Tag Archives: Мехмедовиќ

Д-p Мexмeдoвиќ кoj e „Maж co cтил на гoдинaтa“ – Имaм oкoлу 100 чeвли

Денеска во емисијата „Urban Late Morning“ на ТВ21 гостуваше доктор Злате Мехмедовиќ, кој оваа година доби награда за „Маж со стил на годината“.

Околу натпреварот, Мехмедовиќ вели дека многу била тесна конкуренцијата затоа што многу мажи знаат добро да се облечат.

„Една од поважните работи беше што повеќе не морам да се правдам кога ќе купам нови чевли дома“, вели д-р Мехмедовиќ.

Тој откри дека поголемиот дел од плакарот е негов, а на прашање на модераторот на емисијата околу тоа за колкав број на чевли станува збор, докторот посочи дека грубо кажано бројот е 100.

Мехмедовиќ објасни дека тој е сентиментално врзан со секоја чевла која ќе ја купи.

Целата изјава во продолжение:

Д-p Мехмедовиќ: Нѐ очекува тешka есен и зима, нема надежи за крај за пандемијата

Намалувањето на дневните температурите и собирите на затвoрено ќе влијаат негативно врз епидемиолошката состојба, вели лекарот Злате Мехмедовиќ во изјава на ТВ21. Како што вели, нѐ очекува тешка есен и зима кога станува збор за коронавирус, бидејќи, како што објаснува, делта сојот е попренослив и повирулентен.

Со песимизам, Мехмедовиќ констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.

За влошување на состојбата ќе влијаат и митинзите кои се одржуваат поради предизборната кампања, смета Мехмедовиќ.