Tag Archives: македонскинарод

ГРУБИ: Со Бугари во Уставот најмногу добиваат Македонците, ни Преспанскиот, ниту договорот со Бугарија е против македонскиот народ

Со влегување на Бугарите во преамбулата на уставот добиваат Македонците затоа што така се прави разлика меѓу Македонците и Бугарите и со тоа завршуваат претензиите дека сите Македонци се Бугари, вели вицепремиерот Артан Груби во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk.

Груби убедува дека ни Преспанскиот договор, ниту договорот со Бугарија е против Македонија и против македонскиот народ.

– Не знам кој ги храни наративите против уставните измени во провладините медиуми, но знам дека храбро е донесена одлуката за склучување на договорот за добрососедство со Бугарија. Ја гласавме во Владата и беше усвоен во Собрание. Јасно е дека имало резерви да не се направи некој превид и се покажа спротивното и започнавме преговори со ЕУ, вели Груби одговарајќи на прашањето за антибугарска хистерија во провладините медиуми.

Тој верува дека јавната кампања во медиумите и јавноста против внесување на Бугарите во уставот е поврзано со негативните чувства што за време на поранешна Југославија постоеја кон Бугарија.

– Овдешната јавност е многу чувствителна кон прашањето со Бугарија поради наметнатата свест од поранешна Југославија. Вие добро знаете како ја доживуваме Бугарија во осумдесеттите и деведесеттите години. Ние тогаш имавме подобар стандард од Бугарите додека сега Бугарија е членка на ЕУ и на НАТО. Сега тие не условуваат и тоа ги иритира граѓаните, оценува Груби.

Коментирајќи ги резултатите од анкетите, кои наводно покажуваат пад на поддршката на етничките Македонци за ЕУ, Груби негира дека владата го храни евроскептицизмот преку провладините медиуми затоа што знае какви ставови има владата.

– Можеби луѓето што ги водат тие медиуми имаат такви убедувања. Знам дека постои аверзија против уставните измени и договорот со Бугарија. Но, ние треба да ги решаваме проблемите, да донесеме тешки одлуки, кои ќе бидат праведни и добри за луѓето. Ако сакаме да влеземе во ЕУ треба да донесеме тешки одлуки и треба да мислиме за идните генерации, а не за следните избори, додава Груби.

Ако Македонците и Албанците се поларизираат околу уставните измени, тогаш ќе се доведе во прашања европската иднина на земјата, смета тој.

Познато колку граѓани од Бугарија ќе дојдат за роденденот на Гоце Делчев, нема да се илјадници туку само граѓани кои го почитуваат македонскиот народ

Некаде околу 150 граѓани од Република Бугарија в сабота ќе дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, најави претседателот на здружението „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов во изјава за „А1он“.

– Јас исто така ќе бидам на граничниот премин Деве Баир иако немам право да влезам во Македонија. Јас и луѓето кои ќе пристигнат во Македонија, го признаваме македонскиот народ и сакаме заеднички чествувања за Гоце Делчев, затоа што тој е наш заеднички херој. Без навреди и тензии – рече Виктор Стојанов за „А1он“.

Тој вели дека нема потреба да доаѓаат илјадници луѓе, како и фудбалски навивачки групи, туку само обични граѓани кои го почитуваат македонскиот народ.

Кој ќе го НЕГИРА И НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СРЕДЕ СКОПЈЕ, тоа ќе му биде ПОСЛЕДНО ДОАЃАЊЕ – рече Османи во Софија

Провокација од политичари кои доаѓаат во Македонија и сред Скопје го негираат македонскиот народ, или го навредуваат македонскиот народ, тоа мора да го прекинеме, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи по посетата во софиската болница денеска на повредениот Х.П., кому во четвртокот му беше скршена вилицата во тепачка, во Охрид.

„Такво едно доаѓање на лица што го навредуваат и негираат македонскиот народ или припадниците на друга заедница, ќе биде негово последно доаѓање. Како што, и ние нема да дозволиме никој да ја вреѓа бугарската заедница и најмалку пак да покаже насилство. Овие провокации мора да прекинат – денеска!“, кажа Османи, кој беше заедно со колегата Николај Милков.

Османи уште еднаш силно го осуди нападот, како што рече, на нашиот сограѓанин, на нашиот сограѓанин. Според Османи, таквиот чин на насилство не ги одразува вредностите на граѓаните Македонија, на нашето мултиетничко општество. Пред бројните бугарски новинари неколку пати кажа дека нашата држава ќе се погрижи да има нулта толеранција за насилство за кој било проблем, а особено за меѓуетничкиот соживот кој е нешто свето, што го градиме, рече, 30 години.

