Tag Archives: мајка

Мајката на убиената Вања: Несфатливо ми е како и зошто моето прекрасно девојче е во гроб, сега важно ми е да ја знам вистината

Несфатливо ми е како и зошто моето прекрасно девојче е во гроб, сега важно ми е да ја знам вистината, вели мајката на Вања Ѓорчевска која беше убиена во атарот на селото Бразда, Зорица, за српска „Република“. Оваа е нејзина прва изјава по смртта на девојчето.

– Не можам да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол, вели Зорица во интервјуто, кое го пренесува „Макфакс“.

– Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е да ја знам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве замолувам да почекаме додека не дознаеме зошто се случило тоа, рече таа.

Зорица за поранешниот сопруг вели дека биле во добри односи, но разведени веќе пет години.

– Ништо не знам. Сето ова ми е нереално. Но, веќе пет години сме разведени и не знам што правеше и со кого. Бевме во добри односи поради децата. Не се расправавме за старателство, за воспитување, му дозволуваа да ги гледа кога сака или кога сакаат децата, рече Зорица.

Таа понатаму наведува дека не знае дали нејзиниот поранешен бил во коцкарски долгови, бидејќи не му се мешала во животот.

– Не знам и не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Остана сам за да ме остави на мира. Секогаш кога разговаравме, зборувавме за децата. Ве молам, не ми поставувајте повеќе прашања бидејќи си поставувам многу прашања зошто се случи ова. И чекам да дознаам, рче таа.

Таа им порача на новинарите да не ја прашуваат ништо за нејзината друга ќерка и како таа се справува со сето тоа. Таа дури и нема да каже колку години има.

– Ве молам не ме прашувајте за другото дете. Сега ми е најважно да ја заштитам, вели Зорица и додава дека има најголема можна доверба во полицијата.

Вања Горчевска беше киднапирана и убиена на 27 ноември, а меѓу петмината осомничени е и нејзиниот татко. Ова е првпат да се огласи мајката на Вања откако беше пронајдено телото на убиеното девојче.

Мајка роди бебе тешко 6,4 килограми – најголемо во регионот (Видео)

Жена од Србија го роди најголемото бебе во регионот, тоа тежи 6,4 килограми.

Сузана Кучина од градот Горни Милановац, родила машко бебе тешко 6.420 грама и долго 68 сантиметри.

„Ова е мое трето дете. Првите две беа со нормална тежина, околу 3.700 грама, но ова бебе нè изненади сите. Ќе го крстиме Павле“, изјавила мајката за RINA.

Сузана вели дека бременоста била нормална, освен што било малку потешко да се движи. Павле е роден неколку дена по терминот.

Породувањето почнало природно, но поради големината на бебето завршило со царски рез.

„Навистина ретко се раѓа вакво бебе“, вели д-р Драган Перишиќ.

Во болницата во Горњи Милановац рекордот го држеше бебе кое при раѓањето пред неколку години тежело 5.900 грама.

Според Гинисовата книга на рекордите, едно од најтешките бебиња во светот е родено во Италија и тоа имало скоро 10 килограми. Родено е во градот Аверс во септември 1955 година.

https://fb.watch/mkk85Rvmr6/?mibextid=Nif5oz

Антониа Гиговска на првите фотографии со синот Киан

Пејачката Антониа Гиговска која вчера стана мајка, обави први фотографии со синот и откри дека го крстиле Киан.

“Киан. Здраво на сите. Сакавме малку момент за нас, па решивме денес официлано да ве поздравиме. Вчера во 12:05 наутро ова мало глувче ми докажа за што вреди да живееш“ напиша Антониа на Фејсбук.

За потсетување, прв веста дека се породи ја објави сопругот Роберт Спасенцоски, кој на „Фејбук“ напиша: „Станав татко. Фала ти господе за оваа среќа“.

Мајка на две деца си го одзема животот со труење (Видео)

Мајка на две деца од радовишкото село Тополница минатата среда ги заклучила децата во соба и излегла во полското веце во дворот од куќата каде се самоубила со пиење отров. Пред да си го одземе животот, таа снимила видео порака која укажува на психолошка тортура и можни други видови на насилство. „Слободен печат“ ја доби видео пораката во која што жената моли да се обелодени се и да не се остава работата туку така.

