Tag Archives: ламбеалабаковски

Ламбе ја запеа “Заветна” на Големото Езеро на Пелистер (ВИДЕО)

Пејачот Ламбе Алабаковски на Големо Езеро на Пелистер ја запеа прекрасната македонска песна „Заветна“.

Ја препеаја многу македонски пејачи, а како звучи кога пее Ламбе, слушнете во продолжение:

https://youtu.be/lkg1zlU2Ls0

Официјално промовирана „Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски

Со песната „Оган да го гори“ во нова изведба на Ламбе Алабаковски официјално стартува голмиот музичко-патриотски проект „Македонијо, во срце те носиме“. 

Инаку оваа песна е оригинално изведена од Гоце Николовски.

Музиката за песната на Ламбе е на Војо Стојаноски, текстот на Гоце Николовски, а аранжманот на Никола Мицевски.

Звуците на зурла, кавал и гајда се во изведба на Гоце Димовски, а на тапан на Трајче Ристов.

Иницијаторка и идеен творец на овој проект кој привлече големо внимание во јавноста е нашата позната пејачка Бојана Скендеровски.

Станува збор за обработка на 12 патриотски песни во ново руво, кои ќе бидат испеани од популарни музичари, а најавен е и музички караван низ земјава, со цел да заживеат патриотските песни помеѓу помладите генерации.

Дел од ,„Македонијо, во срце те носиме” ќе бидат и Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Александар Тарабунов, Мина Блажев и други.

Ламбе не се кае, напротив бил среќен што го запалил “Ванчо Михајлов”: Тоа беше кулминација на сите патриотски чувства

Пејачот Ламбе Алабаковски во гостување во „Бомбакис поткастот“ изјави дека бил среќен и радосен затоа што го запалил бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

„Тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави пејачот Алабаковски.

Алабаковски осуден на условна казна од шест месеци за палењето на „Ванчо Михалјов“

Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, пренесува Нова Македонија.

Алабаковски по подметнувањето на пожарот беше притворен, но по неколку дена беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.

Се јави Ламбе !

Пејачот Ламбе Алабаковски на социјалните мрежи се заблагодари за поддршкаѕта која му ја дадоа граѓаните. 

Против него се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Алабаковски се заблагодари за поддршката која ја доби и од народот и од многу јавни личности, а и преку протестот во Битола.

„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, пишува тој.

Алабаковски во полиција признал дека ја запалил вратата на клубот од патриотски причини. Тој помина 8 дена во притвор, а сега е на слобода, но одземен му е пасошот. 

Јанчев ја откажа Карлеуша сега го бара Ламбе Алабаковски да настапи на „Тиквешки гроздобер“

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци најави дека е можно пејачот Ламбе Алабаковски да настапи на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ заедно со останатите узведувачи кои допрва треба да бидат поканети, откако го откажа настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша поради реакциите од јавноста.

Ваквоито размислување на кавадаречкиот градоначалник следува откако бил откажан настапот на Јелена Карлеуша по негативните реакции на граѓаните.

– Деновиве сме во размислување кој пејач да дојде на нејзиниот место, бидејќи, сепак, концертот беше планиран за главната вечер. Можно е да е некој од балканот, а множно е и да настапи некој од Македонија. Можно е да биде Ламбе, Каролина и Калипои, размислуваме за нив. Но, засега ништо не се знае. Деновиве има време да се одлучи, па најверојатно во понеделник би се знаело, рече Јанчев за ММС.

Алабаковски повеќе не е во домашен притвор и одземен му е само пасошот откако го запали влезот на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола.

Ламбе е на СЛОБОДА, одземен му е пасошот

Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе Алабаковски, кој на четврти јуни го потпали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола при што изгоре влезната врата.

Не му е продолжен притворот за кривичното дело предизвикување на општа опасност за кое се товари. Но, како што рече неговиот адвокат Дарко Стефановски за „СДК“, како мерка на претпазливост одземен му е пасошот.

Ламбе е осомничен за подметнување на пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а според полицијата, тој го признал делото.

Настанот се случи на 4 јуни, кога Алабаковски со бензин го запали влезот на културниот центар, по што му беше одреден осумдневен притвор, кој потоа беше заменет со куќен притвор.

Ламбе Алабаковски е префрлен во домашен притвор

Судскиот совет на Основниот суд – Битола реши поп-пејачот Ламбе Алабаковски, во оваа фаза од истрагата, да биде пуштен од притворот во притворското Одделение на КПУ Затвор – Битола и да биде префрлен во куќен притвор.

Спроведувањето до домот на Алабаковски го изврши битолската полиција, со што е уважено барањето на неговиот адвокат Дарко Стефановски, осомничениот за палање на вратата од Културниот центар „Иван Михајлов” во Битола, да биде префрлен во домашен притвор.

Домот на Ламбе Алабаковски во Битола го надгледуваат полициски службеници на битолскиот СВР.

Протест за Ламбе во Битола (Видео)

Во Битола од масовниот протест за поддршка на Ламбе Алабаковски кој доби осумдневен притвор како мерка поради можност за заминување од државата.

Битолчани, Македонци, само мало внимание, благодарност до сите што дојдоа на овој протест, културно како што ни доликува. Изразуваме поддршка за нашиот сограѓанин Ламбе, овде сме да испратиме порака дека секоја друга пресуда освен ослободителна ќе биде антидржавнички чин и директно задирање во АСНОМ и државноста на Македонија, вели еден од организаторите на протестот.

Организатор е Левица но ова е протест на сите граѓани, сметаме дека одлуката да се отвори ваков клуб во Битола е одлука за замерка не ваквиот чин на Ламбе. Веројатно истите кои се сега против Ламбе би биле во Втората светска војна против партизаните, додава организаторот.

Следете го видеото на следниот линк:

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/3204379273158852