Tag Archives: Мицкоски

Шаленберг: Или уставни измени или изолација – Мицкоски: Датум за следни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати дипломатска но остра порака на тројца министри од ЕУ, доколку на средбата со него тие зборуваат само на темата уставни измени без да стават акцент на корупцијата и криминалот.

,,Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин на Македонија, бидејќи на сите анкети граѓаните во Македонија, уставните измени не ги ставаат ниту во првите десет приоритети – рече Мицкоски вчера во Занаетчиската комора пред попладневната средба со министрите на Австрија, Чешка и Словачка.

,,Ако навистина го почитувате овој народ и граѓаните и ако сакате европска иднина и перспектива на Македонија тогаш малку повеќе треба да посветиме внимание на криминалот и корупцијата, на реформите…”, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Имаа неколку решенија коишто ги понудив изминатава година, а тие ги одбија. Сега на маса е само една работа да седнеме и да се договориме за терминот за следните парламентарни избори. Се останато се рибарски приказни и фантазија на власта”, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека „конечно ќе се свестат луѓето во владата и конечно заеднички ќе излеземе со еден состанок со кој што ќе ја дефинираме датата за следните избори“.

Инаку денеска во посета на нашата земја се министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка Александер Шаленберг Јан Липавски и Мирослав Влачовски, кои попладнево треба да се сретнат со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и со раководството на партијата.

Предходно министерот за надворешни работи на Австрија им се закани на македонците.

На зедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, предупреди дека Македонија ќе биде изолирана доколку не ги прифати уставните измени и не продолжи да оди кон европскиот пат.

„Штом ќе почнат преговорите, тоа е неповратен процес. Земјата чека 18 години да дојде до овој момент. Сега вам ви останува да го искористите овој момент. Политички треба да се биде одговорен и пред се да се имаат националните интереси. Моментот е сега и ве уверуваме дека не се мешаме во внатрешните работи на земјата“, порача Шаленберг. 

Во име на тројцата министри на три членки на ЕУ кои допатуваа денеска во земјата уште додаде дека тоа „не се случува секој ден“:

„Нашата порака е едноставна и силна – тоа е порака на охрабрување, нема време за губење, би сакале да продолжите со потребните уставни измени за да почнете со преговорите за членство. Да се одложи усвојувањето на амандманите значи да се одложи пристапувањето на с.Македонија. Би било штета Скопје, откако истрча еден тежок маратон да се сопне на следната пречка. Долг пат изминавме заедно и надминаме многу тешкотиии“ рече Шаленберг.

„Не ми мавтај со раката“: Му рече Mицкоски на бугарскиот провокатор

Денеска за малку ќе дојдеше до сериозен инцидент во Благоевград на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Кога македонската делегација на чело со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се упатуваше кон споменикот на Гоце Делчев беше пресретнат од еден провокатор кој недолично му се однесуваше и закануваше.

Левица тврдат дека лидерот Димитар Апасиев бил физички нападнат.

На тоа Мицкоски смирено му одговори: „Не ми мавтај со раката“ по што пристутните почнаа да скандираат „Македонија“, Македонија“.

Видеото го објави република.мк:

https://fb.watch/gupBUrLGGz/

Агатангел се помоли за Божја помош за Мицкоски и Македонија

Владиката Агатангел во придружба на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други свештени и цивилни лица, на закројување на лозје на Свети Трифун  прво побара „ова свето место“ да се исчисти од муви и оси за да даде добар род, а потоа повика Божја помош и за партискиот лидер кој го придружуваше во закројувањето на лозјето.

ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „најголемата и најсветата партијата“. Имаше пофални зборови за Мицкоски. 

„Првин со него, а потоа и со божја помош, јас верувам дека Бог, спасителот наш Исус Христос, мајката божја Богородица која е заштитничка на оваа света македонска земја ќе му помогне него и на сите негови соработници да се она што е наше, свето, македонско, национално, ќе го вратиме назад. И нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Македонија емоционално да ја одгледува судбината на нашата македонска земја“, изјави владиката Ахатангел.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски реагираше и вели дека одбележувањето на празникот се претворило во партиска прослава. 

