Tag Archives: лабораторија

САД ОДОБРИЈА ПИЛЕШКО МЕСО РАСТЕНО ВО ЛАБОРАТОРИЈА ДА СЕ ПРОДАВА

Американска регулаторна агенција првпат одобри две компании да продаваат пилешко одгледани директно од животински клетки. Со тоа се отвора патот за месо одгледано во лабораторија и негова продажба на потрошувачи, јавија медиумите во САД.

Министерството за земјоделство на САД ги прегледа и одобри производите на Upside Foods и Good Meat. Од компаниите најавија дека производите ќе бидат достапни наскоро во одредени ресторани.

„Ова одобрување суштински ќе го промени начинот на кој месото доаѓа на нашата трпеза. Тоа е огромен чекор напред кон поодржлива иднина – онаа што го зачувува изборот и животот.“, рече Ума Валети, извршен директор и основач на Upside Foods.

СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ – Шефот на ФБИ вели дека коронавирусот веројатно потекнува од лабораторија во Вухан

Во интервјуто за Фокс њуз, шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија. Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, по што прерасна во глобална пандемија, јави Би-би-си.

„ФБИ веќе подолго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“,

изјави Вреј.

Во интервјуто за Фокс њуз шефот на ФБИ рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија.

Коментарите на Вреј доаѓаат еден ден откако американскиот амбасадор во Кина ја повика земјата да биде поискрена околу потеклото на коронавирусот.

Претходно и американското Министерство за енергетика изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од кинеска лабораторија. Други американски владини агенции донесоа различни заклучоци со различен степен на доверба за наодите на ФБИ. Некои од нив со ниско ниво на сигурност рекоа дека вирусот не започнал во лабораторија, туку бил пренесен од животни на луѓе.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада не постигнала конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

„Кина остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот. Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“,

рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тензиите во билатералните врски меѓу САД и Кина се зголемија по неодамнешната сага за кинескиот балон кој се појави над САД.

Покрај ова, Соединетите Американски Држави директно ја предупредија Кина дека ќе ги таргетираат и ќе воведат санкции за нејзините фирми или луѓе вклучени во какви било напори за испраќање воена помош за Русија, односно за руските војници кои се вклучени во инвазијата на Украина.

Вештачка крв првпат е пренесена во човек (Видео)

Крв направена во лабораторија првпат е пренесена во човек, а тоа – како дел од новото клиничко тестирање вештачка крв во светот.

Тоа било мало количество крв, за да се дознае како телото ќе реагира на неа. Научниците веруваат дека трансфузијата ќе продолжи да се заснова на дарувањето крв, но тука нивната цел е да се направат ретки крвни групи. Тоа им е најпотребно на оние луѓе кои зависат од чести трансфузии за ретки болести, како што е тн. српеста анемија, каде што ако крвта не е целосно соодветна, тогаш телото не ја прифаќа и третманот не е успешен.

Професорката на британскиот Универзитет на Бристол, Ешли Тој истакна дека во Велика Британија, вообичаено има само 10 луѓе кои можат да даруваат крв на оние кои имаат исклучително ретка крвна група.

Научници од универзитетите во Бристол, Лондон и Кембриџ и Националниот здравствен систем на Велика Британија се занимавале со лабораториско производство на крв. Процесот на производство трае три недели, т.е. додека крвните зрнца не се во состојба погодна за трансплантација.

Во клиничкото тестирање учествуваат две лица, а целта е да се тестира крв меѓу најмалку 10 здрави луѓе. За минимум четири месеци испитаниците ќе примат две дози крв од пет до 10 милилитри. Првата доза ќе содржи природна крв, а втората ќе содржи крв создадена во лабораторија. Научниците очекуваат дека лабораториската ќе биде дури и подобра од природната крв.

Сепак, постојат и одредени финансиски и технолошки предизвици во лабораториското производство на крв. Многу веројатно, ќе бидат потребни уште многу истражувања за да се стигне до потребните количини.

Повеќе информации за вештачката крв и целта за нејзина примена на следново видео:

(Видео) Вест која пpeдизвика потрес: Светските лидери знаеле за можноста виpycот да е излезен од лабоpаторија

Извештајот на американското разузнавање кој се појави во медиумите во врска со потеклото на коронавирусот „крена прашина“ во светската јавност.

Во документот се наведува дека коронавирусот „избегал“ од Институтот за вирусологија во кинескиот град Вухан.

Кина остро ги негираше обвинувањата, а Скот Готлиб, поранешниот шеф на Администрацијата за храна и лекови, неодамна додаде дополнително гориво на огнот. Тој во изјава за медиумите рече дека еден од водечките американски епидемиолози, д-р Ентони Фаучи, не ја отфрлил хипотезата дека коронавирусот „избегал“ од лабораторијата.

Готлиб истакнува дека Фаучи ги запозна светските лидери со хипотезата за бегството на оваа инфекција од лабораторијата во Вухан минатата година, бидејќи тој беше на состанокот на Светското здравствено собрание. Потоа тој призна дека вирусот изгледал „невообичаен“, откри Готлиб, како што пренесе „Спутник“.