Tag Archives: македонска

Како македонска авторска песна стана бугарска-народна, и се продаде во 3,5 милиони тираж? (Видео)

„Дали знаеш мила мајко што сум несреќна“, се стихови на македонска фолк песна, која ја отпеаја голем број на наши пејачи, уште од крајот на шеесеттите години на минатиот век, кога песната била компонирана.

Автор на истата е Ристо Пулевски, роден во Нижеполе во 1934 година, кој во тој период работел како радиопејач во Радио Битола.

Песната ја посветил на неговата сопруга, ја испеал на радиото и станала многу популарна. На својот репертоар ја ставиле повеќе македонски пејачи, кои редовно ја изведувале за време на своите турнеји кај нашите иселеници.

Но, глобална популарност се случи во 1995 година, кога беше издаден синглот „While the Earth Sleeps“ во изведба на светски популарниот Питер Габриел и „Дип форест“, во придружба на бугарската пејачка Катја Петрова. Таа ги пее стиховите „Дали знаеш мила мајко“, а песната беше искористена и во филмот „Strange days“.

По реакциите дека станува збор на обработка на македонска авторска песна, во јавност се објавија тврдењата на тимот на Габриел, според кои стиховите ,,Дали знаеш мила мајко” потекнувале од бугарска народна песна.

Негирањето на авторството на Пулевски од страна на Габриел беше причина да започне и меѓународен судски спор, а за неговата разрешница, самиот автор Ристо Пулевски раскажа пред повеќе години во интервју за весникот ,,Пензионер плус” кој е официјално гласило на Сојузот на здруженија на пензионерите во Македонија.

Во интервјуто кое го направил битолскиот новинар Никола Талевски, кој почина пред неколку години, авторот Пулевски вели дека песната му „легнала“ на Питер Габриел, кој ја снимил во тираж од 3,5 милиони, и истата се вртела на светската топ листа три години, пробивајќи се на самиот врв.

Околу спорот кој се водел за авторството, појаснува дека не го добил.

-Во едно интервју побараа јас да ја пеам со мојот глас, како доказ дека песната е моја! Го сторив тоа, но… спорот не го добив, ама да те пејат во светот, тоа е чест, нели? И на тие кои беа коректни кон моето авторство, а и на другите, на сите им благодарам!

Нека пејат тоа што јас сум го создал- порача Пулевски, не откривајќи детали зошто конкретно го изгубил спорот и дали воопшто ги заштитил своите авторски права.

Пред да ја создаде „Дали знаеш мила мајко“, во 1962 година тој ја создал и легендарната „Туѓината пуста да остане“. За прв пат ја отпеал во живо во Радио Битола. За оваа песна, тој вели дека кога започнал да работи како радиопејач, вработените во радиото го наговориле да напише своја песна.

-Песната сама ми дојде. Се вратив во село вечерта, ја оставив сијалицата да свети во одајата, зедов тетратка и стило и почнав. Пишував додека не ја завршив и последната строфа длабоко во ноќта.


Имав извонредна песна во главата! По два дена дојдов во Радио Битола и му ја испеав на Борче Талевски – Боцкино, кој раководеше со малиот народен оркестар.
Тој почна да нотира, а директорот Ристо Невеновски ми рече дека ќе ја пејам истиот ден на радио.

Песната стана најпопуларна во емисијата „Желби на слушателите“, и ја зеде дуетот Куцулова – Андреевски. Во Скопје ја зедоа Александар Сариевски и Васка Илиева. Се радував на успехот, моја песна да ја пејат најпознатите македонски пејачи, таа стана еден вид на химна на печалбарите. Набргу потоа ја создадов „Дали знаеш мајко мила“ и ја посветив на сопругата – си спомнува авторот во интервјуто за „Пензионер плус“.

Обработката на неговата песна од страна на Габриел и „Дип форест“ е објавена во повеќе верзии на музичкиот канал Јутјуб.

