Tag Archives: малолетник

Ужас во Скопје: Силувале малолетник и се снимале, а потоа го споделиле видеото со други

Малолетник бил силуван од двајца врсници во Скопје, а настанот бил сниман и споделен со други лица.

-На 27.04.2023 околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица, информира МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Малолетник запали бугарско знаме во Бугарија

17-годишен малолетник го запалил бугарското знаме откако претходно го украл од градското собрание на селото Александрово, во месноста Павел Бања, пренесува бугарската телевизија НОВА.

По пријава од страна на градоначалникот, полицијата во рок од 24 часа го открила сторителот и на 1 март случајот бил расчистен.

Против сторителот веќе е поведена претистражна постапка, пренесуваат бугарските медиуми.

Засега не се објавуваат мотивите на малолетникот.

ДЕТАЛИ: Како се удавил малолетникот од тетовско

Малолетникот на 16 години кој беше најден починат утрово околу 7 часот бил од Ново Село, Општина Желино, информираше СВР Тетово.

Неговиот татко вчера околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома.

-Денеска во 07:10 часот во водите на река Пена, на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го пронашле телото на малолетникот од Ново Село, Општина Желино. Неговиот татко Џ.Х.(46) пријавил дека на 21.12.2022 околу 16:00 часот од дома се оддалечил со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки. Ноќеска околу 02:20 часот, возилото било пронајдено во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“, соопшти СВР Тетово.

На местото каде бил најден малолетникот смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, тело е дадено на обдукција.

ТРАГЕДИЈА: Почина 22 годишник од струен удар

Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај на 22 годишник од Боговиње, кој животот го загубил поради повреди здобиени од струен удар.

Трагичниот настан се случил во соседното Камењане, каде 22 годишниот работел како градежен работник.

– Денеска (1 септември) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница бил донесен 22-годишниот Е.И. од тетовско Боговиње кој претходно, според првично пријавеното, задобил тешки телесни повреди од струен удар додека бил ангажиран на изведување на градежни работи (фасадирање) на училишен објект во тетовско Камењане.По извршениот преглед, лекарите констатирале негова смрт. По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција на бeзживотното тело на Е.И.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Увидот е во тек со учество на Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. (МИА)

Со автомобил „БМВ“ удрил во малолетно девојче во Скопје па избегал

На 01.04.2021 во 18.10 чaсот на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на незгодата.

Малолетничката била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје

„Вечерва некој храбар со ауди А8 го удри внук ми на пешачки и кидна!“

Hа 21.03.2021 во 20,00 часот било пријавено дека на бул.„Партизански одреди” во Скопје возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата напуштило лице место, удрило во 15 годишен пешак од Скопје.

По незгодата пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На Твитер роднина на прегазениот малолетник напиша:

„Вечерва некој храбар со ауди а8 го удри внук ми на пешачки и кидна. Се надевам ќе има природна рамнотежа и ќе си плати гадот“ вели граѓанинот.