Tag Archives: Лице

Лице облечено ВО БЕЛА МАНТИЈА веќе неколку ноќи плаши луѓе во Македонија! (ВИДЕО)

Лице облечено во бела мантија веќе неколку ноќи по ред им излегувало на кавадарчани на влезот од патеката кај 12-те деца, и ги плашело.

Откако во неколку наврати граѓаните сведочеле на сцената со човекот во мантија, кој игра, се врти, а и фрлал со камења, вчера успеале и да го снимат.

Видеото со него е објавено на социјалните мрежи посветени на градот, и граѓаните прашуваат за што станува збор, дали се во прашање некои пагански обичаи, или пак некој само сака да ги заплаши оние кои пешачат на патеката.

Сепак, и покрај вознемиреноста, никој се уште не го пријавил лицето во полиција.

Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека официјално не добиле пријава за лице кое ноќе игра и фрла со камења по минувачите, па охрабруваат доколку има таков случај, истиот да го пријават.

МАДОНА КАКО ВОСОЧНА ФИГУРА! Фановите згрозени – Има 2.700 години и е ВАМПИР…(ВИДЕО)

Многу од обожавателите на Мадона на социјалните мрежи ја изразија својата загриженост и изненадување откако ја видоа пејачката на доделувањето на Греми наградите.

Мадона излезе на сцената за да ги најави Ким Петрас и Сем Смит, кои го изведоа нивниот заеднички хит „Unholy“, за кој освоија Греми во категоријата Најдобра поп песна дуо/група.

– Овде сум да им се заблагодарам на сите бунтовници кои кројат нов пат и го поднесуваат притисокот од него. Сите вие ​​„проблематични“ треба да знаете дека вашата бестрашност не останува незабележана. Видени сте, се слушате, а најмногу од се – ценети, порача Мадона.

Она што ги привлече гледачите е лицето на Мадона, за кое многумина веруваат дека по бројните козметички зафати повеќе не личи на она на „старата“ Мадона.

– Се обидувам да го игнорирам фактот дека Мадона има сосема ново лице – напиша еден фан на Твитер објавувајќи  мим видео на кое Адел збунето гледа кошаркарски натпревар.

– Ова навистина изгледа како некаква копија додека во позадина се пуштаат фотки од вистинската Мадона. Навистина си го зезна лицето – напишала друга личност, осврнувајќи се на фотографиите на Мадона за време на нејзиниот врвен период.

– Мадона изгледа добро за своите години… ако има 2.700 години и е вампир кој јаде живи бебиња и мали животни – на некои луѓе им било полесно да користат споредба.

– Дали Мадона е номинирана за „Најдобро ново лице“ на овогодинешните Греми награди? – се пошегува друг корисник на Твитер.

Еден корисник направи споредба со Мадона и Шерон Стоун па споредете сами со ботокс или без:?

Салма Хаек со ново лице, како изгледа на 56 години (Видео)

56-годишна актерка на фотката изгледаше непрепознатливо, а нејзините многубројни обожаватели се разочарани поради оваа нејзина постапка.

Како што пишува „Дејли мејл“, следбениците на Салма оставиле различни коментари на социјалните мрежи, а меѓу нив имало забележливи и бројни критики за нејзиниот изглед. Наместо да има 56 години, актерката изгледала како да има 25, а со оваа постапка ја деградирала убавината на стареењето.

„Кој е ова?“, „Изгледаш како да имаш 25 години“, „Колку години има таа“, „Изгледаш убаво, затоа престани да користиш тунинг за лице, ова излегува од контрола“ беа само некои.

Тетовката Ева Јовановска меѓу најубавите во Евроазија, стана мис „Лице на иднината“ 👑

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Мис на Евроазија 2021 на кој македонската претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички.  Ева е од Тетово, има 17 години и членка е на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина.

Таа исто така имаше забележителен настап на талент шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка. На финалето Ева носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработи студиото Краљевски.
Изборот се одржа во  хотелот Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 40. финалистки на Мис Евроазија 2021.