Tag Archives: Курти

Знаме со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово зад Касами, Курти, Гаши, Меџити

Знамето со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово на вчерашниот собир во центарот на градот. Ова се гледа од фотографијата која на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Тој во првите редови со Иџет Меџити и Африм Гаши, а до нив, Албин Курти. Околу нив и десетици албански знамиња.

Организатор на настанот беше Касами. Од редакцијата на „Макфакс“ побарале одговори зошто дозволил да се вее етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“. Но Касами не одговорил на пораката. Молк и на прашањата дали ќе им се извини на Македонците и другите народи за овој чин, но и дали ќе бара санкционирање на лицата кои го вееле.

Вучиќ вели Косово не е држава, не можеме да потпишеме правен договор – А меѓународна честитаа договор!?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се појави пред медиумите во Белград да појасни дека не го потпишал анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите со Косово, „бидејќи Србија е меѓународно призната држава, додека Косово не е“ затоа, според него, не може да се постигне меѓународен правен договор.

Не потпишав поради неколку работи. Србија е меѓународно-правно призната држава, а она што тие го нарекуваат Република Косово, за мене не е. Поради тоа не сакам да правам меѓународно-правни договори со Република Косово. Се разбира, во формално-правна смисла, тешко ќе покажете дека договор постои без потпис, но после секој самит, за секој случај, недвосмислено зборувам за нашите црвени линии кои значат дека нема да ја признаеме косовската независност, ниту да прифатиме членство на Косово во ОН“, вели Вучиќ.

Од друга страна пак САД го поздравија договорот меѓу Србија и Косово.

САД го поздравуваат договорот што Косово и Србија го постигнаа во Охрид со посредство на ЕУ за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите, соопшти Стејт департментот.

„Ги пофалуваме претседателот на Србија и премиерот на Косово за нивното лидерство во постигнувањето договор. Исполнувањето на обврските на Косово и Србија од Основниот договор, во рамките на трајната определба за помирување, ќе обезбеди значителни можности за граѓаните на двете земји и да го забрзаат нивниот пат кон членство во Европската унија“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Во соопштението се додава дека САД ќе продолжат да бидат активно ангажирани, во соработка со партнерите од ЕУ, „да ги поддржат Косово и Србија во нивната работа на имплементација со цел да се постигнат предвидливи и мирни односи“.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме подобрувањето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“.

Во соопштението, се заблагодарува на Европската Унија за посредувањето во преговорите и на Владата на Македонија што била домаќин и поддржала финализирање на договорот.

Блинкен на својот Твитер профил исто така изјави дека го поздравува договорот. Тој додаде дека САД остануваат „посветени на унапредување на европската и евроатлантската интеграција“

Ќе реагира ли Османи? Курти додели слики со „Голема Албанија“ сосе пола Македонија во неа

Премиерот на Косово Албин Курти продолжува со провокациите. Тој на една свеченост во Приштина додели слики и признанијана кои е означена картата на „Голема Албанија“ со западна Македонија.

Исти такви признанија додели и претседателката Вјоса Османи. Останува да видиме дали ќе има официјална реакција од владата или од МНР на Бујар Османи ?