Tag Archives: Мадона

Баба Мадона и на 65 години со нова љубов – ново младо момче (Фото)

Поп дивата Мадона (65) дефинитивно живее уште една младост!

Мадона љубовта ја бара исклучиво во прегратките на мажите кои по години се повеќе слични на нејзината ќерка Лурдес.
По раскинувањето со моделот Ендрју Дарнел (23), американските таблоиди нашироко шпекулираа дека пејачката среќата ја нашла со боксерскиот тренер Џош Попер (29).

Понатаму се вели дека Мадона го запознала Попер кога го донела едно од нејзините шест деца на тренинг во неговата теретана.

А гласините дека има нешто помеѓу пејачката и спортистот ги подгреа самиот боксер кога објави фотографија со поп ѕвездата. На фотографијата се гледа како Мадона го бакнува рамото на Џош и го држи неговиот бицепс.

Инаку, пред Попер, Мадона накратко излегуваше со Дарнел, за да го преболи раскинувањето на тригодишната врска со танчерот Ахламалик Вилијамс, кој беше 35 години помлад од неа.

Да потсетиме дека неодамна, одговарајќи на прашања од обожавателите, Мадона го спомна сексот како нејзина омилена опсесија, но и тајната на успехот, нејзината животна мантра и чинот што ја тера да турка напред во животот. Таа исто така додала дека ако мора да носи една работа до крајот на животот, тоа ќе биде нејзиниот ѓердан од 24-каратно злато, кој може да се искористи како секс играчка или вибратор

МАДОНА КАКО ВОСОЧНА ФИГУРА! Фановите згрозени – Има 2.700 години и е ВАМПИР…(ВИДЕО)

Многу од обожавателите на Мадона на социјалните мрежи ја изразија својата загриженост и изненадување откако ја видоа пејачката на доделувањето на Греми наградите.

Мадона излезе на сцената за да ги најави Ким Петрас и Сем Смит, кои го изведоа нивниот заеднички хит „Unholy“, за кој освоија Греми во категоријата Најдобра поп песна дуо/група.

– Овде сум да им се заблагодарам на сите бунтовници кои кројат нов пат и го поднесуваат притисокот од него. Сите вие ​​„проблематични“ треба да знаете дека вашата бестрашност не останува незабележана. Видени сте, се слушате, а најмногу од се – ценети, порача Мадона.

Она што ги привлече гледачите е лицето на Мадона, за кое многумина веруваат дека по бројните козметички зафати повеќе не личи на она на „старата“ Мадона.

– Се обидувам да го игнорирам фактот дека Мадона има сосема ново лице – напиша еден фан на Твитер објавувајќи  мим видео на кое Адел збунето гледа кошаркарски натпревар.

– Ова навистина изгледа како некаква копија додека во позадина се пуштаат фотки од вистинската Мадона. Навистина си го зезна лицето – напишала друга личност, осврнувајќи се на фотографиите на Мадона за време на нејзиниот врвен период.

– Мадона изгледа добро за своите години… ако има 2.700 години и е вампир кој јаде живи бебиња и мали животни – на некои луѓе им било полесно да користат споредба.

– Дали Мадона е номинирана за „Најдобро ново лице“ на овогодинешните Греми награди? – се пошегува друг корисник на Твитер.

Еден корисник направи споредба со Мадона и Шерон Стоун па споредете сами со ботокс или без:?

МАДОНА не престанува да се БРУКА: Бизарната објава на пејачката згрози многумина (Видео)

Мадона не престанува да ги шокира своите следбеници на социјалните мрежи, а секое ново видео или фотографија и се сè поизопачени.

Имено, пејачката сега објави видео од гаражата во кое поставила неколку фотографии. На прв поглед видеото изгледа нормално, пејачката позира на мотор во гаража, се фотографирала пред уметничко дело, а во еден момент се сокрила зад лисја.

Меѓутоа, она што се појави на самиот крај од видеото ги шокираше следбениците на легендарната Мадона.

Мадона прво користела различни реквизити – шише сенф и лут сос, а со нив имитирала сексуални сцени. После тоа, се појави видео како таа пие вода од сад за куче, а потоа лежи на подот.

„Ова станува сè посрамно. Веќе не е лесно да се биде твој обожавател. Беше икона, а сега за жал си без стил”, гласи еден од коментарите под оваа објава.

Во последно време Мадона често изненадува со своите објави, најмногу поради тоа што во секоја изгледа сосема поинаку. Јавноста ја напаѓа поради прекумерната употреба на филтри, а и поради видливите естетски корекции. Некои дури ја нарекоа вонземјанка.

Мадона ГО ПОКАЖА ЗАДНИКОТ на сред емисија „Уметниците се тука за да го нарушат мирот“(Видео)

Кралицата на попот Мадона (63) гостуваше во познатото ток -шоу „The Tonight Show“ на Џими Фалон (47) во кое го промовираше документарниот филм Мадам Икс и ги шокираше гледачите со своето однесување.

Пејачката во интервјуто рече дека секој пред малите екрани треба да разбере дека уметноста е важна.

– Уметниците се тука да го нарушат мирот. И се надевам дека го нарушив не само вашиот мир, туку и мирот на луѓето што го гледаа ова шоу, но на добар начин – му рече Мадона на Џими.

Кратко потоа, таа стана од столот и легна на масата на Фалон, кој почна да вика „Не, не, не, застани!“.

За кралицата на попот да не „открие“ премногу на публиката, Џими ја покри со сакото. Но, нејзе тоа не и се допадна.

Мадона се оддалечи од масата и го крена фустанот кон публиката во студиото, и секако за гледачите пред малите екрани.

Видео:

https://youtu.be/qZkKj3QHQPQ