Tag Archives: Матуранти

ПРОБИЕНИ матурските тестови по англиски: Матураните си ги разменуваат одговорите во ВИБЕР група

Во група на Вибер, во која членуваат 7.000 матуранти, се разменуваат одговори и заеднички се решаваат матурските тестови по англиски јазик, објави „Прес24“.

Денеска се полага вториот експтерен испит. Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик.

За Математика се пријавени 1397, Француски јазик  – 29, Германски јазик – 122, Руски јазик – 17, Естетика – 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.

За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок годинава беа пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.

Како славеа матурантите од Прилеп – Песна, оро, знамиња… (ВИДЕО)

Матурантите од прилепската гимназија “Мирче Ацев” денеска го прославуваат завршувањето на четиригодишното средно образование, па со песна, оро и знамиња, го разиграа прво училиштето, а потоа и сите во центарот на градот.

Во пресрет на деновите кога треба да се одлучат каде ќе го продолжат своето образование, заслужуваат да се провеселат и за последен пат да се дружат со целата своја генерација.

Тажно: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти

Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта.

Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.about:blank

-Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.

Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета.

Идентична квота за упис во права година има и во гимназијата „АТА“ во Цента Жупа, каде се предвидени две паралалки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.

-Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наствата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријаени за полагање државна матура, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.

Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18 додека во Центар Жупа за пет

Општина Крива Паланка пушти срце – По 3.000 денари за сите матуранти

Во знак на поддршка на младите и субвенционирање на млади лица од општината, денеска на сметките на сите матуранти од средното општинско училиште „Ѓорче Петров” во Крива Паланка префрлени се 3.000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка. Се работи за новa мерка која општината ја воведува оваа година.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, на овој начин им ја честита матурата и рече дека првпат годинава се поддржани матурантите, со еден придонес кон претстојната прослава на нивната матурска вечер.

-Влогот во младите е влог во сигурна перспектива на општината и државата. Како општина, една од првите во државата, донесовме програма за млади, а од буџетот за 2023 издвоивме средства за директни субвенции на младите преку повеќе мерки, меѓу кои и за матуранти. Денес на сметките на сите матуранти од нашиот град, од СОУ „Ѓорче Петров”, како честитка за претстојната матурска прослава, префрлени се средствата од предвидените субвенции за нив – по 3.000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка, мерка воведена првпат од оваа година, рече Митовски.

Овие млади луѓе, порача, се иднината, најголемата вредност на општеството, а иднината зависи од она што го прават денес.

-Изборот за иднината нека биде резултат на  одлуките и изборите на кои упорно ќе се посветите, зашто секој успех е триумф на упорноста. Бидете упорни, вредни и мудри. Честита матура и среќно во новите предизвици, им порача Митовски.

Инаку, општина Крива Паланка од годинава воведе низа стимулативни мерки за млади, меѓу кои: субвенции за набавка на дигитални уреди, субвенции за набавка на велосипед, еднократна парична помош за секое новороденче, субвенција за набавка на количка за новороденче, еднократна парична помош за матуранти и други.

Од буџетот се вложува во спортска и детска инфраструктура, со поддршка од Владата, министерствата и Агенцијата за млади и спорт, со што се изградени повеќе спортски содржини и терени.

-Финансиска помош за сите спортски клубови е доделена во висина од 3 милиони денари, кои се насочени кон младите. Крива Паланка е град на млади таленти што ја заслужуваат нашата поддршка, додаде Митовски.

Матурантите од прилепската гимназија го кренаа цел град на нозе (Видео)

Матурантите од Гимназијата “Мирче Ацев” денеска го прославуваат завршувањето на четиригодишното средно образование.

Со зурли, тапани и песна, го кренаа на нозе цел Прилеп.

Немаше кој не застана и не се развесели заедно со нив. Ние им посакуваме среќна матура и успеси во понатамошното образование.