни манифестации како за Аеродром, така и за цела Македонија.

Видео:

https://fb.watch/exeUCYn5XO/

Замислете во Крушево можете да бидете ЧОВЕК – ПТИЦА

Секое интересно место кое има што да понуди веќе е на мапата и на домашните, а многу повеќе на странските посетители . Така е и во Крушево, кое со многубројните содржини, а секако и со природата, ги одушевува туристите.


Крушево веќе пулсира 12 месеци во текот на годината како вистински туристички центар. Градот е преполн со гости. Прекрасната природа, параглајдингот, музеите, историјата се адутите на Крушево.

Мечкин Камен, Крушево. На 1420 метри надморска височина. Поглед на пелагониската рамнина што восхитува. Чувството е возвишено, се чини го имате просторот на дланка. Тоа е излетиштето на летачите, на „зависниците“ од адреналинот. На луѓето кои посакале и храбро го приграбуваат чувството да се биде човек-птица. Тоа се параглајдеристите. Македонските, европските, светските. Го пронајдоа своето идеално место за да се вивнат во височините, да остават сè приземно, да се доближат до небесните височини.

Пределите се фантастични за прецизното слетување и за долгите прелети во кои со часови трае уживањето. Небото над Крушево е полно со воздушни струења. Широките долини нудат повеќе места за сигурни и безбедни слетувања. Опкружено од сртови и ридови, Крушево нуди одлична инфраструктура за пристап до стартните места за полетувања, како и локации каде пилотите лесно можат да бидат соберени после подолги крос-кантри летови.

Во Крушево сезонски работат неколку параглајдинг клубови и нудат тандем параглајдинг летови по пристапни цени.