Коментарите под неа се многубројни, а често завршуваат и со караници помеѓу Македонци и Бугари, кои меѓусебно се обидуваат да докажат чија е песната, дали македонска, авторска, или пак бугарска – народна./Fokus

Видео до песната:

https://youtu.be/suMKJjMLD18

Во село Забрдени во Лерин нема да чуеш друга музика освен македонската (Видео)

За восхит се веселбите во Лерин и Воден секоја година што традиционално се одржуваат во овие краишта. Нема поголем доказ за македонското чувство на припадност од веселбата со македонска музика.

Погледнете и уживајте Македонци:

Загревање пред Ел Класико со „Слушам кај шумат шумите“, „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“ (ВИДЕО)

Вчера вечер на „Камп Ноу“ се играше големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, дуел кој е исклучително важен во борбата за пехарот во Примера.

Вистинскиот фудбалски спектакл во кој на трибините имаше и македонски навивачи кои споделија дел од атмосферата во градот пред натпреварот.

Имено Наце Митев е познат како голем спортски фан, човек кој редовно прати, присуствува на голем број на натпревари, па токму тој на социјалните мрежи сподели како пред „Ел Класико“ ечат македонските песни „Слушам кај шумат шумите“, „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“ „Ако умрам ил загинам“.

Имено натпреварот заврши во полза на Барселона, за вистинска среќа за сите нејзини навивачи.

Излезе видеото за ПРВАТА МАКЕДОНСКА КРИМИ-ДРАМА СЕРИЈА „Бистра вода“ (Видео)

Излезе промо видеото за првата македонска крими-драма серија која е инспирирана од вистински настани. А наскоро ќе има премиера на Алфа ТВ.

Серијата е во режија и сценаријо на Јани Бојаџи.

МАКЕДОНСКА СНАА е нова претседателка на Албанскиот Парламент, која е Линдита Никола ?

Линдита Никола ќе биде новата претседателка на албанскиот парламент. Веста ја објави самиот премиер Еди Рама. Тој рече дека Никола ќе го замени досегашниот претседател Грамоз Ручи.  Рама не штедеше пофалби за г-ѓа Никола.

Линдита Никола македонска снаа стана спикер на Парламентот на Албанија која како македонска снаа одлично зборува македонски јазик.

За јавноста во Македонија ќе кажеме дека Линдита Никола е родена во Тирана, на 22 октомври 1965 година Во 1989 година ги завршила студии на Факултетот за науки и природа, отсек математика на Универзитетот во Тирана. На истиот Универзитет во јули 2010 год. има магистрирала на отсекот Јавна администрација, насока Централна власт. Со политиката се занимава од 2003 година, кога во периодот 2003-2007 е избрана како советник во Советот од на Општина број 1 Тирана Во два мандата (во периодот 2007-2011 и 2011-2013 год), госпоѓа Никола била градоначалник на Општина број 1 Тирана.

На изборите од 23 јуни 2013 год. таа беше избрана за пратеник во Собранието на Република Албанија од Тирана. Во периодот од септември 2013 до мај2017 год. ја извршува функцијата министер за образование и спорт. На изборите во јуни 2017 год. беше избрана за пратеник во Лежа. Од септември 2017 година, госпоѓа Никола станува член на извршниот комитет на Социјалистичката партија. Нејзината професионална биографија говори дека во меѓувреме, во 2006 година таа има завршено Академија за владдеење и реформа во Институтот за демократија и поврзување (ИДП) во Тирана, додека во јуни 2008 година има завршено Академија на комунитарна колиција и владеење на Универзитетот во Питсбургер, САД.

Приватоста на госпоѓа Никола говори дека таа мажена за проф, д-р Лигор Никола и е мајка на една ќерка. Инаку, нејзиниот сопруг Лигор Никола родум е од село Врница, областа Голо Брдо. Моментално е декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана, пренесува Весник Илинден.

Јапонскиот пејач растури со македонските песни „Земјо македонска“ (Видео)

Врвниот јапоснки оперски пејач, Казухиро Котецу е вљубеник во Македонија и македонската песна.

Тој на својот Јутуб канал редовно изведува македонска народна музика, а има илјадници прегледи од нашинци кои се воодушевени од неговите изведби.

Последната преработка на македонска песна е на познатата „Земјо македонска“ кој тој ја изведува брилијатно.

Убаво е кога ќе добиете потврда за прекрасната култура на сопствената земја од некој друг.

Погледнете: