Tag Archives: Матурантка

Груби се пофали со матурантката – Морав да ја носам неколкупати во Косово на проба за фустанот

Хера, ќерката на првиот вицепремиер Артан Груби, матурира во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје. Татко ѝ сподели неколку фотографии од нејзината матурска вечер, а во очи падна и фустанот што го носеше таа. Хера заврши гимназија во истото училиште во кое завршиле и нејзините родители, ни откри Артан Груби во разговор за Репортер“.

Тој вели дека ќерка му е одлична ученичка во сите четири години и дека сè уште не знаат каде ќе студира, но секако дека тоа ќе биде тука во нашата земја. Го прашавме првиот вицепремиер и за изборот на фустанот, на што Груби ни открива: „Фустанот е креиран од дизајнерот Пајтим Раци од Косово и нејзин избор беше од првиот ден. Фустанот е со рачно креирана скулптура во форма на корсет, но морав неколкупати да ја носам на избор, на проба. Исто така, и шминката и фризурата беа во Приштина кај Selma&Kaci, а чевлите, накитот и чантата се од Скопје“, ни рече Артан Груби за „Репортер“.

Reporter го праша вицепремиерот дали е љубоморен татко, но и колку е близок со својата ќерка. На тоа тој вели: Не сум љубоморен татко, но имам големи очекувања и многу ги предизвикувам децата за да ги спремам да се соочат со општеството и со животот воопшто. Немаат привилегија во ништо. На пример, ќерка ми две години работи сезонски, а така ќе биде и годинава“, открива Груби.

Цел ТЕКСТ ТУКА

Панчо ДНК е решен да израдува една тинејџерка: Подарува фризура и шминка за матурантка – ќерка на самохрана мајка

Панчо од дуото ДНК е човек кој кога може и колку може секогаш се труди да помогне, па така и овој пат во пресрет на матурите на своите социјални мрежи откри дека ќе подари фризура и шминка на девојка која годинава ќе е матурантка, а која не може да си го дозволи тоа. Односно како што напиша тој во објавата предност имале девојките кои се одгледани од самохрани мајки.

Инаку, пејачот го откри и фризерот кој ќе ја подготвува девојката и за него не штедеше зборови: „Инаку шминката и фризурата за матурската вечер ќе биде направена од според мене најдобриот македонски шминкер и фризер Даниел Николовски кој без двоумење ја прифати мојата идеа и притоа додаде дека девојчето кое ќе отиде кај него ќе направи да блеска на нејзината матурска, а јас воопшто не се ни сомневам во неговите вешти и магични раце“.

Целиот негов пост ви го пренесуваме во целост:

„Драги мои.

Полека набилжуваат матурските прослави кои се еден од омилените и позначајни денови на тинејџерите. Со оглед на ситуацијата и општеството во кое живееме знаеме дека не секој може да си дозволи шминка и фризура за својата матурантка па оттука Панчо реши да подари и комплетно да ја подмири потребната сума за шминката и фризурата на некоја самохрана мајка која не може да го обезбеди тоа за својата ќерка.
Нема потреба да се срамите и слободно пишете во инбокс, а дискрецијата ви е загарантирана. Инаку шминката и фризурата за матурската вечер ќе биде направена од според мене најдобриот македонски шминкер и фризер Даниел Николовски кои без двоумење ја прифати мојата идеа и притоа додаде дека девојчето кое ќе отиде кај него ќе направи да блеска на нејзината матурска, а јас воопшто не се ни сомневам во неговите вешти и магични раце. 

Би ве замолиле само да го споделите постот или препратите до оној кому знаете дека навистина му е потребно. 

Приоритет имаат самохраните мајки.
Ви благодарам однапред.
Ваш Панчо“.

Матурантката Ања Спасовска од Куманово освои бронзен медал на олимпијада по хемија

Матурантката Ања Спасовска од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ освои трето место на меѓународната олимпијада по хемија „IchO“. 

Бронзениот медал, Спасовска го освои заедно со врсници од две скопски гимназии во конкуренција од 330 ученици од 83 држави од светот.

