Tag Archives: Макрон

Пука тиквата и во Франција: 13.000 полицајци го бранат Макрон (Видео во живо)

Во Франција започна уште еден ден протести. До почетокот на денот беше блокиран аеродромот во Бијариц, блокирани се патиштата кон Гар де Лион во Париз, а немирите продолжија низ целата земја.

Најавени се досега „невидени безбедносни мерки“. Најавена е мобилизација на 13.000 полицајци и жандарми. Од нив 5,5 илјади луѓе во Париз.

Макрон најави бесплатни кондоми за младите од 18-25 години

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на територијалната седница на Националниот совет за обнова, посветена на здравство во Фонтен-ле-Конт, во близина на Поатје, објави дека пристапот до кондоми ќе биде бесплатен во аптеките за млади на возраст од 18 до 25 години од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА.

„Во аптеките кондомот ќе биде бесплатен за 18/25 години. Одлуката ќе почне да се применува на 1 јануари и претставува мала превентивна револуција “, рече претседателот Макрон за време на седницата на Националниот совет за обнова посветена на здравјето на млади те луѓе.

Весна Бејби: Макрон, јас сум Македонка!

Ова е ненормална работа. Ова е лудило. Не знам зошто сите не излегуваат на улица. Треба цела Македонија да се дигне на нозе. Се обидувам да сум разумна, да не сум патетична, да ги разберам некако зошто би преговарале кога и вака и онака нема да влеземе во ЕУ во следните 10-15 години. Не сакам да ме нарекуваат Северна Македонка. Макрон, јас сум Македонка. Ако не разбираш ќе ти преведеме – рече актерката Весна Петрушевска на вечерашниот протест во Скопје против францускиот предлог.

Актерката повика народот да се обедини околу ова „Не“ и дека секој културен работник треба да чувствува одговорност да излезе на протест.


– Како ќе ја чуваме македонската култура? Ние тука што сме, сме виновни за тоа што дојдовме до ова дереџе. Не сакаме насилство и не потклекуваме на провокации. Со достоинството и чест се раѓате. Секој ден на протест сѐ додека ја срушиме оваа влада – повика Петрушевска.

Што и фали на сликата на Османи и Рама со Макрон ???(ФОТО)

Двајца Албанци зборуваат за Македонија со францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Шолц додека една словенечка министерка, Тања Фајон, го следи разговорот.

Зошто Министерот Османи од самитот на НАТО каде што е договаран модифицираниот предлог на Макрон за ЕУ објавил фотографија на која нема Македонец, треба да објасни шефот на дипломатијата.

Ако одговорот е дека нема заедничка фотографија со Пендаровски кој е исто така присутен на самитот на НАТО се работи за еден проблем поврзан со државното единство.

Но ако Османи има заедничка фотографија со Пендаровски а тој ја одбрал оваа со Еди Рама тогаш Македонија има друг уште посериозен проблем а е поврзан со етнички комбинаторики на Албанците во регионот.

Очигледно Османи се уште не научил дека дипломатијата не е само прифаќање на туѓи предлози на ваша сметка и сликање со моќни светски политичари.

На ред е Османи, да се извини за лошиот избор на фотографијата и да каже дека направил гаф, во спротива тој ни испраќа јасна порака дека Албанците решаваат за македонската судбина додека Пендаровски и Ковачевски се занимаваат со други работи.

Експрес.мк

Макрон: Најдовме решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија

Претседателот на Франција Емануел Макрон на прес-конференција во Мадрид, на Самитот на НАТО изјави дека е уверен оти е најден добар договор помеѓу Скопје и Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– За прашањето на пристапувањето на Македонија ги продолживме нашите консултации со македонските и бугарските власти затоа што нашата заложба за европската перспектива на Западниот Балкан е да можеме да ги отвориме првите поглавја за Македонија и Албанија. Врз основа на овие консултации, уверен сум дека најдовме компромисно решение кое одговара на сензибилитетот на секој. Во интерес на Бугарија и на Македонија, прифатлив за сите, изјави Макрон.

Тој изрази надеж дека „разгледувањето од двете страни во следните денови ќе го потврди ова“.

– Од сега премиерот и претседателот на Бугарија потврдија дека го прифаќаат предлогот. Прифаќањето ќе бара консултации во Скопје. Ова решение носи безбедност, предвидливост и сигурност за надминување на споровите наследени од минатото, потенцира Макрон.

Османи го брани Макрон за „Северномакедонци“: Францускиот претседател направил ненамерна грешка

Комунициравме веќе со Амбасадата на Франција и немаме дилеми дека францускиот претседател направил ненамерна грешка, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање дали и како Македонија ќе реагира откако Макрон вчера во Брисел, во изјава за медиумите, нѐ нарече „Северномакедонци“.

-Ние комунициравме со Амбасадата на Франција колку да ја испочитуваме формата, но и вчера реагиравме во комуникација со француската делегација, премиерот имаше комуникација со Макрон, во Брисел. Немам дилеми дека е тоа ненамерна погрешна формулација на францускиот претседател. Макрон апсолутно нема дилема по однос на името и идентитетот и по однос на прашањата кои се дефинирани овде и во Обединетите нации, изјави Османи.

