Tag Archives: Левица

Левица бара укинување на друштвата за брзи кредити кои профитираат од сиромаштијата на народот

Укинување на друштвата за брзи кредити кои профитираат од сиромаштијата на народот, бараат од политичката партија Левица.

-Во услови на растечка сиромаштија и енормна стапка на инфлација, Владата предводена од социјал-демократи не нуди никакви суштински мерки за заштита на социјално загрозените граѓани, за што говорат мегаломанските профити на современите лихвобанкари.

Дека од кризата се погодени само најсиромашните граѓани, потврдува заработката на банкарскиот сектор, кој од година во година се зголемува, благодарение на отсуството на волја кај Владата да воведе сериозни ОГРАНИЧУВАЊА на банкарските давачки.

Покрај банките, својата шанса да ПРОФИТИРААТ од кризата ја увидоа и друштвата за издавање на брзи кредити, на кои главните приходи им се базираат на камати и административни трошоци за позајмени пари. Вкупниот приход на сите небанкарски финансиски друштва што се занимаваат со кредити (31 на број) во 2021 година изнесувал 45,8 милиони евра, а нивната вкупна нето- добивка изнесувала 10,5 милиони евра!

Министерството за финансии минатата година до Владата поднесе предлози за промена на Законот за финансиски друштва, со кои „се зголемува заштитата на граѓаните’’ при користење на ваков тип на услуга. Но, лицемерието и наводната грижа за граѓаните се гледа во тоа што Министерството за финансии единствено бара да се зголеми главнината за отворање на ваков тип друштво – додека НЕ ПРЕДЛОЖУВА КОНКРЕТНИ МЕРКИ за заштита на граѓаните, ниту пак за намалување на каматите и административните трошоци, кои се главните извори на заработка на овие друштва.

Левица, како единствена парламентарна партија која е ослободена од стегите на олигархијата, се залага за целосно укинување на ваков тип финансиски друштва (кои нудат услуги на брзи кредити поради лихварски камати и предизвикување должничко ропство на клиентите), како и воведување ДРЖАВНА комерцијална Банка за бескаматно кредитирање на населението. – велат од Левица.

КОМАНДИРОТ кој пушти УБИЕЦ беше дел од ИНЦИДЕНТИТЕ на ИЛИНДЕН кои МАРЈАН СПАСОВСКИ ОДБИ ДА ГИ ИСТРАЖИ

За веќе суспендираниот командир Срѓан Димитриевски, кој учествуваше во бегството на осудениот затвореник за убиство Беким Мемети, Левица алармираше дека беше дел од параполицијата која учествуваше на инцидентите за илинденската прослава.

На објавената слика од Енис Мурат, вработен во затворот „Шутка”, заедно со директорот Филип Андонов – Сокол, е суспендираниот командир, Срѓан Димитриевски. Иако според Законот за извршување на санкциите, затворската полиција не смее да се ангажира да извршува работни задачи надвор од казнено-поправните установи, овие лица за време на инцидентите на прославата, неовластено даваа насоки до полицијата.

Левица тогаш јавно побара од директорот на Управата за извршување на санкциите, Марјан Спасовски да преземе мерки за санкционирање на директорите на казнено-поправните установи и на затворската полиција која вршеше неовластени дејствија. После скандалозното јавно признание од страна на Марјан Спасовски дека знаел за командирот Срѓан Димитриевски дека бил претходно избркан поради примање мито, повеќе од јасно е дека Спасовски ги штити своите партиски извршители, кои се сликани со високи партиски функцкионери на СДС.

Суспендираниот Срѓан Димитриевски бил на смена и кога бил претепан млад затвореник од ромска припадност, за што постои сомнеж дека и самиот Димитриевски бил инволвиран. И за овој скандал, Марјан Спасовски немаше никаков одговор за јавноста.

Се поставува прашањето, дали доколку директорот Спасовски го санкционираше Димитриевски после илинденската прослава, сега немаше осуден затвореник за убиство да биде на слобода?

Дали, и покрај низата скандали во затворите, Марјан Спасовски не е разрешен затоа што е во роднински врски со министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски?

Бараме министерот за правда Никола Тупанчевски, кој ги премолчи инцидентите за Илинден, да се одважи конечно пред јавноста и да побара итно разрешување на директорот на Управата за извршување санкции – Марјан Спасовски.
Тоталитарното владеење на СДС и ДУИ директно ја загрозува безбедноста на граѓаните, каде нивните партиски насилници можат неказнето да малтретираат граѓани, полицајци кои земале мито да бидат назначувани за командири и да сценираат бегства на затвореници осудени за тешки кривични дела.

#ДржаватаЗаНародот

Линк од објавата од Левица:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0bgja6Rc78YcFjLu2dTJrri4AT3qyR3wSMbNaie2kpxrHAGUqWC6Q3pRoeqjQAMcFl&id=100044192211463&mibextid=Nif5oz

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА Апасиев и Крмов го посетија вечниот дом на Јосип Броз Тито

„По повод Денот на Републиката, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го посетија вечното почивалиште на најголемиот државник на овие простори – Јосип Броз Тито, под чие водство против фашистичките сили и домашните предавници, македонските партизани победија во војната и Револуцијата. Македонците и антифашистичката идеја победија“, соопшти Левица.

