Tag Archives: Медиуми

50 ИЛЈАДИ НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД – Се бара затворање на медиумите кои промовираат омраза (ВИДЕО)

Смена на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и на директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин беше побарана на протестниот марш „Србија против насилството“, што вечерва се одржува во Белград како реакција на неодамнешните масовни пукања, во кои беа убиени 17 луѓе, главно деца и млади.

Илјадници граѓани и претставници на опозицијата, која го организира маршот, прво се собраа пред зградата на парламентот, по што мирно продолжија кон владата. Најавено е дека протестот ќе помине без говори и обраќања од учесниците.

Истовремено се одржува протест и во Нови Сад и други градови низ земјата.

„Во оваа земја никој не се чувствува сигурно. Затоа и бараме оставки на Гашиќ и Вулин. По она што ни се случи, ова се малку луѓе“, изјави актерот и опозиционер Сергеј Трифуновиќ за „Н1“.

На почетокот на протестот беа прочитани барањата до владата, на која ѝ се дава рок до петок да ги исполни. Меѓу другото, се бара затворање на печатените медиуми кои промовираат омраза и насилство и во континуитет го кршат новинарскиот кодекс, како и одземање на националните фреквенции на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“.

Убиен светски шампион пред својата куќа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Повеќекратниот светски шампион во џиу-џицу, Видади Марданов (32), е убиен во вторникот наутро пред својата куќа во Дербент, пишуваат руските медиуми.

Марданов бил и претседател на НФЦ ММА греплинг-лигата и бил застрелан околу три часот наутро кога бил повикан да го напушти својот дом. Потоа пукале во него и побегнале, велат извори од истрагата.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и на улица пронашла тело на маж, а набрзо ги идентификувале и напаѓачите, кои се обиделе да побегнат. Станува збор за Тимур Асадом (27) и Абдумуслим Мртазалијев (23).

Засега нема информации за мотивите за убиството на познатиот дагестански шампион.

Како Раде од Ѓорче ги измами медиумите (Фото)

Левица објави фотографии од отворањето на новата канцеларија во Ѓорче Петров, според кои внимание привлече човек налик познатиот холивудски актер Раде Шербеџија.

Нормално, Шербеџија не присуствуваше на овој настан, туку на фотките е извесен Славко, локален активист на Левица.

Путин ни пpaти чecтиткa зa Бaдник и нoж вo гpб нa Бугaриja co филмoт дeкa Мaкeдoниja ja дaлa cлoвeнскaтa aзбукa

Пријателот (Владимир) Путин ни прати предбожикна честитка, објавуваат бугарските медиуми додавајќи дека „Русија јавно им заби нож во грб со документарниот филм „Една вера, еден јазик“.

Во филмот, како што пишуваат бугарските медиуми, се тврди дека Македонија е родното место на словенската азбука, а премиерата е во Скопје, во организација на Руската амбасада во Македонија. Браќата Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија која во тоа време не се јавувала како литературен и православен центар на Балканот, објавуваат медиумите во Бугарија.

Написите се полни со револт поради тоа што „во филмот Бугарија е целосно исклучена од научните словенски лингвистички процеси поврзани со светите Кирил и Методиј“.

Според филмот која ја искажува официјалната руска научна мисла Черноризец Храбар е словенски просветител кој нема никаква врска со Бугарија. Словенското писмо почнува од Охрид.

„И ако обидот за искривување на фактите и научните докази е нешто што пропагандата на Путин се обидува долго време, молкот во Софија е неразбирлив и болен. Премиерата на филмот во Скопје на Бадник. Пораките од Москва и Скопје се јасни и брутални. Во Бугарија медиумите и институциите молчат. Дали се занемени, депресивни или не е важно што Русија ни заби нож во грб? На крајот да споменеме дека на картата на која е обележан патот на светите браќа Кирил и Методиј, Бугарија воопшто не фигурира. Ја нема. Не постои. И во создавањето на кирилицата не постои. Пуф – заминавме. Пријателот Путин ни прати предбожиќна честитка”, објавуваат бугарските медиуми.

Видеото може да го отворите ТУКА.

СКАНДАЛ НА РОМАНСКИТЕ МЕДИУМИ: Пандев ги прекршил строгите мерки и тоа среде центарот на Букурешт, еве кој му правел друштво (ФОТО)

Романските медиуми, вчера излегоа со ексклузивна вест, која се поврзува со капитенот на Македонската репрезентација, Горан Пандев, а тоа е дека тој бил виден во центарот на градот како вечера со своето семејство, и покрај строгите мерки, и забраната за напуштање на балонот, во која е сместена Македонската репрезентација.

Горан Пандев, бил снимен додека вечерал во градот со своето семејство во центарот на Букурешт, по натпреварот Украина – Северна Македонија, од ЕУРО 2020.

Според Романскиот ПроСпорт, капитенот Горан Пандев не сакал да се одмори во хотелот и го земал своето семејство и отишол во еден од најскапите ресторани во Херастрау, Букурешт.

Останува да видиме, дали навистина се случило ова, или Романските медиуми излегоа со дезинформации.

Инаку друштво на Пандев му правел и селекторот Игор Ангеловски.