Tag Archives: македонскарепрезентација

Македонските ракометари го прегазија Луксембург👏

Ракометната репрезентација на Македонија успешно ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година. И комбинирани „црвено-жолтите“ беа подобри од Луксембург (38-24) кој важи за аутсајдер во квалификациската група.

Прашањето околу победникот на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ниту еднаш не беше доведено под знак прашалник. Македонија доминираше од првата до последната минута и заслужено го освои полниот плен кој сигурно е дека ќе ја крене самодовербата пред патувањето за Турција. Во ростерот го немаше Дејан Манасков кој е повреден, но тој може да игра на втората квалификациска средба.

Бековите имаа добар старт на натпреварот против најслаборангираниот тим во групата. Талески и Ѓорѓиев беа главни играчи во шутерската линија, потмопогнати од Митревски кој забележа две одбрани, на Македонија ѝ донесоа 8-4 во средината на првото полувреме. Луксембург во следните десет минути не успеа да постигне гол и тоа го чинеше катастрофа.

И покрај сите ротации на Лазаров, Македонија играше одлично во одбраната, го принуди противникот да греши, тоа донесе лесни напади за Македонија кои беа реализирани преку Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски. На полувремето нашиот национален тим имаше предност од 18-7. Веќе беше јасен победникот по само 30 минути и Лазаров ги испроба сите играчи во вториот дел.

Деби-гол во дресот на Македонија постигна Марко Стојковиќ од РК Алкалоид, одличен меѓу стативите беше Марко Кизиќ кој ја доби шансата на местото на Никола Митревски и максимално ја искористи. Како што одминуваше мечот така се зголемуваше разликата. Највисоката предност која Македонија ја имаше беше 13 гола разлика. Пред финишот шанса доби и Иван Џонов кој исто така успеа да даде деби-гол, ама на минута пред крајот доби црвен картон поради остар старт.

Најдобри кај стрелците кај Македонија беа Мартин Серафимов, Цветан Кузманоски и Филип Кузмановски со по пет постигнати гола, пред Игор Ѓорѓиев кој даде четири гола од четири обида. Кај Луксембург се истакнаа Вердел, Хофман и Вејер, сите тројца дадоа по четири гола. Кај голманите Никола Митревски фати седум топки во првиот дел, додека Марко Кизиќ имаше шест одбрани во вториот дел.

Извор: Гол.мк

Нашите кapaтe херои ocвoиja вкyпнo 3 сpeбpeни и 2 бpoнзeни мeдaли нa ЕШ за дeцa во Белград

Македонските карате надежи освоија 3 сребрени и 2 бронзени медали на ЕШ за деца. Камелија Недев освои 2 место во кихон ипон кумите каде во финалето беше грубо оштетена од страна на Романски судија и со тоа и беше одземен златниот медал.

Во кати поединечно Камелија Недев го освои бронзениот медал. Матеј Мангаровски и Марта Димковска освоија сребрен медал во џиу ипон кумите за деца, a Софија Јарчевска освои трето место во кихон ипон кумите за девојчиња.

Денес според распоредот ќе настапат кадетите и јуниорите а во недела сениорите, информираат МТКФ.

СРЕЌНО: Боите на македонската репрезентација ќе ги бранат 13 каратисти на Европскиот шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате од 29-31 октомври 2021 година ќе учествува на 35-от ЕТКФ Европски шампионат во традиционално карате во Белград, Србија.

Боите на македонската репрезентација во Белград ќе ги бранат: Дејан Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ во сениорска конкуренција, Антонија Белазелкоска, Иван Пиневски и Максимилијан Глигоров во јуниорска конкуренција, Мила Младеновска во кадетска конкуренција и Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Борјан Синадиновски, Марта Димковска и Софија Јарчевска во конкуренција на деца.