Tag Archives: Мелбурн

ВО ЖИВО ОД МЕЛБУРН! Фановите го бранат НОВАК, хаос на улиците и брутални интервенции на полицијата во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ повторно е уапсен и австралиските власти имаат намера да го депортираат …

Федералниот суд во Мелбурн ја поништи одлуката на австралиската влада за укинување на визата за најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и нареди негово ослободување, но австралиската влада има намера да го депортира …

Во живо пред адвокатската канцеларија на Новак:

Се судрија фановите и полиција на улиците на Мелбурн, а протестите продолжуваат.

„Распукала Шар Планина“ ечи пред хотелот на Ноле во Мелбурн

И денеска стотици граѓани се пред имигрантскиот хотел во Мелбурн во кој е сместен Новак Ѓоковиќ, кој утре ја очекува пресудата на неговата жалба за влез во Австралија. Вчера покрај српски, здружно се вееја и македонски и грчки знамиња меѓу поддржувачите на српскиот тенисер.

Денеска, пак, се запеа и македонската „Распукала Шар Планина“:

(Видео) Ѓоковиќ се огласи со мoќна порака: Љубовта ќе го спacи светот, ви благодарам многу

Додека целиот свет ја чека конечната одлука на властите во Мелбурн дали на Новак Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во земјава, голем број навивачи му даваат поддршка пред хотелот Парк.

Австралискиот суд го одби барањето на Сојузната влада на таа земја да се одложи судењето на Новак Ѓоковиќ. Познатиот австралиски адвокат Џастин Квир изјави дека владата е „очигледно погубена“.

Сојузната влада побара судењето, закажано за понеделник, да се одложи за два дена со цел подобро да се подготви.

Одложувањето беше побарано затоа што тимот на Новак во саботата достави 35 страници докази, на кои, меѓу другото, беше наведено дека тој штотуку добил порака од МВР „дека му е дозволено да патува во Австралија без потреба од карантин“. .

Во таа прилика беше откриено и дека Новак бил позитивен на коронавирусот на 16 декември и затоа побарал и добил медицинско ослободување.

Да потсетиме, адвокатите на Новак како три клучни точки наведоа дека српскиот тенисер имал виза која важела според сите правила, добил медицинско ослободување од организаторите на турнирот, која следувала откако комисијата на Владата на Викторија ја одобрила и добила порака од Министерството за внатрешни работи тој може слободно да патува низ Австралија.

„Господинот Ѓоковиќ разбра дека има право да влезе во Австралија и Викторија и да се натпреварува на Австралија опен“, беше наведено.

Утринава Србите во Австралија повторно се собраа пред хотелот каде е сместен Ѓоковиќ додека чека на одлука на судот, ечи музика и се вие оро, погледнете како изгледа атомсферата во живо:

На насобраните им се обрати со кратка порака на мобилниот телефон со помош на разглас.

– Мене срцето ми заигра. Се надевам дека и на вас. Црквата нека ви биде мирно место за наоѓање мир и слобода. Црквата нека ви биде водич. Најчистите емоции, а тоа е љубовта, ќе го спасат светот. Ви благодарам многу, изјави Новак Ѓоковиќ.

Како изгледаше протестот за ослободување на Ноле во Мелбурн (Видео)

Во Мелбурн, пред хотелот во кој е сместен Новак Ѓоковиќ се собраа илјадници поддржувачи на тенискиот ас, барајќи негово ослободување.

Собраните му скандираат на Ѓоковиќ, барајќи веднаш да биде пуштен на слобода.

Пред хотелот се веат српски, македонски и грчки знамиња, а младите обвиени со знамиња, играат и ја изразуваат својата поддршка на тенисерот кој веќе неколку дена е затворен во хотел, бидејќи се уште се разгледува неговата жалба и барање на игра на Австралијан оупен.

(Видео+Фото) Лyдилo во Мeлбypн: Жecтoки cyдиpи со пoлициjaтa пpoтив зaдoлжитeлнaтa вakцинaциja

Стотици демонстранти излегоа на скалите на австралискиот Споменик на војната, во знак на протест против задолжителните вакцини проти Ковид-19 за градежниот сектор, јави ДПА. Тешко вооружени полицајци ја опколија групата, при што уапсија неколку лица, објавија локалните медиуми.

Видео може да погледнете ТУКА.

Вицепремиерот на Викторија, Џејмс Мерлино, протестите ги опиша како „неверојатно страшни“ и „насилни од стотици луѓе“, објавија австралиските медиуми.

-Нема да ги наречам протести затоа што тоа не е протест. Тоа е толпа што дејствува криминално, кажа Мерлино.

Видео може да погледнете ТУКА.

Тој додаде дека овие луѓе здравствените работници, самите себе и јавноста во Викторија ги доведуваат во опасност, пренесе ДПА, повикувајќи се на австралиските медиуми.

-Тоа што го видовме во последните два или три дена е криминално однесување кое на никаков начин не ја претставува нашата голема држава и тоа однесување нема да ги намали бројките на нашите случаи, рече Мерлино за новинарите во Мелбурн.

Видео може да погледнете ТУКА.

Австралиската Влада вчера ја затвори градежната индустрија на две недели, повикувајќи се на повеќе неодамнешни случаи на новозаразени со коронавирус во овој сектор.

Секретарот на Синдикатот за градежништво, Џон Сетка, ги обвини „неонацистите и десничарските екстремисти“ за киднапирање на настанот.

Австралиската држава Викторија денеска регистрира 628 нови случаи на коронавирус и три смртни случаи, што е највисок дневен извештај во тековната здравствена криза. 

Фото галерија: