Tag Archives: ленин

Славата и парите не биле доволни за да го задржат во светот – Отец Василиј ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНЕЦ НА СВЕТА ГОРА (Фото)

Славата и парите не биле доволни за да го задржат во светот. Георгиос Теохарис од Лерин, по потекло Македонец, се искачил на највисоките скалила во шампионатот за бopeње, освоил 11 медали, но, кариерата, семејството, пријателите и домот, ги ocтавил зад себе и пред околу две децении пoбeгнaл на Света Гора, во Катунакија, каменлива област на југот од Атонскиот полуостров.

Таму Героргиос, го добил монашкото име отец Василиј и го започнал acкетскиот живот. Македонците од Егејска Македонија тврдат дека тој е единствениот монах Македонец, кој молитвите ги кажува на македонски јазик.

– Тој е од Лерин. Пред многу години замина на Света Гора и во пештерата чита молитви на македонски јазик. Тој е единствениот од цела Цариградска патријаршија, значи од Ерусалим па наваму, кој се моли на нашиот јазик, вели Василис Каритидис од Леринско на Фејсбук.

-Тој монах е пресвет човек, живее само на леб и печурки, прави супа или некоја чорбичка. Еден леб јаде 38 дена, тој е на строг пост и молитва. Има 75 години а од него зрачи светлина и милост. Тој не е во заедништво со ниту една патријаршија, затоа што се моли и изговара молитви на македонски јазик. Не разговара со луѓе и не прима посети. Јас сум доктop и одам насекаде низ Света Гора. Работам, помагам, давам лекови и неколку пати и на братот во Христа монахот Христодомис, со световно име Георгиос од Лерин сум се видел, раскажува Василис.

И покрај тоа што Василис напиша дека монахот се вика Христодомис, грчките медиуми пишуваат дека неговото монашко име е отец Василиј.

Приватните превозници утре пак ќе го блокираат Скопје, еве кои улици да ги избегнувате

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од шест часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден” на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание, најави директорот на „Слобода превоз”, Ленин Јовановски.

Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.

Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исод или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела“, рече Јовановски.

Доколку и во меѓувреме нема резултати ќе бидат блокирани крстосниците кај ТЦ Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска

Ленин: Арсовска е маќеа на цело Скопје

„Арсовска е маќеа на цело Скопје“, вели во интервју за „Макфакс“, Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и од директорот на ЈСП зависи дали приватните превозници в петок ќе го блокираат цело Скопје поради неисплатениот долг, вели Јовановски, објаснувајќи ја ситуацијата со блокадата и хаосот во главниот град.

„Ако таа не чувствува одговорност за ова што ќе му се случи на Скопје и дека работите може да ескалираат во уште порадикален правец, а нејзе да ѝ е сеедно, тогаш јас не можам да направам ништо. Ако градоначалничката сака да се однесува уличарски, како нешто да прави во сопствениот двор, а не во градот Скопје, тогаш нека си ја преземе одговорноста за она што ќе се случува понатаму“, потенцира Јовановски.

Објасни дека приватните превозници направиле сè за да не дојде до ситуацијата во која се наоѓа градот со јавниот превоз и дека претходно добивале одредени ветувања од надлежните дека ситуацијата ќе се подобри.

Бевме соочени со ветувања дека состојбата ќе се надмине и дека треба да почекаме некаков ребаланс на буџетот, вели Јовановски, но тоа што било договорено не се почитувало и придонело за зголемување на нервозата, но и за долгот кај приватните превозници.

„Долгот не бил ни приближно толку голем како што е сега. Каде оди дрскоста и лажењето на Арсовска“, прашува Јовановски.

Дали Јовановски и приватните превозници се заложници на политиката и се користат во битката против Арсовска, дали постои можност од манипулации со продажбата на билетите во приватните автобуси, каква е состојбата со возниот парк кај приватните превозници и кога тој ќе се обнови и слично, во интервјуто за „Макфакс“ со Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.