„Македонците и антифашистичката идеја победија! Победија заедно со сите братски југословенски народи, за на 29-ти ноември 1943 година на Второто заседание на АВНОЈ, партизаните ја прогласат прогресивната југословенска работничка држава, во која македонскиот народ за прв пат, национално ослободен и класно рамноправен со останатите југословенски братски народи, ќе го забележи своето историско место и цивилизациско право за градење на сопствена држава, без отчет кон туѓи интереси.

Татковината на нашите предци и на нашето потомство – Македонија, во која македонскиот народ ја создава својата судбина, повторно е втурната во виорот на мрачните сили, кои водат кон расчеречување и враќање во одамна надминатото време и пред извојуваната слобода.

Под раководство на СДС, деновиве се одвива најцрната кампања против Левица. Истото СДС, чие раководство со потпишувањето на Преспанскиот договор и капитулацијата пред неофашистичките барања на Бугарија го исплука гробот на Јосип Броз Тито и ги згази идеалите на македонските партизани, на НОБ и АСНОМ.

Домашните предавници од врховистичката СДС и балистичката ДУИ, кои имаат една цел – да робуваме и никогаш слободни да не бидеме, оние кои распродадоа сè што имавме, немилосрдно ја напаѓаат Левица бидејќи, поучени од историјата, знаат дека народната идеја за слобода е онаа која неизбежно секогаш победува.

Во духот на македонскиот великан и социјалист, Коста Солев Рацин – Сепак ние ќе победиме.

Да живее Македонија и македонскиот народ – да живее АСНОМ!“, се вели во соопштението на Левица.

Левица ја оспори двојазичноста на полициските униформи пред Уставниот суд, Владата свесно го деградира македонскиот јазик

Левица денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со која Владата на Република Македонија практично воведува двојазичност на униформите на полицијата.

Ова беше истакнато на прес-конференцијата што ја одржа Реџеп Исмаил- Хактан, член на Президиумот на Левица. Во продолжение целат аобјава од Левица:

Сметаме дека ваквата уредба како општ подзаконски акт на Владата е во спротивност со Уставот, со други подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиција.

Постојат многу формално-правни и материјално-правни причини овој акт на Владата да биде целосно укинат и тоа е образложено во нашата иницијатива која ја поднесовме до Уставниот суд.

Би сакал да нагласам дека ова е уште едно деградирање на македонскиот јазик и удар врз македонскиот идентитет. Практично, Владата на Република Македонија, не само што го миноризира македонскиот јазик и го деградира македонскиот идентитет под притисок на меѓународните односи, односно прифаќање на великобугарските шовинистички барања, туку самоиницијативно без да биде притисната од никого од надвор, со умисла прави омаловажување на македонскиот јазик и го става во подредена позиција, а тоа директно го нарушува македонскиот идентитет.

Практично, сите лажни ветувања на Владата за „европеизација“, тука паѓаат во вода.

Како Раде од Ѓорче ги измами медиумите (Фото)

Левица објави фотографии од отворањето на новата канцеларија во Ѓорче Петров, според кои внимание привлече човек налик познатиот холивудски актер Раде Шербеџија.

Нормално, Шербеџија не присуствуваше на овој настан, туку на фотките е извесен Славко, локален активист на Левица.

ЛЕВИЦА МАВАШЕ СО ЈАЈЦА ПО ФАШИСТИТЕ ВО ОХРИД

 На протестот во Охрид против отварањето на фашистичкото здружение кое го носи името на контроверзниот „Цар Борис III” во еден момент присутните започнаа да фрлаат со јајца кон новоформираното здружение.

По тој повод, на фејсбук се огласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Левичарите мавале со јајца по фашистите во Охрид? Е ако де. Секој мава со тоа што го има.” – стои на фејсбук профилот на Апасиев.

„Не“ за бугарскиот Хитлер: Левица и ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на улица!

Протест против отворање на фашистичкиот клуб „Цар Борис Трети“.

датум: 7-ми октомври (петок);
време: 11:30 часот;
место: ул. „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид.

Да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува протестот што утре е планиран во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб именуван „Цар Борис Трети“. Повика масовно да се излезе на протест, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти за, како што рече, „да не им се даде алиби на тие коишто се причината денес Македонија да биде во оваа ситуација“.

-Протестот е демократско право и треба да се протестира, но повикувам тој да биде мирен за да не дозволиме повторно да печалат на ваквите настани оние кои ја втурнаа Македонија во оваа ситуација, тоа е коалицијата СДСМ и ДУИ. Повикувам масовно граѓаните да излезат и да го поддржат протестот, но истовремено апелирам тој протест да биде мирен и демократски и да не дозволиме каков било инцидент да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми, а тоа се инфлацијата, криминалот, корупцијата, енергетската, финансиската криза и уште многу други проблеми со кои Македонија денес се соочува, изјави Мицкоски по поставување камен-темелник за изградба на градинка во општина Бутел. 

