Tag Archives: Меморија

„Меморија”, Ристо Самарџиев и антологиската „Дирлада” пред илјадна публика во Прилеп (Видео)

Финалето на 18-то издание на “Пиво Фест” не можеше да помиме подобро.

Легендарните “Меморија” заедно со Ристо Самарџиев и антологиската “Дирлада”, моменти кои ќе останат во вечно сеќавање.

Уживајте во продолжение:

Извор: Маркукуле.мк

(Видео) „Меморија“ го сплоти народот со песна и покажа дека Македонија е жива, горда и вечна!

„Меморија“ вчеравечер, сабота 11 јуни 20220 година ја „урна“ А1 арената „Борис Трајковски“. И покрај сите неприлики и малери кои му претходеа на долго најавуваниот концерт, групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воопшто, што една македонска група го направила.

Исполнета до максимум, салата беше претворена во концертна арена со сите нишани. Досега неслушнат звук доведен до работ на совршенство визави лошиот глас што ја бие акустиката на салата, како да настапува светски познат бенд, а не македонска група. Визуелните и светлосните ефекти во комплетна функција на она што се случуваше на сцената, атмосферата максимално загреана уште во самиот старт со настапот на младите музичари од бендот „2ВЕ“ кои беа достојна предгрупа на големата „Меморија“.

Со првите звуци на сајзерите и гитарските тонови веднаш се почувствува набојот на позитивна вибрации кој публиката беше подготвена да го создаде заедно со бендот. Култната „Македонија“ за старт на концертот кој беше многу повеќе од само обична рок ен рол журка.

Видеото погледнете го ТУКА.