Олимпијадата се одржа онлајн, а годинава домаќин беше Кина. Ања се натпреваруваше и лани на Олимпијадата која поради ковид-состојбата се одржа онлајн. Тогаш домаќин беше Јапонија.

Успехот не доаѓа преку ноќ, вели Ања, која се вљубила во хемијата во основно образование, по што се надоградувала во изминативе години. Таа редовно учествувала на општински, регионални и државни натпревари по хемија што ги организира Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Дневно, пред натпреварите, одвојува по шест часа за учење.

– Кога ќе стигнеме до државен натпревар, првите десет од секоја категорија, прво, второ и трето имаат право на селекција која се одвива во јануари. По таа селекција се одбираат првите десет, следат подготовки што ги организираат професорите од Факултетот, нè подготвуваат, следи уште една селекција и се одбира тимот, претставник на Олимпијадата. Имаме тест од пет часа со осум до девет проблеми од различни области од хемија и секој го решава сам, раскажува Ања.

На Олимпијадата, учесниците решаваат проблеми од органска, неорганска, аналитичка и физичка хемија и комбинирани проблеми. Поголем дел од тестот има прашања по органска хемија.

– Интересно е што се става фокус на овој дел од хемијата. Мора да признаам дека ми е омилен дел од хемијата, вели матурантката.

Хемијата не и бил прв омилен предмет, туку музиката. Но, во осмо одделение во основното училиште „Крсте Мисирков“ кога се запознала со хемијата, таа ѝ станала предизвик. Веднаш почнала со натпревари. Токму подготовките за натпреварите биле пресудни да го засака предметот.

– Подготовките за натпреварите беа можност продлабочено да се изучува предметот. На училиште се изучува, но, не толку детално. Жал ми е што морам да кажам дека на повеќето ученици, хемијата не им е омилен предмет. Затоа треба суштински да се ангажираме со поддршка на професорите, вели Ања.

Младата кумановка вели дека иако во училиштата има кабинети, нема доволно практична настава.

– Единствените експерименти што ги правев беа на натпреварите по хемија во поранешната „Народна техника“, но само во прва година. Потоа почна пандемијата и учевме онлајн, вели Ања.

Спасовска е првенец на генерација. Ќе го продолжи образованието со фокус на хемијата во Љубљана, Словенија. Планира да заврши мастер, подоцна за докторат ќе продолжи во Швајцарија.

– Би сакала да бидам професор на факултет, подоцна би сакала да имам истражувачки тим или да работам на факултет со истражувачки тим. Би сакала или органска или физичка хемија, ќе одлучам во текот на студиите, вели матурантката.

Нејзината менторка, класен раководител и професорка по хемија во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, Лидија Тасевска Стојковиќ вели дека учениците како Ања се ретки.

– Последниве две години поради состојбата со пандемијата наставата се одвиваше онлајн, а последнава година поради протоколите, наставата не се одвиваше во кабинетот, единствено при крај на учебната година кога ја подготвуваше матурската тема се посветивме на експерименталниот дел, вели професорката.

Таа додава дека има ученици кои ја сакаат хемијата, но со Ања го постигнува најголемиот успех.

– Таа е прво девојче од државата која успеа да освои медал. Многу сум горда на нејзиниот успех. Таа е исклучителен ученик, а пред се прекрасна личност, успешна на секое поле, вели Тасевска Стојковиќ.

Професорите се трудат да им посветат внимание на надарените и талентирани ученици. Покрај редовните часови, професорите организираат дополнителни часови за учениците како Ања.

– Мислам дека се потребни некои измени во поглед на образованието, особено за надарените ученици. Токму преку ваквите меѓународни натпревари ги забележуваме недостатоците на нашиот образован систем за работа со талентирани ученици, иако имаме доста солидно образование, што покажуваат и овие успеси. Сепак, потребно е надоградување во чекор со напредувањето на науката и малку повеќе стручна литература, вели Тасевска Стојковиќ.

Во македонскиот тим учествуваа и Дарко Стојчев, матурант од гимназијата „Јосип Броз Тито“, кој освои бронзен медал и Филип Бојаџиевски од скопската гимназија „Орце Николов“. /МИА