(Видео) Левица ја поднесе референдумската иницијатива до ДИК

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска на прес-конференција пред Државната изборна комисија соопшти дека е поднесена рефернедумската иницијатива на Левица до ДИК.

– Очекуваме да немаме проблеми како со претходната иницијатива на ДПМНЕ, бидејќи иницијативата е правко коректно напишана согласно чл. 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјанување на граѓаните.

Очекуваме до крајот на неделата да бидат собрани оние законски минимум општини, ги повикуваме граѓаните, во 30 општини ќе се собираат потписи.

Бидејќи Законот не дозволува правно лице да ја поднесе иницијативата, јас како физичко лице првопотпишан сум официјален предлагач на иницијативата.

Очекуваме следната недела да ја почнеме собраниската процедура без Џафери да изигрува уставен судија, 150.000 потписи очекуваме да се соберат до крајот на оваа календарска година.

Апасиев во одговор на новинарско прашање истакна дека не очекува Џафери да ја одбие иницијативата бидејќи доколку се случи тоа ќе следува целосна блокада на Собранието.

  • Тој не е надлежен да се впушта во толкување на референдумското прашање но и доколку се случи тоа прашањето е интелигентно срочено по примерот на референдумот за Преспанскиот договор, вели Апасиев.

Тој додаде дека досега нема разговарано за поддршка од останатите политички партии но доколку има потреба ќе се разговара со сите, а бојкотот на референдумот ќе биде анти ЕУ бидејќи непосредното изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ.

ЛИНК од видеото/

Левица му поднесе кривична на Талат Џафери за референдумот

Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум за Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија. – велат од ЛевицаПријавениот се терети дека, намерно и со умисла, преку противуставното, противзаконското и противделовничкото одбивање на уредната граѓанска иницијатива – поднесена од страна на група од 646 граѓани, на пропишаниот образец од страна на Државната изборна комисија – сторил тешко кривично дело против изборниот систем – „Спречување на избори и гласање“, казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена минимална затворска казна од најмалку три години. Во пријавата се нотира дека, со ова свое инкриминирано деликтно дејствие, преку злоупотреба на своите службени овластувања, пријавениот арбитрарно го ускратил врховното колективно уставно право на граѓаните, како носители на народниот суверенитет, на т.н. директна демократија, свесно спречувајќи нивно непосредно изјаснување по пат на референдум. Со тоа, тој од старт ја осуетил и ја спречил законската можност за собирање потписи за распишување државен референдум, гарантирана во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, манипулирајќи ја и непочитувајќи ја изречно предвидената подзаконска деловничка процедура за постапување во случај на поднесена иницијатива од група-граѓани, како овластени предлагачи. Имено: (1) Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку исклучиво може само да ја цени нејзината уредност, како поднесок, од формално-правен аспект; (2) Toj не можел сам, без претходно прибавено мислење од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата; (3) Џафери бил должен прашањето да го префрли на парламентарниот пленум на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре, бидејќи единствено Собранието, во полн состав, на пленарна седница, е надлежно ad meritum да одлучи за уредноста или неуредноста на поднесената граѓанска иницијатива – преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“)!? – информираат од Левица

Левица поднесе иницијатива до Уставен суд за поништување на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов

ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ОСНОВАЧКИТЕ АКТИ НА ФАШИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР „ВАНЧО МИХАЈЛОВ”

Левица ги користи сите правни механизми за забрана на понатамошната работа на неофашистичките клубови, кои непречено од пробугарските СДС и ДУИ продолжуваат да шират иредентистичка пропаганда и да промовираат фашистичка идеологија, спротивно на Уставот, темелните уставни вредности и законот!

До Уставниот суд на Република Македонија, како орган надлежен за оценување на уставноста на статутите и програмите на здруженијата на граѓани, Левица поднесе Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 110 и член 112 од Уставот.

Во Статутот и Програмата на Здружението се наведува дека мисијата и целта на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов.

Со ваквите програмски цели и мисија, дејствувањето на Здружението е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална омраза и нетрпеливост, но и кон негирање на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ.

Ова од причина што ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Михајлов, македонската нација и јазик не постојат.

Имајќи предвид дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ, секоја форма на здружување и изразување насочени кон негирање на посебноста на македонската нација се директна иредентистичка закана за суверенитет и територијалниот интегритет на Републиката, па оттука неопходна општествена потреба и уставна обврска е истите да се забранат!

Очекуваме Уставниот суд да ја прифати иницијативата и да поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на оспорените акти, во која ќе донесе мериторна одлука со која ќе ги ПОНИШТИ основачките акти на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, како спротивни на Уставот.

#ЛевицаВоПарламент