Tag Archives: листа

Членката на НАТО – Македонија една од најнебезбедните земји во светот !

Само девет земји од глобалната листа за безбедност се полоши од нас. Побезбедни од последната горда членка на НАТО се дури 124 земји. Со други зборови Македонија е рангирана на 125-тото место на општата  листа на безбедност во која се оценувани 134 земји.

Ова се наведува во најновиот извештај на „Global Finance“ во кој се мерат најбезбедните земји.

Побезбедни од Македонија се Либан, Венецуела, Пакистан, Бангладеш, Гвинеа Бисау, Бурунди и Брегот на Слоновата коска.

Најбезбедни земји во светот се Исланд, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

Листата е објавена: Еве каде можете да ги искористите ваучерите за одмор во Македонија ⛱

Министерството за економија на почетокот на минатиот месец го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија.

Еве каде може да ги искористите ваучерите:

Скопје на листата од НАЈСКАПИ градови за ЖИВОТ во светот !

Скопје на 192. место во светот на листата на „Мерсер“ според трошоците за живот
Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Македонскиот главен град Скопје се наоѓа на 192-то место на листата на американската консултантска компанија „Мерсер“ на најскапи градови за живеење во светот, во конкуренција на вкупно 209 градови.

Според листата од 2020 година, Скопје бил на 202 место, што претставува скок на листата од 10 места.

Најскап град за живеење во светот, според годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од „Мерсер“, е главниот град на Туркменистан, Ашкабад, а по него следат Хонг Конг, Бејрут, Токио и Цирих.

Годишниот извештај на „Мерсер“ рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна и забава, при што е користен го Њујорк како компаративна основа.

Што се однесува до најевтините градови, на „дното“ на листата на „Мерсер“ се наоѓаат Тбилиси, главниот град на Грузија (207 место), Лусака, Замбија (208) и главниот град на Киргистан, Бишкек (209).