Tag Archives: МаријаНакова

Струмичанката НАКОВА МАРИЈА се натпреваруваше во БОДИБИЛДИНГ во Англија „АРНОЛД КЛАСИК“, каде присуствуваа СТАЛОНЕ, БОЛД И ШВАРЦЕНЕГЕР

Нашата струмичанка Накова Марија која живее и работи во Англија, деновиве се натпреваруваше на големиот бодибилдинг натпревар „АРНОЛД КЛАСИК“. Накова беше дел од најпознатата федерација ширум светот – „НПЦ“ во бикини класа по шест месечни подготовки.

Првиот натпревар беше регионален натпревар на кој на Накова и беше потребен резултат за квалификација на „АРНОЛД КЛАСИК“ и истиот се одржа на 11 септември во Бормунт, Англија. На натпреварот таа го освои второто место и обезбеди карта за „АРНОЛД КЛАСИК“.

Со квалификацијата на големиот натпревар кој го носи името по Арнолд Шварценегер, Марија Накова се натпреваруваше како почетник во отворена класа и повторно во бикини верзија.

„Натпреварот за мене беше големо искуство и задоволство. Стоев помеѓу 150 натпреварувачки кои сите беа максимално подготвени. Сега се подготвувам за следната година кога „АРНОЛД КЛАСИК“ ќе се одржи повторно на 23 септември“ – вели Марија за Струмица Денес.

Инаку, на натпреварот присуствуваа и Силвестер Сталоне, Еди Хал, Јусејн Болд, Арнолд Шварценегер, Рони Колман и многу други големи спортски имиња. Честитки до Марија!