„Мора ние да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни и да ја наметнеме нашата агенда која еве двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме. Значи бугарската заедница е, и ќе биде почитувана заедница во Македонија, ќе ги имаат сите права и привилегии како и секој друг граѓанин од заедниците и секој Македонец, Бугарин, Албанец, Србин…ќе живеат слободно“, кажа Османи.

„Но исто така, сакам да упатам и порака дека провокациите кон другите заедници (прво ние нема да дозволиме негирање на  бугарската заедница во Македонија, како што нема да дозволиме негирање и на македонскиот народ.  Затоа сакам да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во Република Северна Македонија со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во Македонија. Значи двете прашања подеднакво мора да ги третираме“, беше дециден Османи.

Минатата недела, на 14 јануари, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на одбележување на 95 години од смртта на Мара Бунева на Кеј во Скопје, ја нарече актуелната власт србоманска.

„Тука сме собрани да им кажеме јасно на владејачките србомански политичари дека нема да ги оставиме да ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната и спроведена од Македонија од 7 јануари 1945 година“, кажа Џамбаски од бугарската партија ВМРО-БНД на мегафон, пред стотина Бугари.

Додаде дека нема да дозволи „продолжување денационализација на Бугарите во Македонија“.

Миркуловски: Има само еден победник-македонскиот народ кој покажа големо срце

Дел од од спектакл сосема очекувано беше Филип Миркуловски во свој стил порача дека има само еден победник-народот кој покажа големо срце.

-Некој да ми кажуваше дека ќе се случи ваков натпревар, организиран и да изгледа вака добро, немаше да му верувам. На крајот ќе има еден победник, македонскиот народ кој покажа големо срце, ја исполни салата за до последно место за да бидат донирани средства на оние на кои им се многу потребни, децата од СОС Детското село, -истакна популарниот Жути кој сега е дел од стручниот штаб на германскиот бундеслигаш Вецлар.

“Кога врховен командант се срами да каже МАКЕДОНСКИ НАРОД, јавно се извинувам што го поддржав Пендаровски“

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 упати јавно извинување кон граѓаните што си дозволил да го поддржи претседателот Стево Пендаровски на изборите.

„Јавно се извинувам на граѓаните што си дозволив тогаш да го поддржам, бидејќи сметам дека со неговите постапки не ги оправдува моите очекувања и очекувања на граѓаните, од кој што јас барав да дадат поддршка“, порача Димитриевски.

Димитров: Нема историски доказ за постоење македонски народ, македонска држава и дека Самоил бил македонски цар

Политичарите се секогаш на потег кога во прашање билатералните односи. Историјата влијае насекаде, историјата дава аргументи, им помага на политичарите да ги разберат корените на современите проблеми, но тие не се оние коишто ги одредуваат односите. Целата одговорност е на политичарите, вели претседателот на бугарскиот тим во заедничката македонско-бугарска комисија, Ангел Димитров.

Во изјава за БНТ, тој вели дека бугарската позиција е совршено јасна, а друго е прашањето колку добро е претставена и кој како сака да ја разбере.

Запрашан дали комуницираат со новите политички субјекти, Димитров посочува дека „со политичарите, сега не, особено со новите, бидејќи тие се зафатени со своја работа со цел да се формираат како идни одговорни фигури во државата“.

„Република Северна Македонија не покажува подготвеност да работи врз база на историски принципи, на наука и историја. За нив тоа е лизгав терен. Нема ниту еден историски доказ којшто говори за постоење на македонски народ, македонска држава и дека Самоил бил македонски цар“, изјавил Димитров.

Говорејќи за македонско-бугарските односи, тој вели дека „едвај имало држава која повеќе од Бугарија сакала Северна Македонија да влезе во ЕУ“.

„Но, секогаш има едно големо ‘но‘ кое што зависи од подготвеноста на земјата кандидата. Би сакал да кажам дека Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите, но не гледам основа за тоа“, објаснува Димитров.

Запрашан за иднината на заедничката македонско-бугарска комисија дека колку и да изгледа непродуктивна, го привлекува вниманието на јавноста и во двете држави.

„Прашањето ги интересира граѓаните, а комисијата е показател за состојбата во билатералните односи“, изјави Димитров.

Тој најави дека в четврток и в петок ќе се одржи следната седница на заедничката историска комисија.

„Ќе разговараме за тоа за што разговараме веќе пет седници по ред. Заглавивме во 10-11 век, крајот на Првото бугарско царство, времето на Цар Самоил и неговите наследници. Не остана време за зборуваме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев“, изјавил Димитров.

МКД.мк