Tag Archives: МакедонскаФудбалскаРепрезентација

Гори Букурешт! Навивачките грла пејат: Бисер Балкански! (Видео)

Видео од загревањето на македонските навивачи, ечи Бисер балкански, сите пејат, позитивна атмосфера и бакљи се палат во пресрет на натпреварот вечерва на Македонија и Австрија од 18:00 часот.

Среќно Македонијо!

Видео:

ЕСПН: Македонија го има најубавиот дрес на Европското првенство! Грците со жалба (Видео)

Американски „ЕСПН“ го прогласи дресот на македонската фудбалска репрезентација за најубав на ЕП.

Некогашниот американски репрезентативец, Еркулес Гомез Уртадо заедно со Клинтон Јејтс го издвоија нашиот дрес како најоригинален и најтрактивен на првенството.

Македонија утре ќе дебитира на Европското првенство со мечот против Австрија од 18 часот на националната арена во Букурешт.

Видео ТУКА

А на само неколку часа пред почетокот на Европското првенство нашиот јужен сосед упатил жалба до УЕФА за македонскиот дрес, објави грчкиот весник ‘Катимерини’.

Грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис се буни за логото на ФФМ на дресовите, односно кратенката „Фудбалска федерација на Македонија“, бидејќи истата ја нема придавката „северна“, што е спорно според Преспанскиот договор.

Писмо со жалба стигнало и до македонската власт откако грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас испратил допис до македонскиот колега Бујар Османи.

Оваа генерација е најсветото нешто, генерација која ја обедини Македонија 🇲🇰

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… денот кој го сонував долго време низ мојата кариера… Македонија да игра на едно големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација… Сакам како капитен да ви се обратам на целата нација: Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија… Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас навивајте за Македонија!“, напиша Горан Пандев на својот Инстаграм профил.

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Букурешт (Фото)

Македонската фудбалса репрезентација пристигна во Букурешт каде што ќе ги одигра првите 2 натпревари од Европското првенство против Австрија и Украина. Тие во Букурешт го играат својот прв дуел на 13-ти јуни, во недела, со репрезентацијата на Австрија, а 4 дена подоцна на 17 ти јуни со репрезентацијата на Украина. Овие два натпревари ќе се играат на националната арена во Букурешт каде што ќе има и ограничен број на македонски навивачи.

Кој од протокол во Влада работи во МРТ? (Фото)

Твитови на денот:

Секоја чест! Македонија го прегази Казахстан со 4:0

Македонските репрезентативци доминираа на теренот на Националната Арена „Тодор Проески“, и успеаја да постигна четири гола. Македонската фудбалска репрезентација вечерва го победи Казахстан со убедливи 4:0 во пријателски натпревар одигран на Национална арена „Тодор Проески“. Стрелци на головите беа Езгјан Алиоски, Иван Тричковски, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.

Првиот гол, Македонија го постигна во 35 го постигна Алиоски од пенал. Во второто полувреме, голови постигнаа Тричковски, Ристовски и Чурлинов.

Со оваа победа Македонија патува во Букурешт каде на 13 јуни против Австрија ги очекува историскиот настап на ЕП.

Одиме на Европско!

Прекрасен пријателски натпревар со Словенија, нерешено, а Елмас блескаше со гол!

Македонија изигра нерешено со 1-1 против Словенија во пријателскиот меч кој се одигра предмалку на Националната арена „Тодор Проески“ откако мрежата на гостите ја затресе фудбалерот Елиф Елмас.

Одличен натпревар изиграа нашите фудбалери со многу шанси кон голот на противниците , штета што не забележавме резултатска победа. Им посакуваме многу среќа на Европското првенство кое треба да започне за десетина дена.

Македонија на ЕП со стариот дрес! Сејдини откри што се случило со изборот на новиот

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини по бројните реакции по јавноста откако беше презентиран новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација за настап на ЕП 2020, пресече и доцна синоќа соопшти дека Македонија ќе настапува во досегашниот дрес.

Сејдини им се извини на навивачите, нагласувајќи дека ја превзема одговорноста, но и дека е испратен допис до УЕФА за промена на дресот на репрезентацијата. Во продолжение интегрално ви го пренесува писмото на Сејдини.

-Драги навивачи на македонската репрезентација, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство.

Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст.

Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање. За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер.

Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови.

Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање.

Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото.

Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме.

Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб, пишува Сејдини во писмото до јавноста.

Се појави онлајн петиција за враќање на стариот дрес на Македонија

Откако денес ФФМ го промовираше новиот дрес на Македонија со кој ќе настапува на ЕУРО 2021 се појави онлајн петиција за враќање на стариот дрес.

Петицијата „Македонија на ЕП со старите дресови“ е покрената заради незадоволството во изборот на боите и изгледот на дресовите со кои репрезентацијата ќе игра против Австрија, Украина и Холандија на континенталниот шампионат.

Инаку, новите дресови се во бордо боја.