Tag Archives: лекување

КИКО ПОЧИНА…

Иако беа собрани парите за лекување во Турција малиот Кико од Долни Балван почина. Не издржа да замине за странство да се лекува од ретката болест од која боледуваше.

Неговата здраствена состојба нагло се влоши пред два дена кога во приватна болница му откажа дишењето и беше ставен на апарати.

Иако после неколку часа се почувствува подобро сепак неговото срце не издржа.

Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот.

ЛЕКАРИТЕ САМО МЕ ПРАЌАА ИСПИТАЈ ОВА ИСПИТАЈ ОНА, на крај сама се излекував

Народен лек пишува дека луѓето се вртат кон природната медицина кога конвенционалната не може да им помогне или кога се принудени да примаат токсични медикаменти со кои не им се гарантира позитивен резултат.

Една читателка од Цазин се пофалила дека самата си помогнала со алтернативна медицина, нагласувајќи дека конвенционалната медицина не и помогнала во решавањето на овие проблеми. Таа вели дека интензивно започнала со проучување на природната медицина и истита да ја применува. Па така открила бројни народни лекови кои навистина делуваат и се многу ефикасни:

Реумата во рацете лично самата си ја излекував после долгогодишното, неуспешно лекување од моите лекари, трпнењето на раце и силните болки кои претежно ме совладуваа навечер. Еве го рецептот:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2 кг природен ливадски мед
  • 1 литар дождовница или дестилирана вода
  • 250 г сува детелина луцерка

ПОСТАПКА:

Детелината гответе ја еден час на тивок оган, поклопено. Потоа процедете и кога чајот ќе излади додадете го медот. Промешајте убаво за да се соединат.

УПОТРЕБА:

2 супени лажици после јадење, трипати дневно.

После овој третман 10 години не ми трпнат рацете, престанаа ноќните неиздржливи болки и будењето, не ми паѓаат работите од раце…“ – вели оваа читателка.

Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!

(ВИДЕО) Јавноста згрозена по истражувањето на ИРЛ за македонска приватна болница и лекувањето во неа

Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев, кое од вчера ја загрози јавноста и предизвика големи реакции.

Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.

Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата. Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контраверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ.

Клиничките испитувања кои ги самата болница ги правела откриваат многу работи – велат од ИРЛ.

Бројни се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи по објавување на истражувачката сторија.


Видеото може да го погледнете тука:

За девојка од Скопје која беше застрелана во Чикаго, се собираат донации за трошоците за лекување

Ана Бранковиќ (31) од Скопје која пред неколку години замина да работи во Соединетите Американски Држави е повредена откако била застрелана на работно место во Чикаго.

На социјалните мрежи се појави апел за донации во кој, како што пишува, девојката била жртва на вооружен напад на работно место од страна на вработен и повредена е на три места. 

„Погодена е на три места, во рамо, колк и во нога. До сега успешно ѝ се направени две операции и следува подолг период на рехабилитации и оздравување. Ни треба вашата помош за да можеме ги подмириме болничките трошоци. Ви благодариме”, стои во повикот за донации.

Според порталот Serbian Times убиство се случило вчера, кога смртно е застрелан Србинот Никола Мишовиќ (30). Напаѓачот Џереми Спајсер (31) од Арканзас се самоубил, а една девојка е повредена и згрижена во болница.

Пукањето се случило во просториите на компанијата, а за убиството е обвинет колега на убиениот кој работел во истата компанија. По кратката полициска потера, убиецот се самоубил. 

Американските медиуми објавија дека девојката е пренесена на лекување во болница и дека не е критично повредена.

Нејзиниот идентитет не беше споменат, туку само дека нејзината изјава би можело да ги разјасни случувањата. 

Професор Трајковски: Со антибиотици НЕ се лекува коронавирус

Според Светската Здравствена Организација, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него, истакна професорот Дејан Трајковски во својата најнова ковид анализа.

-Според СЗО, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него. Но, додаваат дека хоспитализираните можат да примат антибиотик поради можна бактериска коинфекција.Значи, со антибиотиците евентуално може да се лекува некаква споредна инфекција (на пример добиена на болница), но дефинитивно НЕ може да се излекува од ковид-19. Дали антибиотиците можат да направат штета кај болните од ковид-19, не пишува. Не дај Боже тоа да било случај во македонските болници и да имало врска со високиот леталитет, пишува профeсорот Трајковски.