Tag Archives: македонка

Нашата македонка Тијана Петреска прогласена за најфотогенична студентка (Фото)

На светскиот избор за најубава студентка, кој неодамна се одржа во Сеул, Јужна Кореја, нашата Тијана Петреска, 22 години, од Скопје, ја освои титулата Miss Photogenic, како најфотогенична од сите девојки, а ги имаше 70 вкупно од исто толку држави од целиот свет.

Победничка, односно WORLD MISS UNIVERSITY е претставничката на Костарика, првата придружничка е од Канада, а втората придружничка од Нов Зеланд.

Нашата Тијана е членка на Модното студио Црнокрак, кое од оваа година ја поседува лиценцата за сите држави од бивша Југославија за овој голем светски избор за убавина.

Истиот се одржа по 31-ви пат, во хотелот Swiss Grand во главниот град на Јужна Кореја, Сеул.

Зајкова: Јас сум по потекло од Кукуш, говорам македонски јазик и секогаш ќе бидам горда Македонка

Никој од нас не сака да е понижен, секаде каде што одам се претставувам како горда Македонка, не може мене никој да ми ја наметне мојата историја или како јас ќе ја толкувам мојата историја, ниту пак некој може да ми наметне што ќе бидам, моите се по потекло од Кукуш, јас секогаш ќе бидам по потекло од Кукуш, не можам да бидам од друго место. Говорам македонски јазик, израсната сум со една историја, не може никој да ми го менува или да ја менува свеста на генерациите. Ние сме свесни дека уставните измени како обврска треба да значат отворање на поглавје во ЕУ, што може и нема така брзо да ги затвориме, рече претседателката на Либерално-Демократска партија Моника Зајкова во синоќешното гостување во „Клик плус” на 21 тв.

– Ние можеме хипотетички да кажеме дека можеме и без Европската унија и без НАТО и без политички партии, меѓутоа граѓаните се оние коишто ја сочинуваат државата и само без граѓани не може да постои една држава, но мора да сфатиме дека ЕУ значи подобро секојдневие на секоја индивидуа и затоа и толку се стремиме кон тој Европски пат, додаде таа.

Според Зајкова не треба реториката да се однесува на тоа дека уставните измени се за само за внесување на Бугарите во Уставот, но да ја гледаме поголемата цел, а тоа е конечно она што ни изгледаше апстрактно, а тоа е влезот во Европската Унија да стане реалност односно да започне втората фаза од преговорите, а тоа е отворање на поглавјата.
– За да си ја исполниме таа цел, нормално дека имаме и обврски, притоа како Либерално-демократска партија ќе бараме при отворањето на Уставот во Преамбулата да се внесе како дел од народ и еврејскиот народ, а тоа иако можеби е последната пречка, е онаа најнеболната што треба да ја отклониме за да почне веќе македонската евроинтеграција за која зборуваме 30 години. Затоа треба да покажеме сериозна зрелост политичка, но и да покажеме дека сме спремни за носење на државнички одлуки, затоа што ќе зборам конкретно еве за мојата генерација, мислам дека повеќе нема време за оној, бавен развој затоа што со тој бавен развој видовме дека го губиме она што значи супстракт на државата, а тоа се младите луѓе, додава Зајкова.

Таа додава дека нејзината генерација пораснала со визијата за Европа и веќе се преполови заминувајќи во перспективни европски земји.

Се согласи дека се потребни реформи и во правосудството и образованието и во други области меѓутоа никој не покажал поширока политичка волја за одредени реформи да се спроведат. Нови избори не би го решиле овој проблем, бидејќи секогаш со нови избори не се направиле никакви промени. Проблемите ставени во фиока до избори, никој нема да ги реши со магично стапче ни по изборите.

– Треба да научиме да покажуваме државничка свест, едно е да се разликуваме во идеолошките политики, друго е да го трасираме заедно патот на државата и треба да седнеме да го загрееме столчето и да наоѓаме решенија и да ја движиме напред државата, а не да трошиме постојано ресурси и време на предвремени избори, истакна претседателката Зајкова.
Таа потсети дека Собранието донесе заклучоци кои што се еден вид декларацијата за црвените линии и никој не спори дека не сме за македонскиот јазик да се преговара.

– И гледавме и со потпишувањето на договорот од Фронтекс дека во формулацијата македонскиот јазик е чист, а гаранции дека некој ќе ни обезбеди е небулозно барање и видовме со последните случувања и во Европа, односно ветото кое што Австрија го стави на Бугарија и Романија за влез во шенген, дека такви гаранции не постојат. И сега не може ние да чекаме и да бараме гаранции дека ќе ни биде патот поплочен со мермер меѓутоа, треба да ги отклонуваме пречките и посериозно да работиме на тој пат и реформирање на државата, додава Зајкова.
Според неа ние не треба да преговараме воопшто со Бугарија за реципроцитет, туку со ЕУ.

– Да бидеме реципрочни во финансиите, во реформите, во образованието, кадровата политика, а нормално дека еден ден со самиот чин што го покажуваме на демократичност и отворање кон малцинствата може да се случи да бараме и во Бугарија, веќе како членки во унијата, реципрочно да ни се признаат и на нас одредени права. Затоа што, во спортот секогаш тимот што победува не значи дека на крајот победува. Исто и во политиката. Затоа треба да се покаже истрајност и упорност за да се направат крупни и развојни чекори, бели Зајкова.