„Сега ќе ви откријам нешто, кој е причината за ова, кој е причината што ќе посегнам по својот живот, кој ја донесе работата до овој степен. Сега ќе ги кажам (наведува шест машки имиња). А супстанцата со која ќе посегнам по мојот живот ми ја даде (наведува име). Тие секогаш ме вознемируваат, постојано ме вознемируваат. Не можам да излезам од дома, до тоалетот не можам да одам. Тие ме примораа на ова. Има и многу други, ама не знам кои се. Ве молам не ја оставајте оваа работа, обелоденете се“.

Ова е последната проштална видео порака на 24-годишна жена, мајка на две деца од селото Тополница.

Видео ТУКА

Мајка и дете се удавија во поплавите во Косово (Видео)

Мајка и нејзиниот петгодишен син ги загубија животите во поплавите што вчера го зафатија градот Пеќ во Косово.

Околу 23 часот петгодишното детето било пренесено во подрачната болница во Пеќ, но таму само било констатирано дека нема знаци на живот, додека пак неговата мајка била пронајдена по полноќ без знаци на живот.

Според косовската полиција, трагедијата се случила во населбата Аслан Чешме.

„Регионалната полициска управа Пеќ соопштува дека на 24.6.2023 година, како последица на поплавите во градот Пеќ, во населбата Аслан Чешме, едно дете го загубило животот, додека неговата мајка е исчезната. По извршени претреси од полициски единици во 1:20 часот, на 25.6.2023 година, пронајдено е исчезнатото женско тело, а од страна на лекарска екипа е констатирана смрт“

се наведува во полициското соопштение.

Видео од поплавата:

https://fb.watch/lnYgfFaA8N/?mibextid=Nif5oz

Во друга населба во Пеќ, пак, пријавено е дека двајца жители биле повредени.

Освен жртвите и повредените, во градот има и многу оштетени возила и други материјални штети.

Двогодишно дете ја застрела бремената мајка

Инцидентот се случил на 16 јуни кога Лора Илг побарала брза помош пријавувајќи дека двогодишниот син го пронашол нејзиниот пиштол и ја застрелал.

Илг била однесена во болница, каде и бил извршен итен царски рез, бидејќи била во 34 недела од бременоста. Но, лекарите не можеле да ги спасат детето, а подоцна починала и мајката.

Полицијата го пронашла пиштолот СИГ Сауер П365, со која беше застрелана Илг. Но, во нејзиниот дом биле пронајдени и една сач, арка и друга пушка.

Сè уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното Обвинителство. 

(Видео) Потресно сведоштво на мајка: Деца вршеле сексуално насилство врз соученичка ПРВООДДЕЛЕНКА, насилно ја допирале – Никој не реагирал!

Мајка на првоодделенка во едно скопско училиште пред камерата на „Слободен печат“ низ солзи тврди дека нејзината ќерка на училиште доживува сексуален булинг од пет момчиња-соученици, кои насилно ја допирале по гениталиите, а претходно во изолиран случај ја влечеле за облеката, од што девојчето имало црвени траги околу вратот, кои подоцна помодреле.

Мајката тврди дека на училиште кај нејзината ќерка владее постојано премолчување, минимизирање и туркање под тепих на проблемите со секаков вид на насилство, а основната пречка е во тоа што кога ќе се пријави никој не презема ништо. Таквата ситуација прави мајката да се чувствува револтирано, неразбрано од училиштето, но и да ја шокира инертноста и незаинтересираноста да се постапи итно за ваква сензитивна материја.

Откако мајката го пријавила случајот во училиштето, наставничките се потпишале на изјава дека такво нешто не постои, односно дека насилство во училиштето немало.

Единствената причина поради која „Слободен печат“ не го објавува идентитетот на мајката и името на училиштето, е тоа што на таков начин поблиску ќе биде идентификувана жртвата, која е малолетна и на таков начин би се создала опасност двојно да биде виктимизирана.

