Tag Archives: Локални

БЕНИ ШАЌИРИ кандидат за СКОПЈЕ, НИКОЛА ПАНОВСКИ носител на Советничка Листа на ЛДП-ДОМ

Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП. Носител на советничката листа, пак, ќе биде познатиот микробиолог, д-р Никола Пановски.

Шаќири на промоцијата рече дека се чувствува изневерен од тоа како се води градот во последните четири години и оти тоа му било мотив да се вклучи во трката за градоначалник.

Актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ на локалните избори на 17 октомври ќе побара нов мандат од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа независната кандидатка Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори, Левица го поддржа независниот кандидат Петар Георгиевски – Камиказа, актер и поранешен басист на рок-групата Меморија, а партијата Твоја го кандидира адвокатот Александар Тортевски. Поранешната директорка на на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска исто така ги собра потребните потписи за да се кандидира за градоначалник на Скопје од иницијативата „Зелен хуман град“.

Данела Арсовска кандидат за ГРАДОНАЧАЛНИК на Скопје (ВИДЕО)

Драги Скопјани, мои сограѓани, би сакала со Вас јавно да споделам и официјално ја објавам својата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје и ја барам поддршката од сите Вас чесни луѓе кои сакаат промени, вели Данела Арсовска на Сојузот на стопански комори.

Таа во своето обраќање вели дека е време да делуваме различно од досега, а времето не чека никого.

– Доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања. Политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува. Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. Партизираност на институциите или одлучност и професионалност за пристоен живот! Време е да се одбере – празни ветувања, нереализирани проекти или вредни, способни и исполнителни личности кои нема да потпаднат под политички притисоци и нема да се откажат од својата визија, изјави Арсовски.

Таа посочува дека ние како граѓани не бараме многу,  не бараме лажни ветувања кои никогаш нема да бидат исполнети од страна на политичарите.

– Напротив, ни требаат храбри личности кои ќе ги застапуваат нашите права и привилегии и ќе се грижат за нашите потреби за достоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. Мора да имаме храброст и да кажеме “Ние заслужуваме подобро!”.  Од таа причина одлучив да делувам и се кандидирам за Градоначалник на нашето Скопје како независен кандидат на луѓето на Скопје! Како изградена личност и жена која со труд и посветеност успеала во личните и професионални предизвици, Ве повикувам ЗАЕДНО да се посветиме Скопје да прерасне во современа и Европска метропола! Да победиме заедно! Да создадеме современ град, центар на културата и спортот, град на солидарноста и соживотот. Еколошки чист и одржлив град, потенцира Арсовска

“За младите кои градат иднина. Компетентни луѓе на вистинските места. За луѓето кои сакаат сигурност и стабилност. Скопје кое се грижи за скопјани!

Заедно! Силно! Да покажеме знаење.

За УБАВО СКОПЈЕ!

За НАШЕ СКОПЈЕ!

Видео 👇

https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/videos/1159279217928721/