Tag Archives: Мечка

(Видео) Излегов да берам дренки кога пред мене излезе мечката и ме нападна

Седумдесет и шестгодишниот Минче Рамчески од Пласница вчера излегол да бере дренки кога пред него се појавила мечката и го нападнала.

Мечката го загризала за левата слабина. Беспомошен барал помош и во пресрет излегле ловци кои почнале да пукаат во воздух. Мечката побегнала.

Во разговор со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, Рамчески зборуваше за нападот.

„Полека со стапчето појдов и стигнав до Горно Село, тоа старо село е. Тука барав дренки, најдов понекоја и седнав на патот. Го оставив стапчето и запалив цигара. Така си седев, кога одеднаш, не знам како се најде тука, пред мене се појави мечката. Ме турна, ме легна долу. Сакав да ѝ дадам отпор, ама не можев. Се исплашив многу“, раскажа мажот.

https://youtu.be/pgypXXyeQhk

Почнал да бара помош, па дошле ловци кои случајно биле во близина.

„Викав ‘Помош, помош’. Ловците пукаа. Им Благодарам што ме спасија. Ви благодарам и вас што дојдовте да ме снимите“, вели човекот.

https://youtu.be/MN43S1aDEBM

Рамчески рече дека годинава наишле на многу места каде што имало стапала од мечки, а видел и мечка на голема далечина.

МЕЧКА влегла во домот на екс пратеникот Љатиф Пајкоски: Умоболни бирократчиња ја штитат мечката, но не и населението

Екс пратеникот од СДСМ Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше вчера алармираше дека претходната вечер вчера во неговиот двор влегла мечка.

-Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нема ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, покрај фотографиите од непоканетата „гостинка“ во дворот.

Во истото село пред десет дена ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронајде отстрелана мечка со две мечиња.

Директорот на Инспекторатот за животна средина, Сретен Стојановски изрази згорзенот од овој чин и нагласи во таа прилика дека виш инспектор со колеги од Агенцијата за храна и ветеринарство и останатите надлежни инспекторати работат на теренот на утврдување на причините за смртта на мечките.

Инаку Националниот парк „Маврово“ е природно живеалиште на кафеавата мечка, животно кое е под трајна заштита на државата, согласно Законот за ловство и не смее да се лови.

Минатата недела жители на шарпланинското село Бродец снимија мечка како со мало мече се обидува да влезе во еден дом во ова село. На видеото се гледа како жител во страв го затвора прозорецот, но мечката упорно стои под прозорецот и се обидува да влезе во неговата куќа.

Поради честите пријави за појава на мечки и во НП Маврово и во НП Шар Планина, постои координација меѓу двата национални паркови како да се заштитат овие видови животни.

-Сепак безбедноста на човекот е на прво место. Има опции или да се дислоцираат мечките, но ако има моменти каде човекот е загозен, може и да се острела мечката, изјави директорот на НП Шар Планина Ибрахим Дехари по инцидентот во Бродец.

Една од причините поради која мечките влегуваат во населените места се дивите депонии околу селата во потрага по храна.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=6871707476228332&id=100001674423445&mibextid=Nif5oz

Спасена мечка која 10 часа била заглавена на Шар Планина (Видео)

Од Националниот парк Шарл Планина информираат дека по дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка.

Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на Град Скопје организираа акција за ослободување на животното.

– Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа Бозо беше успешно ослободен. Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата, се вели во објавата од Националниот парк.

Од таму упатуваат благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката.
Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни.

(ВИДЕО) Мечка спасена од нехумани ловци кои ја заробиле со сајли

Дива мечка над пелистерското село Брајчино беше заробена и жртва на диви ловци кои користеа нехумани методи на примки- односно, сајли за замки – пишува Бабам Битола.

На повик на здружението „Мали херои” од Битола кое е за заштита на животните, Перо Стојчевски и Александар Алексов, ветеринари од Битола и Ресен, заедно со планинскиот спасувач Петар Нолев, веднаш се упатија на лице место каде со пушка за успивање и соодветна анестезија ја успија мечката. Следуваше прва помош со третирање на раните, антибиотска терапија, чип-таг, по што беше успешно разбудена и ослободена во природа.

Како се одвиваше целата ситуација и хуманиот третман врз неа погледнете на следното видео:

https://youtu.be/HCIbdjWaMLM

Видео: Голема Мечка се прошета во двор на ресторан кај Маврово

Работниците во еден ресторан кај Маврово снимиле мечка како шета низ дворот и паркингот околу возилата.

На социјалните мрежи беше објавена снимката на која може да се забележи мечката.

