Tag Archives: МакедонскаФудбалскаРепрезентација

Исполнета роденденската желба, ем победа, ем дрес, браво за Костадинов ❤️👏

Фантастична атмосфера имаше на Арената “Тодор Проески“ во Скопје за натпреварот вечерва.

Од желби на фановите имаше една посебна порака од една девојка.

Таа со транспарент им порача на фудбалерите:

Роденден ми е! Сакам победа! Сакам дрес!“.

Фото: ФФМ

 Тихомир Костадинов нашиот фудбалер ѝ ја исполни роденденската желба од трибините.

фото: гол.мк

Ристовски: Во нашата соблекувална нема бел, црн, нема Албанец, Македонец, има еден дрес за кој играме

„Македонија не е навикната да игра вакви натпревари, за настап на Европско, за бараж на Светско првенство, но мислам дека ги отворивме очите на фудбалскиот свет. Денеска Македонија е загушена од многу работи, и затоа ми е драго што го израдувавме народот. Во нашата соблекувална нема бел, црн, нема Албанец-Македонец, има еден дрес за кој играме и тоа го покажуваме“, вели Ристовски.

Македонскиот капитен, Стефан Ристовски вели дека репрезентацијата полека се навикнува да ги игра мечевите под притисок, откако со 3:1 го совладавме Исланд и така првпат во историјата се пласиравме на бараж за настап на едно Светско првенство.

Фото: ФФМ

„Земјо македонска“ грми од соблекувалната (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација со победа од 3-1 над Исланд се пласираше во бараж натпреварите за Светското првенство, а по мечот славјето на македонските фудбалери беше големо.

Како се славеше во соблекувалната

Видео:

Девојките не израдуваа со прва победа на светски квалификации

Фудбалска женска репрезентација на Македонија израдува со победа.

Девојките дојдоа до победа и тоа на гости терен над Летонија со резултат од 1-4, во квалификациите за Светското првенство.

Во следната рунда ќе има уште една можност за поволен резултат со оглед на тоа што играме против Луксембург на 26 октомври

Организиран пречек на македонските фудбалери на скопскиот аеродром

Авионот со македонската фудбалска репрезентација денеска околу 13:30 часот треба да слета на скопскиот аеродром.

Фудбалерите иако го завршија настапот на Европското првенство заслужуваат да бидат пречекани.

По тој повод се организира достоинствен пречек со цел фановите да ги дочекаат како што доликува своите љубимци кои со игрите, и покрај трите порази, сепак не разочараа.

Организираниот автобуски превоз до скопскиот аеродром тргнува во 12:30 часот пред Агенцијата за млади и спорт.

Барди: Пандев ќе ни фали секогаш, тој е најголемиот играч во историјата на македонскиот фудбал

Фудбалерот за врска на македонската репрезентација Енис Барди, рече дека Пандев многу ќе недостига во иднина.

– Цел живот ќе ни биде во глава ова ЕП. Искуство што го стекнавме треба да не носи напред и да ни дава сила во обидите повторно да направиме ваков успех. Сонот на сите нас беше да дојдеме овде и да докажеме дека Македонија има квалитетни играчи. Натпреварот со Холандија изобилуваше со многу емоции поради пензионирањето на Горан Пандев, затоа што знаеме кој е Горан и што значеше за оваа репрезентација. Ќе ни фали секогаш. Тој е најголемиот играч во историјата на македонскиот фудбал. Ние сите треба да продолжиме по неговиот пат. Тој беше пример за сите нас. Сега треба да се одмориме, а потоа на работа со цел да се вратиме меѓу европската елита, изјави Барди.

Македонската репрезентација вечерва загуби од Холандија со 3:0 и без освоен бод ги заврши настапите на ЕВРО 2020.

Ангеловски: Среќен сум што испишавме историја и ја однесовме Македонија на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, вечерва на прес-конференција по поразот од Холандија (0:3) ги искажа своите впечатоци за дебитантското учество на едно Европско првенство.

– Можам да кажам дека беше огромно задоволство да се води Македонија на едно Европско првенство. Воопшто не треба да бидеме разочарани. Ова беше наш дебитантски настап. Би сакал да им се заблагодарам на фудбалерите предводени од капитенот Горан Пандев за сè што направија на ЕВРО 2020. Среќен сум што испишавме историја и ја однесовме Македонија на Европското првенство, изјави Ангеловски.

Според најавите, и Ангеловски го имаше последниот натпревар како селектор, бидејќи, како што рече тој самиот, договорот со Фудбалската федерација на Македонија му истекува на 31 јули.

ПАНДЕВ ЕДВАЈ ГИ ДОДРЖА СОЛЗИТЕ: Расплакани фанови од трибините и дрес од Холанѓаните (Фото+Видео)

Штотуку започна натпреварот помеѓу Македонија и Холандија, а за време на пеењето на македонската химна Горан Пандев едвај се воздржа да не заплака.

Нашиот капитен кој денеска го игра последниот меч за репрезентацијата со солзи во очите и еден тон емоции ја пееше нашата химна.

Додека Пандев се воздржа, фановите на трибините веќе плачеа, а и му порачаа „Горан Пандев фала ти.

Холанѓаните му подарија дрес.За време на ракувањето на капитените, Вајландум му подари дрес на Пандев од Холандија со број 122, колку уште има настапи за репрезентација!

Браво за овој гест!

Македонија дeнec ќe гo имa пocлeдниoт нacтaп нa ЕП вo фyдбaл – пocлeдeн мeч и зa Горан Пандев во нaциoнaлниoт дpec!

Фудбалската репрезентацијата на Македонија денес во 18.часот во Амстердам го игра својот последен натпревар на ЕУРО 2020 против репрезентацијата на Холандија.

Ова беше историски прв настап за нашата репрезентација на Европско првенство, и иако резултатски во првите два натпревари потфрливме, тоа секако не треба да се доживее како разочарување, со оглед на фактот што дебитиравме на едно големо натпреварување како самостојна држава.

Овие момци , не направија горди во секаква смисла на зборот, и за прв  пат ја осетивме фудбалската еуфорија на едно големо натпреварување. Македонија ги загуби двата натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 и останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 за престиж и да се одигра за капитенот Горан Пандев кој за последен пат ќе го носи националниот дрес, Горан Пандев дебитираше во 2001 година а досега за Македонија настапи на  113. натпревари и постигна 34 погодоци.

Без разлика на крајниот резултат , Македонските фудбалери се најголемите херои кои ја сплотија македонската нација и повторно ја вратија вербата во репрезентативниот фудбал.

ЕВРО 2020 ќе биде запишано со златни букви  во Македонскиот репрезентативен фудбал и без разлика на се што ќе се случи во иднина, така и ќе остане.

Секоја чест за момците кои не направија горди во секоја смисла на зборот, направија Македонија да се пробие на Европската фудбалска карта и го направија горд секој Македонец каде и да живее.

Капа доле за се дечки и уште еднаш благодарност што ни овозможивте да уживаме во ЕВРО 2020 со Македонија.