„Владиката Агатангел ја извалка и мантијата и црквата“, реагираше министерот. 

Мицкоски вели дека Владиката мислел на обединување околу македонските интереси.

До Нова Година Македонија ќе добие нов премиер и нова Влада: СДСМ ќе избира наследник на Заев, ВМРО-ДПМНЕ оди на Конгрес

Станува извесно дека земјата околу Нова Година ќе има нов премиер и нова Влада, по синоќешните состаноци на највисоките партиски раководства на СДСМ и на Алтернатива. СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Зоран Заев кој поднесе оставка, за што постапката почнува утре. Оваа одлука била донесена на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата. Алтернатива, пак, го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да разговара со Заев или неговиот наследник за евентуален влез во Владата.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска изјави дека Централниот одбор, како што рече, констатираше дека со поднесената оставка на Заев во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори. Кандидирањето започнува утре и ќе трае една недела, а право да се пријават имаат сите членови на СДСМ кои ги кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат на онлајн алатката. По изборот на нов лидер, ќе се избираат и органите на партијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали на ЦО било споменато името на Димитар Ковачевски за можен наследник на Заев, Кузеска рече дека се работело за коментар за квалитети на човек, без да прецизира други детали.

Заев на седницата на ЦО информирал дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник и очекува да се создадат можности дополнително да се зголеми со цел да се задржи европскиот курс на државата. Кузеска не даде конкретен одговор кој е 61 – от пратеник.

-ЦО смета дека има простор за разговори за приклучување на Алтернатива врз основа на принципи и вредности, и пренесена е надлежност на Заев за тоа, рече Кузеска.

ЦО на седницата оценил дека државата и надлежните институции со полн капацитет се справуваат со предизвиците од енергетската криза и ги носат сите одлуки во оваа функција. Државниот буџет е ликвиден и има средства да се помогне енергетскиот сектор. Во однос на пандемијата фокусот на надлежните е да преземат чекор за дополнително мотивирање и охрабрување што повеќе граѓани да се вакцинираат. Буџетот за 2022 е развоен и обезбедува повеќе пари за инвестиции во клучните сектори, рече Кузеска.

На 12 декември лидер на Конгрес во Скопје ќе бира и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски информации, по успехот на локалните избори, се очекува претседателската функција во партијата да ја задржи Христијан Мицкоски.

Претходно синоќа Централното претседателство го овласти претседателот на Алтернатива Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

-Алтернатива како сериозна политичка партија која отсекогаш знаела да се издигне над сопствените интереси вечерва разговараше за можноста и помошта за откочување на ситуацијата во земјава. Вкупниот заклучок на Централното претседателство беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани по седницата што се одржа во партиското седиште во Скопје.

Муртезани рече дека отсега сè зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори.

-Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за излез од кризата, дали има волја за заедничка владина програма, и дали актуелните владини партнери имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта, рече портпаролот на Алтернатива.

Потоа, како што додаде Муртезни, конечната одлука за влез во Влада ќе ја донесе Централното Собрание на Алтернатива.

-Централното Собрание на Алтернатива може да се свика откога ќе имаме нешто поконкретно од самата подготвеност за преговори, рече Муртезани.

Одговарајќи на прашање рече дека Алтернатива не се води од апетитите за власт.

-Како ќе завршат преговорите не знаеме, повеќе сме заинтересирани за начините за излез од оваа криза, додаде Муртезани.

Во интервју за белградска „Политика“ лидерот на партијата Африм Гаши изјави дека Алтернатива ќе се води од очекувањата на своите гласачи, интересите на Албанците во Северна Македонија, како и државните интереси кои се тесно поврзани со нивните партиски и национални цели.

-Ако во преговорите видиме дека Зоран Заев навистина има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за политичка и економска стабилност, рече Гаши. (МИА)

Прекинат пресот на Мицкоски – Се стрча да помогне на онесвестен градоначалник (Видео)

За време на денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новиот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов изгуби свест, по што беше прекинато обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а тој се стрча да му помогне.

Имено Мицкоски изјави дека градоначалиците треба да ги засукаат ракавите и да ги решаваат проблемите на граѓаните. Мицкоски истакна дека дел од општините се презадолжени и има злоупотреба на ресурсите, има луѓе кои земале плата, а не оделе на работа. 

„Потребен е максимален ангажман за да се реализира ветеното“, рече Мицкоски.

Вели дека ќе побара од градоначалниците да почнат со најмалку три капитални проекти од инфраструктурата.  Бара да се откажат од привилегиите кои во минатото нивните претходници ги злоупотребувале. Повика и другите градоначалници да го сторат тоа, иако не се од нивната партија или коалиција. Да не злоупотребуваат службени возила, да не плаќаат ручеци со општински пари и слично.

„Како трето побарав да излезат меѓу граѓаните и заеднички да ги решаваат нивните проблеми. Нашето место не е во удобните фотелји, туку меѓу народот“, кажа Мицкоски.

Тој вели дека она што го зборуваат, треба да го спроведат на дела. Порача дека градоначалниците не смеат да ги изневерат граѓаните, затоа што Македонија е во сериозна криза.

Toj рече дека утре во 14.30 часот во Собранието ќе биде поднесена иницiјатива за гласање недоверба на актуелната Влада.

Видео:

Заев е против, Мицкоски за предвремени парламентарни, што вели Уставот?

 На Владата ѝ престанува мандатот ако премиерот поднесе оставка, ако ѝ биде изгласана недоверба во парламентот или ако Собранието се распушти, на таа останува на должност до изборот на нова влада. А нова влада составува мандатар што ќе обезбеди мнозинство од најмалку 61 пратеник во парламентот и ќе добие мандат од претседателот на државата.

По објавената оставка на Зоран Заев од премиерската и претседателската функција во СДСМ поради неуспехот на локалните избори, се наметнува прашањето што ќе се случува сега. Заев синоќа истакна дека според него не треба да има вонредни парламентарни избори.

„Претстојат одлични и неповторливи 2,5 години за работа и економски успеси од корист ќе има целиот наш народ и државата“, рече Заев.

Тој најави дека периодов помогне да се реорганизира нова влада со „прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено“.

Веќе денеска, премиерот во оставка,  ги повика во Владата лидерите на партиите од досегашната владејачка коалиција, на кои се очекува да се разговара за резултатите од изборите и понатамошните чекори коишто ќе бидат преземени.

Мицковски пак, во својот говор после победата на локалните избори, рече дека  е време за ново парламентарно мнозинство и за предвремени избори. „Овие избори ги делегитимираа сите политики на власта. Во однос на ново парламентарно мнозинство, најдобро е времето да покаже. Што понатаму? Мислам дека најдобро би било да се распишат предвремени парламентарни избори. За да има предвремени избори, треба да има мнозинство и во парламентот. Оставете времето да покаже и да ги реши дилемите. Една од тие дилеми е и кога ќе бидат предвремените избори. А, ќе бидат многу скоро“, рече синоќа Мицкоски. 

Според членот 93 од Уставот, оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата ѝ престанува мандатот ако премиерот поднесе оставка, ако ѝ биде изгласана недоверба во парламентот или ако Собранието се распушти, на таа останува на должност до изборот на нова Влада. Во Членот 219 од Деловникот на Собранието е наведено дека Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка.

Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на државата. Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата.

Оставката на премиерот Заев од претседател на Владата и од лидер на СДСМ се’ уште е „фејсбук оставка“, се уште не е испратена до институцијата каде што треба да биде доставена, а тоа е Собранието на Република Македонија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски. 

Додаде дека во зависност од писмото што ќе биде добиено ќе се знаат и процедурите, односно она што ќе треба да се прави како наредни чекори во Собранието. Посочи дека „согласно Уставот имало постапки каде претседателот на Републиката по доставувањето на оставката, таа се констатира во Собранието и претседателот на Републиката е должен во рок од 10 дена да ја достави на мандатар кој ќе приложи мнозинство од 61 пратеник, па потоа мандатарот има 20 дена за одлучување, односно за составување на новата влада. Тоа, како што рече, ќе се види откако ќе биде доставена оставката. “

„Лани литар зејтин беше 67 денари, сега е 97 денари”

Ниту еден збор не кажуваат што направија изминативе 4 години кандидатите на СДСМ, само критикуваат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Виница.

Мицкоски посочи дека по 17 октомври Заев го чека голем пораз, а по тоа следи нова влада и одговорност за стореното во изминатите 4 години.

„Кога би можел сега да имам некоја временска машина и да го вратам оној наш последен дуел и на прашањето што би му порачале на Зоран Заев би му кажал извади го тефтерот, извади го календарот и прочитај колку години си власт. Заборава дека тој и неговите мали зоранчиња четири години не пустошат, а она што најмногу умеат да го прават тоа е да крадат и да лажат“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека тоа е она кое најдобро го прават, крадење и лажење.

„И затоа нивната кампања е тоа што не треба, да биде кажуваат во што се најдобри. Да, најдобери се во крадење и лажење. Македонија е најкриминалната држава со најкорумпирани политичари. За 30 години независна држава најдоби се во крадење и лажење. Народот никогаш не живеел полошо. Минатата година литар зејтин беше 67 денари, оваа година литар зејтин е 97 денари. Млекото беше 45 денари, оваа година е 55 денари. Лани килограм брашно беше 34 денари сега е 40 денари. И дали народот живее подобро? Не, народот никогаш не бил посиромашен“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека овие избори се шанса за промена, сега е време за победа и да го направиме спротивното што е правено во последните 30 години.

Мицкоски е сериозен – Ќе поднесува Закон за ЛЕГАЛИЗАЦИЈА на трговија со КРИПТО ВАЛУТИТЕ 💸

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за легализирање на трговијата со криптовалути и тоа без ДДВ, велат од партијата.

Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, предлог законот ќе опфаќа и даночно ослободување со 0% данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до 2023 година.

-Трговијата и чувањето на криптовалути е веќе возможно во развиените земји. Во САД Пеј Пал веќе нуди на своите клиенти трговија со криптовалути, а во Германија над 40 банки вршат размена и плаќање со криптовалути. Да не чекаме иднината да дојде, туку да ја донесеме иднината. Со формализирање на трговијата и чувањето на криптовалутите се создава правна сигурност на тргувачите и се овозможуваат големи приходи за буџетот. Со ова предлог решение може да се генерираат и до половина милијарда евра во буџетот. Време е да се свртиме кон иднината. Време е за напредни технологии и развој. Време е за Македонија за сите луѓе, се наведува во соопштението.

Кој мафијашки бос оди на шалтер и вади лажен пасош без “протекција” ?

Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4 години. Токму оваа акција ја запчона Наќе Чулев, што значи дека претходните 3 години тие ги преспале, а после министерувањето на Чулев тие продолжиле да молчат за криминалот на мафијата.

Ова го објавува лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој вели дека
требаше ВМРО-ДПМНЕ да одржи брифинг за да има акција, во која по добро познат метод, а со цел да се скрие врвот на власта, настрадаа административни службеници.

“Треба да престанат да ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и да одговорат кој е тој службеник кој на мафијашки бос самоволно ќе му издаде пасош? Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај некој обичен службеник во МВР за да вади пасош?

Живи се фатени во мафијашки скандал. Ако имаме обвинителство, сега треба да се одважи и да реагира”, апелира Мицкоски во своето обраќање.

Мицкоски и Заев се договорија: Попис во септември!

Пописот се одложува на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е договорено на денешната средба меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

По средбата, Мицкоски информираше дека е договорено пописот наместо во април да биде одложен за во месец септември годинава.

-Се договоривме пописот да биде одложен. Наместо сега, во месец април, како што е планиран, да се одложи за месец септември како можен период да биде од 5-ти до 30-ти септември, 25 дена. Апликацијата со која се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо во првата половина од октомври да бидат одложена за втората половина од октомври, истакна Мицкоски по средбата со Заев.