Tag Archives: Лајка

Петрушевска: Со колку раководители ќе се испере и искречи боксов? – Вардариште 2023 (Фото)

Поранешната директорка на ЈП Лајка од Скопје Тина Петрушевска реагира на социјалните мрежи за начинот на третирање на кучињата кои се згрижени таму, па таа објави фотографија од еден бокс со кученце и напиша:

Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ (Видео)

Зоолошката градина „Скопје“ и ЈП „Лајка“ со поддршка од Град Скопје почнаа заедничка кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“.

Како што информираат од ЗОО Скопје, кампањата е со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво. Во оваа кампања, се вклучија и наши познати личности кои се љубители на животните.

Прва која сними видео со поддршка е македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, која заедно со својот долгогодишен миленик Лео низ прошетка во Градскиот парк порача да ги сакаме животните и никогаш да не ги напуштаме милениците, бидејќи и тие се дел од семејството.

Градоначалникот Ѓорѓиевски посвои куче од Лајка (Видео)

Лиска доби дом. Ова некогаш напуштено кученце, од денес ќе биде згрижено од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Кученцето го донесе новиот директор на ЈП Лајка, Војислав Димитровски, со кој градоначалникот имаше работна средба. Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалување на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, обезбедување на донации за нивна нега, беа главните теми на кои разговараа соговорниците.

Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека до Општината често пристигнуваат пријави за бездомни кучиња и изрази надеж дека двете институции ќе изнајдат заедничко решение кое ќе значи добросостојба и за жителите на Кисела Вода, но и за уличните животни.

Директорот на ЈП Лајка, Димитровски информираше дека само во изминатата година од територијата на општина Кисела Вода се направени 148 налози за заловување на кучиња и дека тој интензивно работи на надминување на овој проблем. Ќе се оствари соработка со скопските здруженија за заштита на животните, со општините, со Град Скопје, како и со сите други релевантни институции и добронамерни граѓани, со цел кучињата да се заловат, потоа да се третираат и стерилизираат и на крај да се вдомат во семејство каде ќе бидат сакани. За почеток, во овој прв период се работи на вдомување на кучињата коишто се заостанати во прифатилиштето, со цел да се отвори капацитетот на прифатилиштето за што поголем број на кучиња скитници-потенцираше Димитровски.

Од денес, Лиска ќе добива љубов, грижа и нега во семејството на градоначалникот Ѓорѓиевски. Таа беше едно од 40-тината кучиња кои се подготвени за вдомување во „Лајка“ и чекаат да добијат дом.

Општина Кисела Вода ги повикува сите љубители на животни дека доколку сакаат да вдомат куче, можат да аплицираат на vdomi@lajka.com.mk. Апелираме и до сите наши жители, доколку забележите агресивно куче во своја близина, пријавете на prijavi@lajka.com.mk.

Воедно, информираме дека оваа сабота, со почеток во 14 часот, ќе се одржи заедничка дружба во Цреша Бар (ул.Иван Милутиновиќ бр 8, Скопје), со цел собирање донации за помош и заштита на бездомните кучиња од прифатилиштето на Лајка. Потребни се ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, креветчиња,прашаци за перење и универзални средства за чистење.

Нема послатки: Златка од „Лајка“ ги порасна фрлените кутриња од Расадник, сега се подготвени за вдомување 🤗

Скопје, 20 септември 2021 (МИА) – Улична кучка, која по пријава беше заловена од тимот на ЈП „Лајка”, откако ги загуби нејзините тукушто родени кутриња, згрижи мали непрогледани кутриња кои биле фрлени на нива во скопската населба Кисела Вода, Расадник. Од „Лајка” информираат дека осумте малите кутриња, кон крајот на јули годинава биле фрлени на нива од страна на несовесен граѓанин, на температури од 40 степени Целзиусови, а тие веќе го земале последниот здив. Три од нив не успеале да преживеат.

Првично, кутрињата беа згрижени од страна на здружението Асоцијација на активисти за права на животни-ААПЖ. За среќа, токму во истиот период тимот на „Лајка” залови кучка во лактација која ги загубила нејзините кутриња, а беше пријавена од страна на граѓани.

– Ние се понудивме да ги земеме малите кутриња, за да видиме дали кучката ќе ги прифати. Се случи токму она на што се надевавме. Па така, веќе месец и половина, уличната кучка Златка се грижи за малечките кучиња, ги храни и ги чува како да се нејзини, нешто што докажува дека мајчинскиот инстинкт и потребата да се спаси нечиј живот работи кај животните, еднакво како и кај луѓето. Сиот овој период тимот на „Лајка” живее со ова прекрасно семејство кое ни ја направи нашата работа уште поубава. Уличното куче Златка успеа да ги одгледа малите Вилма, Мила, Оги, Цеца и Белка, кои се веќе подготвени да бидат вдомени, со оглед на тоа што се хранат самостојно, прочистени се од паразити и ја имаат примено првата вакцина. Овие наши пет хероини, заедно со најголемиот херој, нивната сурогат мајка, се во потрага по дом, а сите заинтересирани можат да поднесат апликација за вдомување на следната адреса vdomi@lajka.com.mk, посочуваат од ЈП „Лајка”.

Од „Лајка” се надеваат дека во иднина веќе нема да се соочуваат со настани од ваков тип и повикуваат на одговорно сопствеништво, односно стерилизација/кастрација на милениците, доколку сопствениците не можат да се грижат за нивниот пород. – Да се фрлаат непрогледани мали кутриња по улиците е крајно нехуман и неодговорен чин, кој оди на штета на целото општество. За среќа, а за разлика од многу други, петте наши госпоѓици преживеаја една голгота и сега се во потрага по нов дом, каде што ќе им се пружи љубов и внимание, велат од ЈП „Лајка”.