Tag Archives: метеори

Метеорски дожд над небото на Скопје вечерва – Замислете си желби

На небото ќе можете да забележите глетка која ќе ви донесе романтично чувство како милион ѕвезди да паѓаат одеднаш. 

Ориноидите се сјајни метеори чиј дожд го прави небото романтично, а можат да се забележат од различни делови во светот. Тие поттекнуваат од констелацијата Орион, па затоа и го добиле името и се најактивни во периодот на октомври, особено околу 20/21.  Се движат со брзина од 67 километри во секунда и создаваат неверојатна глетка на небото. 

Иако можат да се забележат од најразлични делови од светот, сепак, најдобро е да се гледа во небото подалеку од градското осветлување и загадување, па затоа во нашата околина ви ги препорачуваме Водно или Козјак. 

Кое е значењето на метеорскиот дожд?

Во духовна смисла, се верува дека метеорскиот дожд претставува будење на енергијата, среќата и уживањето во магичните моменти. Кога ја држите за рака својата сакана личност и гледате во небото, чувството кога ќе замислите желба е непроценлив. 

Ова е многу поволно време за позитивна енергија, па затоа се препорачува да бидете активни, да работите на своите соништа и да минете време со оние кои ви значат. Оваа ноќ е поволна и за нови познанства и романса. Насочете ја својата енергија во насоката во која сакате да се движи вашиот живот. Бидете искрени кон себеси.

МЕТЕОР падна во Хрватска вечерва – Погледнете го несекојдневното небесно случување (Видео)

Метеор што беше видлив од голем дел на земјата вечерва падна на територијата на Хрватска – имаше зеленкаст сјај, а беа забележани три посилни блесоци, пренесува „Далмација данас“.

Интересен астрономски настан се случи во вечерните часови, а многу набудувачи известуваат дека станува збор за многу светол објект на североисточниот хоризонт кој горел неколку секунди.

-Со оглед на многуте прашања и извештаи за многу светли метеори кола видени во Хрватска вечерва во 18.28 часот, сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност бидејќи е предвидена максимална активност на метеорскиот рој Орионид во раните утрински часови на 21 октомври – рекоа од Хрватскиот астрономски сојуз.