Tag Archives: Лила

Ги расплака сите во студиото: Натпреварувачка во „Се или нешто“ посвети песна за нејзината слепа мајка

Лила Стојановска или Лила Филиповска е бренд. Лила веќе 11 години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави:

– Во овие сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.

Мојот проект на животот” “СЕ ИЛИ НЕШТО” уште една нова сезона на Сител Тв.. Вложивме многу љубов, труд и работа за да ве забавувавме и

драго ми е што успеавме во тоа затоа што рејтинзите сите овие години го докажуваат тоа. Бидете со нас и сега нема да ве разочараме“, најави Лила неодамна.

– Овој квиз ми дојде како една убава промена, затоа што е едно вистинско реално шоу, учествуваат луѓе кои не биле пред камера. Па, им годи популарноста која им ја донел квизот.

Извор: Директно.мк

Се соблече Лила среде студовите во ноември (Фото)

Нашата водителка Лила Филиповска речиси десетина дена е на одмор во Јордан.

Таа претходно се капеше во реката Јордан од каде и испрати порака до сите преку својот Инстаграм профил.

Таа на себе имаше црно едноделно бикини, а на рацете и вратот имаше накит, додека на главата имаше детаљ кој се повеќе наликува дека е во склад со тамошниот народ и нивна традиција.

Дека Лила убаво си поминува доказ беше и јавањето камили и посетите на познати светски објекти, а потоа од пустина, се пресели на море каде сега потполно ужива во топлите денови во Јордан.

ЗОШТО МОРА ЛИЛА ДА ВИ КАЖЕ ЗОШТО НОСИ ПЕРИКА – Зоки Фаци удри по следбениците на водителката

Познатата македонска водителка Лила филиповска овие денови е на мета на критиките од своите следбеници на Инстаграм поради својот изглед.

Имено тие преку коментари револтирано и невкусно ја прашуваат водителката зошто носи перики и зошто драстично си го сменила изгледот, а коментар на сето ова имаше нејзиниот добар пријател Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци кои се огласи на својот Инстаграм профил по овој повод:

Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ што се помина оваа година, низ пеколот? Зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Себични, без чувства, примитивни луѓе, и не го кажувам тоа од злоба, туку од бес – порача Василевски.

https://www.instagram.com/reel/Cjnb52vq0q4/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

Василевски додава дека Лила за пеколот низ кој поминала таа самата ќе раскаже за јавноста доколку сака и тогаш кога ќе биде подготвена.

„Дотогаш, приватноста треба да се почитува, без оглед дали се работи за јавна личност“, вели Зоки Фаци.

Лила распали по исмејувачите на Петар: Може ли само еднаш да не упропастиме нешто толку симпатично, детски и наивно!?

Дали може еднаш , барем ЕДНАШ да не упропастиме нешто толку симпатично, детски и наивно…?! -напиша Лила на Фејсбук.

Дали може ЕДНАШ фино да се насмееме на нечија реакција без притоа да имаме потреба да бараме маани, да анализираме ДНК, и даваме дијагнози до нечие трето колено ?!!!! Аман бре луѓе АМАН !!! Па ако нешто е толку очигледно е токму нормалноста на Петар…фино, културно воспитано дете. Интелигентно со убава течна мисла за разлика од многуте кои што овде деноноќно нешто пишуваат и паметуваат а се полуписмени !!!!

Искрена душа кој ете едноставно не сака грашок ( како впрочем и многу други деца) и најискрено ги сподели своите чувства и доживувња! На секој кој пишал лош коментар нека му служи на чест, на родителите ќе им кажам дека имаат едно прекрасно воспитано и умно момче а на Петар ќе му кажам само едно: “Што и да пишуваат и да зборуваат не можат да ти го земат тоа што го поседуваш а тоа е харизма, интелигенција и една светла ѕвезда која допрва ќе сјае…и секако сакам да те запознаам и да те носам на бурито во некој убав ресторан – напиша ТВ водителката Лила Стојаноска на ФЕСБУК.

(Фото и Видео) Лила во Дубаи: „Секогаш ми е лето, дури и кога е зима“

Познатата македонска водителка Лила Филиповска овие денови ужива во луксузни хотели во Дубаи. На социјалните мрежи постојано објавува слика во различни изданија. Но, досега највпечатливо беше нејзиното „бикини“ издание. И додека ние се туткаме во ќебињата и го слушаме каминот како гори, Лила Филиповска на бикини ужива во Дубаи. 

Водителката иако е во својата педесетта деценија од животот, изгледа извонредно. Уверете се и сами.

Лила откри колку чини адреналинската авантура да се лета со балон во Кападокија (Видео)

Лила Филиповска неодамна се врати од патувањето во Турција, поточно од Кападокија и Истанбул, а по пристигнувањето дома во Скопје имаше многу да раскаже.

Всушност, оттаму посртојано беше активна на Инстаграм за да покаже како си поминува таму, ама сега се реши да одговара на многуте поставени прашања од следбеницте кои ја бомбардираа на различни теми поврзани со патувањето.

Особено доби доста прашања поврзани за доживувањето од летањето со балон во Кападокија кое претходно таа го опиша вака: