Tag Archives: личнакарта

Владата планира воведување на електронска лична карта – ќе ја намалела корупцијата

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење и претседател на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, Славица Грковска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат нагласи дека воведувањето на електронската лична карта потполно ќе го смени начинот на нашето досегашно функционирање и ќе ја намали можноста за мито и корупција.

– Ова неминовно ќе доведе до намалување на корупцијата, затоа што намалувањето на физичкиот контакт при давањето на услуги на граѓаните неминовно ја намалува можноста за корупција. И за нудење и за примање на мито, неминовно води кон потранспарентно и поефикасно работење на институциите и на крајот, сето тоа води до менување на начинот на кој функционираме – вели Грковска.

Тетовка нашла лична карта и место да ја пријави си подигала кредити

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“ и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г.А.(35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г.(37) од Скопје, раководител на другата подружница и вработените во двете подружници, С.И.(34) од Тетово и М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавената, во јануари 2022 година во близина на Клиничкиот центар во Тетово пронашла изгубена лична карта, која наместо да ја пријави во полициска станица, без согласност на сопственичката ги искористила личните податоци и во три наврати подигнала брз готовински кредит во двете подружници на финансиските друштва.

Двете правни лица и останатите четворица пријавени несовесно постапиле со пропуштање должен надзор и на тој начин и овозможиле на првопријавената да подигне брзи готовински кредити со користење личен документ од туѓо лице.

Поради лудиот потпис на личната карта, млад човек од Бугарија стана вистински хит

Еден млад човек од Бугарија на личната карта наместо своето име решил да го напише името на својата омилена работа на светот, а неверојатно е како му се случило вакво нешто.

Имено, наместо да се потпише, напишал BMW.


Или не разбрал што треба да напише, или сакал да се пронајде, воопшто не е важно. Неговата лична карта е со важност до 05.03.2031 година.

И ова е можно

Владата донесе одлука: Мажи може да се пишат како жени и обратно

Освен името и презимето, трансродовите лица да можат да го променат и полот во лична карта. 

Па, за трансродово лице родено како машко да може да се впише женски пол и да има соодветен матичен број, и обратно. Ова е предвидено во предлогот за измена на Законот за матична евиденција што е утврден на владина седица и треба да биде предмет на дискусија во Законодавниот дом. Сегашните регулативи, односно неусогласените податоци, за трансродовите лица значат пречки за домување, за апликација за работно место и слично, вели Лила Милиќ, активистка за заштита на правата на трансродовите лица.

Според здруженијата, во земјава има десеттина трансродови лица кои често се соочуваат и со нехуман третман, токму поради тоа што нивното име не соодветствува на полот, вели Милиќ.

Предлог-законот кој овозможува признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица допрва треба да влезе во собраниска процедура. Процесот на подготовка на овие законски измени почна во февруари 2019 година, а по пресуда на Европскиот суд за човекови права за случај против Македонија, според која државата треба да му исплати 9.000 евра на трансродово лице поради повреда на правата на приватност и ефикасен правен лек во текот на процедурите за промена на полот во земјава.