Tag Archives: лажни

Нови лажни дојави за бомби – за прв пат испратени и во две основни училишта

По две недели пауза, повторно дојави за бомби во 9 средни училишта. Но за прв пат закана за поставен експлозив добија и две основни  училишта. 

Станува збор за Кочо Рацин и Петар Поп Арсов. Школите по електронска пошта после 15 часот добиле заканувачки пораки, во кои се наведува дека е поставен екслозив. Веднаш е известена полицијата, децата се безбедно евакуирани. 

По направените проверки, МВР соопшти дека и овој пак, како и претходните се работи за лажни дојави за бомби. 

Во меѓувреме од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за внатрешни Спасовски, затоа што и по повеќе од месец дена не може да открие кој стои позади лажните дојави за бомби.

Инаку претходно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан дали има симболика што закани доаѓаат во среда, четврток или петок, изјави дека не само што се случуваат во последните 3 дена од неделата, туку и во време кога наставата ја следи иста смена со ист наставен кадар. 

Оглас за ЛАЖНИ сертификати за вакцина излегол на КУПИ ПРОДАЈ ! (Фото)

Од денеска почнуваат да важат новите мерки во државата за невакцинираните граѓани.

Невакцинираните граѓани нема да смеат да влегуваат во ресторани, кафулиња, нема да смеат да посетуваат спортски и културни настани… како на затворено така и на отворено.

Вакви мерки веќе извесен период се воведоа во неколку европски држави, каде предизвикаа бурни реакции и масовни протести.

Мислењата се поделени, а веќе на интернет просторот излегоа понуди за изработка на Ковид ЛАЖЕН сертификат за примена вакцина.

Фотографијата ни е испратена од загрижен граѓанин, кој го видел огласот, кој е веќе отстранет од огласникот.

Падна пресуда во случајот со лажните пасоши – „Двојник“

Денеска во Кривичниот суд стартуваше судењето за случајот „Двојник“, односно за нелегалното издавање на пасоши на странски државјани. По признанието на вина на петмина од обвинетите, по кратка пауза, беше донесена и пресуда.

Посредникот, Раиф Мифтари, кој беше во бегство, но се предал минатата недела, доби казна од 2 години и три месеци.

Останатите четворица обвинети, кои се вработени во МВР, исто така добија казни над две години, а еден условна. Поточно, Денис Баруфи е осуден на две години и седум месеци, Ален Личина на две години и три месеци, Ѓорѓе Велков на две години и Фарук Биља доби шестмесечна условна казна.

Обвинетите се гонат за кривичното дело 353 став 1, за кое е запретена највисока казна од три години.

Обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари, рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар, по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава. Додека пак судот ја раздвои постапката против обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна, а која преку својот бранител преднајави признание на вина.