Македонија никој не ја прашува: Ако Бугарија го прифати францускиот предлог, ЕУ утре ќе ја одобри преговарачката рамка

Доколку Софија вечерва даде позитивен одговор за предлозите на француското претседателство за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија, утре се очекува Советот за општи работи на ЕУ да ги одобри преговарачките рамки и придружните документи за Скопје и Тирана, а на Самитот за Западен Балкан в четврток да бидат одредени датумите за почеток на преговорите, наведува софиски „Стандард“.

Весникот потсетува дека постојаните дипломатски претставници на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат вечерва во Луксембург за да разговараат за т.н. „француски предлог“ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и за почеток на преговорите со Скопје и Тирана за членство во Унијата, при што ставот на Бугарија за преговарачката рамка предложена од Франција како претседавач со ЕУ се очекува да го изнесе Комисијата за надворешни работи на бугарското Народно собрание, откако Владата во Софија на 15 јуни реши сите одлуки во врска со спорот со земјава да им ги препушти на бугарските пратеници.

„Стандард“ тврди дека во поднесениот предлог на француското претседателство и европските институции се прифатени повеќето барања на Бугарија за Македонија и тие се вклучени во преговарачката рамка.

– Промената на Уставот на Македонија ќе обезбеди почитување на правата на Бугарите во земјата, а Европската комисија ќе врши мониторинг на процесот, што ги вклучува и дискриминацијата и говорот на омраза, наведува весникот.
Во меѓувреме, потпретседателот на бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристиан Вигенин оцени дека „францускиот предлог“ е најдоброто решение понудено од 2019 година, па досега.

Макрон сака да ги тормози и нервира невакцинираните: Ќе им го направам животот тежок

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во разговор за весникот Le Parisien дека сака да ги изнервира Французите кои сѐ уште не се вакцинирале против Covid-19 и, колку што е можно повеќе, да им го ограничи простапот до јавниот живот.

„Сакам да ги изнервирам невакцинираните. Тоа и натаму ќе го правиме, докрај. Таква е стратегијата“, вели Макрон, додека истовремено во францускиот парламент продолжува жестоката расправа за предлог-законот за потврдите за вакцинираност.

Франција минатата година воведе потврди со кои на лицата со негативен PCR тест и на вакцинираните им овозможува влез во рестораните, кафулињата и во други објекти, што владата сега сака да го промени и да воведе само потврди за вакцинираност.

Макрон вели дека не се залага за нервирање на Французите, но кога станува збор за невакцинираните нив сака да ги изнервира.

„Не сакам да ги испраќам во затвор, не сакам да ги присилувам на вакцинирање. Ним треба да им се каже: од 15-ти јануари веќе нема да можете да одите во ресторани, на пијалак, на кафе, во театар, во кино…“, додава францускиот претседател.

Овие изјави на Макрон, кандидатот на крајната левица на претседателските избори во април Жан-Лук Меланшон од Непокорена Франција ги оцени како „запрепастувачки“.

Според кандидатката на крајната десница Марин Лепен од Национален собир, претседателот на земјата не би требало така да зборува.

„Гарантот на единството на нацијата упорно сака да ја дели и сака невакцинираните да ги претвори во граѓани од втор ред. Емануел Макрон не е достоен за својата функција“, оцени Лепен.

Функционерот од конзервативната партија Републиканци, Бруно Ретејо тврди дека „нема таква здравствена институција којашто би ги оправдала таквите зборови“.

Макрон во споменатото интервју ја отфрли можноста од воведување нови мерки за сузбивање на Covid-19, наведувајќи дека одлуките донесени минатата седмица остануваат на сила.

Во разговроот за Le Parisien, Макрон вели и дека би сакал да се кандидира на претседателските избори кои би требало да се одржат за четири месеци, но и овојпат јасно не потврдува дали тоа и ќе го стори.

(ВИДЕО) Макрон погоден СО ЈАЈЦЕ во глава

Францускиот претседател Емануел Макрон беше погоден со јајце во главата за време на посетата на Интернационалниот саем за хотели во Лион. Јајацето не се скрши, туку се одби од неговата глава, а напаѓачот извика „Да живее револуцијата!“.

Веднаш по инцидентот тој бил совладан од обезбедувањето.

Заев вели дека Бајден, Меркел и Макрон го слушаат неговото мислење и си запишуваат

Сакам да го споделам чувството што значи сите 30 лидери на членките на НАТО да дискутираат и да го слушаат мислењето на Зоран Заев од Македонија, зашто Бајден, Меркел и Макрон имаат по еден глас во Алијансата колку и Заев.

Ова вчеравечер го истакна премиерот Зоран Заев на партиската трибина на СДСМ во Валандово.

– Помала земја сме од нивните, но не слушаат, запишуваат и нашите ставови и препораки се дел од политиките на НАТО, рече Заев.