Родителката е шокирана што од училишната управа уште не свикале ни вонредна родителска средба за овој скандалозен настан, во екот на декларативните заложби за спречување на насилството во училиштата.

Иако најтранспарентно го пријавила случајот, разговарала со сите во училиштето во крикот за помош и едукација на соучениците кои ја изложуваат првоодделенката на булинг, наишла на ѕид и туркање на предметот под тепих.

Декаденцијата во педагошките вредности и неефикасноста на стручниот кадар во ова училиште, кулминирале, кога една од наставничките во комуникација со друга родителка и кажала дека „и нивните девојчиња не се цвеќе за мирисање“, дека се „понапредни и провоцираат“ со својот изглед. Станува збор за девојчиња на возраст од шест години.

На бебето му давала лекови за смирување за да не плаче, уапсена мајка во Србија

Полицијата во соработка со обвинителството во Ковин уапси 21-годишна девојка поради сомнение дека му давала средства за смирување на бебето.Добивај вести на вибер

Како што дознава српски Курир, мајката на детето била уапсена во петокот, а денеска била на распит во Основното јавно обвинителство Смедерево, кое предложило да и се изрече мерка притвор до 30 дена, пишуват српските медиуми.

Изворот за медиумите во Србија открива дека мајката изјавила дека „не се сеќава дека му дала на детето антипсихотици неколку ноќи“.

-Се сомнева дека на детето му давала седатив неколку дена, најверојатно за да не плаче детето – открива соговорникот за српските медиуми.

Според неговите зборови, се било откриено кога таткото на бебето забележал дека тоа не е добро.

– Бебето прво е однесено во Здравствениот дом, а потоа е испратено во Заводот за мајки и деца во Белград, каде лекарите откриле дека детето го има овој лек во крвта – открива соговорникот, за српските медиуми.

Според него, куќата била претресена и пронајдени се овие лекови кои мајката најверојатно ги добила на рецепт.

Таа доби кривична пријава за сторени кривични дела овозможување консумирање наркотични дроги, како и запуштање и занемарување малолетно дете.

НЕЈЗИНИТЕ ГРАДИ И НОЗЕ НА МЕГДАН – Водителката на Евровизија покажа со што ја „надарила“ мајката природа, оваа креација едвај и го собра деколтето (ФОТО)

Вчера се одржа втората полуфинална вечер за песна на Евровизија, а свечената вечер ја отворија водителките кои ја водеа и првата вечер – украинската пејачка Јулија Санина, актерката Хана Вадингем и пејачката Алиша Диксон.

Домаќинките на вечерта и овојпат заблескаа со своите стајлинзи, но вниманието дефинитивно го украде Хана, која гледачите можат да ја видат во бројни ТВ серии и филмови како „Ted Lasso“, „Les Miserables“, „Hocus Pocus 2“, „Sex Education“ и многу други.

Облечена во жолт, припиен фустан кој ги откривал нејзините гради и нозе, Хана изгледала како некој да го нацртал фустанот на неа. Креацијата била во облик на корсет, кој ја следел линијата на нејзиното тело, а позади имал долг шлеп до подот.

Вадингем го надополнила изгледот со жолти високи потпетици и нежен накит, а косата ѝ била собрана во низок реп.

Уапсена и мајката на детето кое го изврши масакрот во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека е уапсена и мајката на четиринаесетгодишното момче кое го изврши масакрот во белградското училиште, Владислав Рибникар.

„Момчето отсега е на посебно место, ќе биде сместено во посебен дел од клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко е уапсен како сопственик на оружјето што нелегално го чувал, а притворена е и неговата мајка“, изјави Вучиќ.

Претходно денеска на конференција за медиуми во Владата на Србија, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ соопшти дека таткото на момчето е уапсен и дека оружјето употребено во злосторството е негово.

Таткото тврдеше дека двата пиштола и муницијата биле заклучени во сефот под клуч и шифра и дека ги имал сите потребни дозволи за поседување оружје – изјави Гашиќ на конференција за медиуми во Владата на Србија.