Според неа ако само гледаме дали ќе добиеме одредени политички поени на одредени прашања, немаше да го имаме ни Рамковниот договор, кој што резултираше со развој на мултиетничкото општество, немаше да го имаме ни Преспа кој резултираше со влез на државата во НАТО, кој што сега гледаме дека стратешки бил многу важно, со оглед на тоа што се случува на глобално ниво.

Весна Бејби: Макрон, јас сум Македонка!

Ова е ненормална работа. Ова е лудило. Не знам зошто сите не излегуваат на улица. Треба цела Македонија да се дигне на нозе. Се обидувам да сум разумна, да не сум патетична, да ги разберам некако зошто би преговарале кога и вака и онака нема да влеземе во ЕУ во следните 10-15 години. Не сакам да ме нарекуваат Северна Македонка. Макрон, јас сум Македонка. Ако не разбираш ќе ти преведеме – рече актерката Весна Петрушевска на вечерашниот протест во Скопје против францускиот предлог.

Актерката повика народот да се обедини околу ова „Не“ и дека секој културен работник треба да чувствува одговорност да излезе на протест.


– Како ќе ја чуваме македонската култура? Ние тука што сме, сме виновни за тоа што дојдовме до ова дереџе. Не сакаме насилство и не потклекуваме на провокации. Со достоинството и чест се раѓате. Секој ден на протест сѐ додека ја срушиме оваа влада – повика Петрушевска.

Хорор во Чигаго: Убиен Србин, повредена е Македонка

Во текст кој пред два часа е објавен на порталот „Serbian Times“ се објавуваат нови детали за вчерашното убиство на Србинот Никола Мишовиќ (30) во предградието Бур Риџ во Чикаго, при што и напаѓачот Џереми Спајсер (31) од Арканзас се самоубил, а една девојка е повредена и згрижена во болница.

Порталот се повикува на изјави од сведоци кои присуствувале на местото во моментот на убиството кои тврдат дека „мотивите за злосторството биле етничка омраза“.

Имено, убиецот ден пред убиството се вработил во фирмата на сега убиениот Никола Мишовиќ, „>Winners Freight“, а пред тоа работел како возач во фирмата „Форс“, чиј сопственик е Македонец и која се наоѓа во истата зграда.

Меѓутоа, поради многуте Срби кои ги среќавал во зградата, тој бил убеден дека фирмата е српска, а пред да пука во Никола викал по ходниците „Мразам Срби! Сите вие сте иста го**а“, пишува порталот повикувајќи се на изјави на сведоци кои биле во зградата за време на убиството.

Уште една Македонка растури на Гранд (Видео)

Македонската натпреварувачка Андријана Петрушовска во последната емисија на шоуто на “Гранд“ пеше без гаќи.

Барем така коментираа на социјалните мрежи по нејзиниот настап. Андријана ,чии ментор е Ѓорѓе Давид, се појави пред жирито во фустан заради кој многумина реакоа дека нема долна облека. Како и да е таа убво испа , а привлече и внимание во јавноста. Имаше и такви кои негодуваа: „Богами, кандидатките на Ѓорѓе доминирале“, “Мене ова ми е малку невкусно“, „Дали е ова натпревар за пејачки или OnlyFans?“ – беа коментарите на социјалнтие мрежи.

ПАСОШОТ НА БАБА ВАНЃА ИЗДАДЕН ВО БУГАРИЈА ВО 1953-ТА: Народност – Македонка

Многу бугарски пасоши на Македонци се издадени во последниве години, за кои се бара да изјават дека имаат „бугарски корени“.

Во 1953 година во Пиринска Македонија, во Бугарија, бил издаден пасош и на познатата Баба Ванѓа. Од факсимилот на оригиналот од пасошот може да се види дека во графата на националност пишува: Македонка

Пасошот бил со важност од пет години, односно од 1953 до 1958 година

(Видео) Мaкeдoнкaтa Симона Живковска нa мaкeдoнcки jaзик вo „Цpнa Вдoвицa“ нa Mapвел

Во новиот проект на серијалот Црна Вдовица на Марвел игра македонската актерка Симона Живковска која гради меѓународна кариера по преселбата од Македонија во Велика Британија.

Живковска во сцените од филмот глуми на македонски јазик што е раритет за вакви холивудски “блокбастери” кои заработуваат стотици милиони долари на кино благајните.

“Ни преостанува помалку од еден месец! Едвај чекам да го видите ова!”, пишува Живковска давајќи ја информацијата дека во филмот таа зборува на мајчин јазик – македонски.

Во видеото јасно се слуша дека во хитот во кој главна улога игра една од најплатените холивудски актери Скарлет Јохансон македонската актерка зборува на македонски јазик.

Симона Живковска работи во Велика Британија а освен македонско има и западноиндиско потекло поради нејзиниот татко кој е од Свети Мартин.
Симона е родена во Скопје, Република Македонија , поранешна Југославија а се преселила во Велика Британија за време на раните детски години во 2001 година.

Својата прва ТВ работа Симона ја добила на 17 години на почетокот на 2012 година за потоа да ја игра главната жена во критикуваната драма на Би-Би-Си „Моето убиство“ (во режија на Брус Гудисон), стои во биографијата на Живковска.