Црно МЕЧЕ на прошетка низ Пелистер (ФОТО)

Бабам Битола се пофали дека Мецана се шета низ побелениот Пелистер.

Националниот парк Пелистер е прекрасен во секое годишно време, но зимската белина си има своја магија 🙂

Спасувачите преживеаја НАПАД од МЕЧКА за УСПЕШНО ПРОНАОЃАЊЕ НА 15 ГОДИШНОТО ИЗЧЕЗНАТО ДЕВОЈЧЕ ВО БИХ

Членови на Планинарската спасувачка служба Горњи Вакуф – ловџии и мештани ДВА ДЕНА трагаа по 15-годишната Е.Р. која исчезна завчера во попладневните часови во областа Бистричка Рика во Босна и Херцеговина.

Потрагата траела до доцна вечерта првиот ден, а вчера наутро продолжила пришто влучени биле 30-тина лица.

Потрагата продолжила со вклучување на дронови и пребарување на теренот.

Според информациите на локалниот портал GornjiVakuf.com, групата била нападната од мечка додека го пребарувала теренот, но за среќа нема повредени.

Девојчето последен пат било видено завчера околу 14:30 часот на патот Горњи Вакуф – Нови Травник, а претходно влегло во продавница од каде купило сок. Таа носела црна јакна, црвен ранец, црни панталони и бели патики. Станува збор за девоче со тешкотии во развојот.

За вчера во вечерните часови да го пронајдат девојчето на локалитетот Ланишта.

Семејството изгрази благодарност до 30-та луѓе кои беа вклучени во потрагата за 15 годишното девојче која резултираше со среќен крај.

ФОТО: Кумановец ја раскажува битката со мечката на автопат кон Скопје: Еве како избегав жив!

Кумановецот Африм Исуфи во понеделникот вечерта доживеа навистина страшен момент, но благодарение на својата храброст успеа да побегне од мечка.

Инцидентот се случил на автопатот Тетово-Скопје во месноста Карпалак околу полноќ (11:45 часот). Во интервју за Open-TV, 40-годишникот го раскажува ужасниот настан. Вели дека стравот бил голем, благодарение на Бога се спасил жив.

Доаѓав од Гостивар во мојот дом во Куманово. Неколку километри откако ја поминав првата наплатна рампа во Тетово, како да возев со нормална брзина, наеднаш мојот автомобил Голф 5 удри напред од десната страна. А, после тоа мојот автомобил лебдеше во воздух и потоа по неколку метри падна на земја. Некако успеав да ја застанам колата на сред автопат и гледам како излегува пареа. Отпрвин помислив дека мора да е некоја дива свиња која ме удри, бидејќи беше нешто многу моќно. Излегов од автомобилот и гледам големо животно како доаѓа во мојот правец. Беше страшно и ништо не се гледаше. Се исплашив и влегов во автомобилот кој беше тешко оштетен. Тоа животно се приближи до мојот автомобил, а кога го видов тоа беше мечка или мечка. Почна да ми удира со бокс. Од нејзините тупаници, верувајте, колата се тресеше. Не поминало многу време додека мечката паднала на земја. Кога ја видов како падна на земја, излегов од автомобилот и ги видов нејзините повреди од сударот со мојот автомобил Голф 5. Таа повторно стана и јас влегов внатре. Целата оваа тага траеше 30 минути. Еднаш мечката повторно падна на земја и повеќе не стана, додека јас жив бев спасен“, признава Африм Исуфи.

Тој вели дека на местото на настанот излегла и полицијата која им ги фатила забелешките. Африми за Опен ТВ изјави дека има горчливи искуства со мечки. Ова е трет пат во животот да се кара со овие диви животни, тоа се случи еднаш за време на војната во 2001 година.

Тој рече дека мечките во вакви случаи знаат да се нервираат и да бидат многу опасни. Рече дека дошол дома во 5 часот наутро.

Африми рече дека од таа лоша вечер не може мирно да спие. Поради големата тага што ја доживеа таа вечер, тој прима медицинска терапија./Опен-ТВ.

Мечка истрча на патот и го запре сообраќајот! (ВИДЕО)

На еден од патиштата во Црна Гора возачи доживеале необично искуство во итна контрола на сообраќајот, објави rs.n1info.com.

Мечка го контролираше сообраќајот.

Мечката која станала и одела на две нозе им се приближила на автомобилите во кои патниците биле изненадени и исплашени.

Иако однесувањето на мечката покажа дека е добронамерно, искуството е невообичаено, како што може да се слушне во коментарите на видеото на YouTube.

Фото и Видео: Youtube