Tag Archives: Македонија

Македонците ја сметаат Србија за најголем пријател, Бугарија за најголем непријател

Повеќе од една третина од граѓаните на Македонија веруваат дека Србија е најголемиот сојузник на земјата, додека Бугарија ја сметаат за најголем непријател, покажува истражувањето на фондацијата Конрад Аденауер.


Како што се наведува, во однос на перцепцијата која земја е најголем сојузник на Македонија, 37,4 отсто од граѓаните сметаат дека тоа е Србија, 24,1 отсто немаат одговор, додека 19,8 отсто сметаат дека тоа се САД, 5,8 отсто дека тоа е Турција. а 5,4 отсто дека тоа е Германија.

На прашањето која земја е најголемиот непријател на Македонија, 44 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Бугарија, додека 12,1 отсто сметаат дека тоа е Русија.

Испитаниците имаат најпозитивни впечатоци за квалитетот на меѓусебните односи на Македонија со Турција – 1,6 отсто од испитаниците, потоа 68,6 отсто со Србија и 64,3 отсто со Германија.

Граѓаните на Македонија имаат најнегативни впечатоци за меѓудржавните односи со Русија и Бугарија, за кои 59,3 отсто, односно 52,5 отсто сметаат дека имаат лоши билатерални односи со својата земја.

Речиси две третини или 65,7 отсто го поддржуваат проектот „Отворен Балкан“, додека 15 отсто не го поддржуваат, што значи дека 50,7 процентни поени повеќе ја поддржуваат оваа форма на поблиска соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија.

„Ова истражување на јавното мислење во Македонија, објавено во публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“, беше спроведено во текот на август 2022 година на 1.111 испитаници.

За членство на Македонија во ЕУ гласале 63,8 отсто. Според Фондацијата „Конрад Аденауер“, овој процент, иако се уште е многу висок, покажува јасни негативни трендови во однос на првите две децении од независноста.

Вкупно 57,1 отсто од граѓаните се изјасниле дека се против „францускиот предлог“, кој беше предуслов за укинување на ветото на Бугарија и почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, наспроти 27,2 отсто кои го прифаќаат, што претставува разлика. од приближно 30 проценти во корист на противниците на овој документ.

На прашањето кога мислат дека Македонија ќе влезе во ЕУ, 28 отсто од испитаниците одговориле дека тоа никогаш нема да се случи, што е најголемата група, додека 23,7 отсто изразиле песимизам со одговорот дека не знаат кога ќе се случи, т.е. дека немаат одговор, наведува „Конрад Аденауер“.

Вучиќ: На Македонците ќе им дадеме гас за зимава!

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната прес конференција на која обелодени за резервите на Србија со храна и енергенси истакна дека за зимава и Македонците може да сметаат на српскиот гас.

-Ги решаваме и проблемите со Македонците затоа што тие имаат гасна централа (се мисли на Те-То), која може да произведува струја на гас. Тоа се 5-7 проценти од струјата за зимската потрошувачка. – рече Вучиќ.

Ова е само еден од низата случаи на помош од Република Србија и претседателот Вучиќ за нашата земја.

„Земјо моја исконска, кој толку те испусти, и кој се плаши името да ти го изусти“

Игор Џамбазов, на својот Инстаграм профил го честита големиот празник – Денот на независноста.

Честит празник, Македонијо моја! – напиша тој споделувајќи стихови за нашата татковина.

„Земјо моја мистична и волшебна,
дива и егзотична,
баксузна, ама посебна,
хаотична и невротична.
Земјо моја библиска,
со многу богови паднати на главата.
Земјо моја исконска,
со ѓаволи што ти ја крадат славата.
Кој така ти пресуди, кој толку те испусти?
И кој се плаши името да ти го изусти?
Еве, јас не се плашам, и не се срамам,
и длабоко в срцето ќе те врамам.
Ќе се качам на Кораб горе, највисоко,
па ќе викнам силно: МАКЕДОНИЈО!!!
И дури очиве ми гледаат,
да те гледам среќна, МАКЕДОНИЈО!!!“, напиша Џамбазов.

Среќен роденден Татковино! Нека ни е честит 8-ми септември, 31 година самостојна Република Македонија📢

 На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.

