Tag Archives: ЛилаФилиповска

Ако некој ти каже дека имаш рак, не треба да лежиш и да болуваш, јас ги броев хемотерапиите, вели Лила Филиповска за борбата со ракот на дојка

Ако некој ти каже дека имаш рак, не треба да лежиш и да болуваш, јас ги броев хемотерапиите, чекав побргу да поминат. Сè што правев, правев за себе и успеав да направам луѓето да не веруваат. Ова е сериозна дијагноза, но кога си силен во умот ќе поместиш и планини , вели водителката Лила Филиповска за борбата со ракот на дојка, пишува ММС.

Филиповска синоќа беше дел од промоцијата на автобиографска книга „Ти си таа“ на популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот.

Лила вели дека голем комплимент ѝ било тоа што целиот процес успеала да го помине на нозе.

Мене тоа ми беше комплимент, јас сум успеала изминатата година да ја поминам на нозе стандардно и јас сум доволен доказ дека никогаш болеста не смее да се доживува така. Молете се и имајте нешто свето, тоа е убаво. Тоа го научив на хемотерапија. Сите другари беа со мене, но на хемо јас сум таа што ја дава раката и ја прима терапијата. Таму сте ти и Бог. Мене тоа многу ми помогна, сподели Лила.

Првпат за оваа борба, Лила Филиповска прозборе во интервју на почетоков на месецов, кога откри дека има измешани емоции, но одлучила да раскаже за својот сериозен проблем бидејќи повеќе од две децении ја споделува својата интима со публиката.

Браво за ЛИЛА ! Победа над канцерот со стил (Фото)

Долго време се зборуваше низ јавноста дека Лила се бори со некаква болест, па новото издание на Убавина и здравје популарната водителка конечно и обелоденува на јавноста како го победила ракот.

„Канцерот ми го смени животот но не и мојата вредност. Прв пат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот не е непобедлив !!!! Јас сум доказ!“ – напиша водителката споделувајќи ја насловната на магазинот „Убавина и здравје“.

Лила првпат отворено и непосредно зборува за својата најголема животна битка. Ја задржа насмевката пред камерите, продолжи да работи и да се појавува на настани, секогаш средена и добро расположена. Никој не знаеше што ѝ се случува, освен најблиските. По повеќе од една година исполнета со неизвесност, очекувања, терапии и стравови, омилената ТВ-водителка победнички може да каже дека е здрава! Во битката со канцерот, победникот е Лила!

Возбудувања кај Лила во „Се или нешто“: 11 години не се случило ова (Фото)

Гејм шоуто „Се или нешто“ на телевизија Сител се емитува цели 11 години или 11 сезони по ред каде поминале стотици натпреварувачи.

Едни дошле кај Лила за дружење, други за да ја запознаат одблизу, трети да освојат некој денар. Надежта дека ќе го освојат милионот била најмала.

Иако многумина не веруваа дека вакво нешто ќе се случи, но игрите на среќа се непредвидливи, па така милионот две емисии по ред беше во кутијата на натпреварувачот.

Возбудата остануваше за крај откако ја прифаќаа понудата на банкарот. Прва беше тетка Летка која ја продаде својата кутија за 110 илјади денари и пропушти да биде милионерка, а следната емисија истото му се случи на пензионерот Бранислав кој ја продаде својата кутија на банкарот за 65 илјади денари.

Шок и разочарување!

Ова беа емисии каде се докажа дека навистина во „Се или нешто“ не е ништо наместено, она што е твое ќе си дојде, е сега храброста во двата случаи беше пресудна иако милионот јасно се знаеше дека е можно да биде кај нив.

Понудата на банкарот беше слатка, но на крајот и разочарувачка во споредба со милионот.

фото: ТВ Сител принтскрин, текст Вистина мк.

Веројатно по дома ВАШИТЕ ЖЕНИ и ЌЕРКИ се СВЕТИЦИ, имате ли барем малку МОЗОК, емпатија…

ФБ статус на Лила Стојановска:

Не знам, веројатно по дома вашите жени и ќерки се светици, зошто очигледно по вашите коментари сите останати се неморални и лесни жени! Не дај боже да е убава и успешна, е тогаш почнува вистински натпревар, кој поОдвратен и позлобен коментар ќе остави!

Па уште си се дополнувате ( леле баш така во право си брат…леле што убаво и пиша), мизерии едни мизерни!!!

Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство?! Имате ли сeмејства, роднини,колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли? Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа!

Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен шок, преживува трагедија…. Изгубиле дете! Срам да ви е! А одите во црква, се крстите, се молите на бога, слави славите, наредени икони и светци низ куќа…. Безбожници едни !!!

Ама да си знаете истиот тој бог ќе ви суди , секому според заслуга! Оставете девојката да почива во мир и сочувство до нејзиното семејство за оваа голема и ненадоместлива загуба….


Лила имаше свето крштевање во водите на реката Јордан: „Никогаш не сум се чувствувала поблиску до Бог“

Лила Филиповска деновиве е на патување во Јордан, а по тешкиот период за кој таа зборуваше дека го преживеала, водителката покажа дека имала и свето крштевање во водите на реката Јордан, односно во водите каде бил крстен и Исус Христос и дека се чувствува прекрасно.

Лила Филиповска ја искористи посетата на Јордан за да се крсти во водите на реката каде бил крстен и Исус Христос од страна на Јован Крстител.

Таа сподели неколку фотографии на социјалните мрежи до кои напиша:

„Како вистинска христијанка и верник денес ми се исполни една дамнешна желба… Крштевање во светите води на реката Јордан, местото каде Јован Крстител го крштевал Исус. Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог. Да правиме добри дела и да шириме љубов.“

Инаку, таа на Инстаграм Стори сподели неколку кратки видеа во кои се гледа како влегува во водата и се крштева.

„Дојдовме на реката Јордан, а ова е нешто што задолжително морате да го имате ако сакате да се крстите“ – рече таа и покажа на белата наметка што ја носеше додека влезе во водите на реката.

Инаку, интересно е што од другата страна на брегот се наоѓа Израел, а водата на оваа света река ги дели двете држави Израел и Јордан.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение: