Tag Archives: Лидија

Денеска се празнува Света Лидија Македонска

Денеска се празнува Света Лидија Македонска, а именден слават сите кои го носат нејзиното име.

Света Лидија е родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век. Лидија се сметала за богобојазлива, и била продавачка на пурпурни ткаенини и бои.

Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за кои што зборува свети Јован во Откровението. Единаесет години по заминувањето од Филипи, пред крајот на првото заточеништво во Рим (63-64 година) апостол Павле пишува послание до Филипјаните, со многу љубов и лични спомени:„ Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа и така,браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стоите тврдо во Господа, возљубени“.

Значење на името Лидија е прекрасна, добра и благородна. Според друго толкување означува жена од пределот Лидија, Мала Азија.

Лидија Вукичевиќ од „Жикина династија“ како од мајка родена

Атрактивната актерка од серијалот „Жикина династија“ Лидија Вукичевиќ, која има 58 години не престанува да провоцира.

Овој пат, таа на социјалната мрежа на Инстаграм објави фотографија на која што е речиси гола.

Имено, згодната актерка на која можат да и позавидат многу помлади нејзини актерки се фотографираше во купатило, а во преден план ги истакна нејзините долги нозе и сексапилно дело, за што доби и бројни комплименти.