„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!

Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.

% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.

Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честито 31-та година, самостојна и независна Македонија!“

8 Септември, Денот на независноста на Македонија неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 8 Септември, четврток, согласно Законот за празниците, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министертсвото воедно на граѓаните им го честита Денот на независноста.

Пронајден документ: Македонците се наведени како посебен народ во 1778 година

Уште еден документ во низата средновековни извори кои сведочат за постоењето на македонскиот народ како засебен во сите истoриски периоди е Summa Conciliorum.

Summa Conciliorum е опус напишан во 1549 година од познатиот католички теолог и професор, Архиепикопот од Толедо – Бартоломej Каранза.

Трудот се состои од четири тома во кои се дискутира за посебни теми од фундаментален интерес за Римокатоличката црква.

Книгата подоцна е проширена со дополнителни материјали од страна на различни уредници и многукратно преобјавувана.

Во оваа проширена верзија на третиот том од Summa Conciliorum, публикувана во 1778 година од исто така познатиот германски теолог и филозоф Доминик Шрум, Македоците с(м)е наведени како посебен народ покрај Бугарите, Србите и Албанците.

Таче како ,,селска визитарка”: Во понеделник заминува во Бугарија да моли за струја

Откако во Белград на самитот на Отворен Балкан се расправаше за заеднички настап на трите земји за справување со енергетската криза, премиерот Димитар Ковачевски в понеделник ќе отпатува во Софија на разговори со бугарските власти за можна меѓусебна координација и помош меѓу Бугарија и Македонија. Во македонската делегација на оваа работна посета ќе има претставници од ресорите економија и енергетика. Засега нема најави со кого ќе бидат средбите од бугарска страна, иако е нормално да се очекува за кризата сигурно да разговараат двајцата премиери – Ковачевски и Галаб Донев.

Иако генерално е мал корисник на гас, Македонија го добива целото нејзино снабдување преку руски гасовод кој поминува низ Бугарија.

На прес конференцијата по завршувањето на самитот на Отворен Балкан Вучиќ, Ковачевски и рама изјавија дека нѐ чека тешка зима. „ако зборувам поинаку не би било фер и не би ја зборувал вистината. Ќе се обидеме како Западен Балкан да побараме делумно помош за купување енергија преку Европската унија. Ако ни успее тоа, многу ќе ни помогне. Ако со Македонија имаме заедничка гасна конекција би си помагале едни со други. Но, тие немаат гас, а ние немаме капацитети“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Примерот ни е како селска визитарка, коментира граѓанин на социјалните мрежи за патувањата на премиерот Ковачевски.

Нема ниеден македонски производ во Белград: Сите се СЕВЕРНИ

На Саемот за храна, вино и туризам во Белград Владата на Ковачевски не дозволи да се промовираат македонски прозводи туку  тие мораше да бидат „Cеверни“, пишува Република.

Ова им беше предочено и на нашите изглагачи кои морале да ги прифатат уцените доколку сакаат да изложуваат на овој регионален Саем.

Од фотографиите се гледа дека на шињата на вината никаде не стои дека се од Македонија или дека тоа е македонско вино, туку само стои брендот на винаријата.

За овој саем владата на агенцијата„Рејтинг“ и плати 400.000 евра.

„Колку камиони пропаднаа овде, редно е патарина да се клај“

Камион пропадна во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје.

Од 31 август по 4 септември на скопскиот плоштад ќе се одржи „Пиволенд“, а камионот што пропаднал носел опрема која требала да биде поставена за Фестивалот на пивото.

Ова е трет пат да пропаѓа камион на Плоштад. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.

Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на Комунална хигиена.

Статус на денот:

(Легендарно видео) Македонски господин “пошљакал” бугарски новинар како никогаш досега

На социјалните мрежи се шири видео, снимено во Скопје во 2013 година, но коешто е актуелно во денешно време поради содржината.

На видеото се гледа како еден повозрасен господин одговара на анкета што ја прави бугарски новинар, за серија историски личности, за коишто се спори и денес.

Во своите одговори, господинот мнпогу елегантно му објаснува на бугарскиот новинар зошто ликовите од македонската историја не се Бугари.