Tag Archives: Милиони

Машала заработката: Саша Матиќ 600.000 евра, Цеца и Милица Павловиќ половина милион

Претходната година беше многу плодна и профитабилна за естрадните уметници, покажуваат официјалните документи. Според податоците на Агенцијата за економски регистри, Саша Матиќ заработил најмногу пари во 2022 година.

Неговата фирма „См мјузик“ остварила вкупен бруто промет од 1.050.000 евра. Кога од таа бројка ќе се одбијат деловните трошоци од 315.000 евра, како и државната такса од 75.000 евра, на Саша му остануваат чисти 662.000 евра.

На врвот на листата на најбогати забавувачи е и Цеца Ражнатовиќ. Бруто деловните приходи на нејзината компанија „Цеца мјузик“ во 2022 година изнесувале цели 1.886.000 евра, но пријавени се трошоци од 1.260.000 евра, па пејачката откако платила данок на државата од 94.000 евра, завршила со нето заработка од 532.000 евра.

Со огромни примања може да се пофали и Милица Павловиќ. Имаше најголем скок во однос на 2021 година (двојно повеќе), па така на крајот на 2022 година компанијата „Сењорита мјузик“ имаше бруто приход од 555.000 евра. Кога ќе се одбијат деловните трошоци од 272.000 евра, како и данокот од 31.000 платен на државата, на Павловиќ и останале 252.000 евра.

ВИДЕО: Шакира брои милиони со новата песна

Шакира денеска објави нова дуетска песна со која се чини дека повторно го прозва поранешниот партнер Жерар Пике.

Разделбата со Пике и случувањата меѓу нив и донесе милионски прегледи и невиден успех на новите песни.

Откако настана вистински бум со песната „BZRP Music Sessions #53“, светските медиуми и корисниците на социјалните мрежи кои ја следат драмата Шакира-Пике, повторно најдоа скриена порака во новата песна на пејачката.

-„Бејби, што е? Мислев дека си заљубен? Зошто се уште ме бараш? Знаеш дека не повторувам грешки. Кажи и на новата девојка дека јас не се натпреварувам за маж“, се само дел од стиховите во најновата песна на Колумбијката, а кои многумина сметаат дека повторно се однесуваат за Пике.

По три часа откако е објавена песната, веќе брои близу три милиони прегледи.

Невидено ! – ПЕТ МИЛИОНИ Аргентинци славеа на улица

Aргентинците вчера имаа неверојатна прослава во својата земја откако ја освоија светската титула, а во Буенос Аирес добија пречек каков што тешко  дека ќе се повтори некаде.

Околу пет часот наутро во вторникот ја пречекаа репрезентацијата на улиците. Главната забава беше на улиците во Буенос Аирес каде што фудбалерите поминуваа со отворен автобус.

Информациите се дека околу четири милиони Аргентинци излегле на улиците, а според некои проценки таа бројка била и 5.5 милиони луѓе.

Фотографиите и видеата од спектакуларниот дочек го обиколија светот. „ЕСПН“ потсети и дека бројката на излезени навивачи во Аргентина е еднаква на бројката на жители на Хрватска.

12 милиони денари патни трошоци во 6 месеци за пратениците

Од март до август 2022 година на пратениците во Собранието им се исплатени 11.745.825 денари за патни трошоци.

Додека народот поминува низ криза која ги загрозува семејствата и животите на луѓето, високата политичарска класа продолжува да ги негува сопствените привилегии!

Пратениците од сите парламентарни партии, освен Левица, ја продолжуваат праксата на привилегирано и криминално однесување во сопствена корист, по цена да им се наштети на граѓаните.

Мнозинството СДС и ДУИ не ги подржа законските решенија на Левица кои предлагаа пратеничките патни трошоци да се изедначат со вредноста на автобуските карти, како и за реформа на структурата и намалување на цените на патарините. Мнозинството СДС и ДУИ не даде поддршка и за низа законски решенија на Левица кои беа во полза на обичниот народ.

Пред најтешката зима во поновата историја, Димитар Ковачевски, низ државата ги заплашува граѓаните со измислени приказни за да ја сокрие суштината на својата власт – ненаситно крадење на вртоглави суми на пари за него и неговите соработници, по секоја основа, директно на штета на граѓаните кои се доведени на работ на достоинството.

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов и во овој период како и претходно немаат наплатено за патните трошоци по оваа основа.

БРАВО ! Браќа иселеници од Австралија донирале 3 милиони денари за ново игралиште во Врбјани (Видео)

Градоначалникот на општина Кривогаштани, Николче Мискоски, информираше дека општината заврши со асфалтирањето на повеќенаменското игралиште во населеното место Врбјани, а во идниот период ќе постават ограда, кошеви, поставување реквизити за најмладите, летниковци и осветлување.

Инвестицијата е во вредност од 3 милиони денари, а општината учествува со хортикултурно и партерно уредување. Игралиштето во Врбјани е донација од иселеници од ова населено место во Австралија – фирмата МКД транспорт која е во сопственост на браќата Игор и Жарко Цветкоски.

БУГАРИТЕ ИМАЛЕ ФОНД ЗА ПОТКУП НА МАКЕДОНЦИ, одвојувани и по 5 милиони франци

Министерскиот совет на Бугарија во 1890 год., назначува комисија којашто поднесува пропагандна програма која е усвоена од Народното собрание во Софија на 11.11.1891 година.

Ова го открива македонскиот дипломат Стево Симски во неговите дипломатски белешки.

,,За реализирање на посочената програма одвоени биле 5 (милиони) и 500 илјади франци (25% од буџет на Бугарија за 1892 год.).

Наведената сума била искористена и за:


– 2. 500 000 франци, за поткупување видни чиновници на Високата Порта и канцеларијата на дворецот во Цариград;

– 800 000 франци, за поткупување видни чиновници од власта во етногеографска Македонија и

– 150.000 франци за поткуп на чорбаџии во градовите и селата”, пишува Симски во својата Дипломатска белешка од 2015 година.

Колкав е буџетот на актуелната бугарска влада за поткуп во Макеоднија сега не е можно да се дознае затоа што во сегашната пропаганда се вклучени различни државни, тајни и граѓански субјекти.

Македонски гејмери станаа СВЕТСКИ ШАМПИОНИ, заработија 8,5 милиони долари ! (Фото)

 Македонскиот гејмер Мартин Саздов – Сакса, стана светски шампион во Дота 2, предводејќи го тимот Тундра до убедлива победа во денешното финале на 11. издание на најпрестижниот турнир за оваа игра.

„Сакса“ и неговите четворица колеги во интернационалниот тим Тундра денеска со убедливи 3:0 го совладаа Тим Сикрет во финалето на турнирот кој годинава се одржуваше во Сингапур, а за Македонецот ова е и најголем успех во е-спорт кариерата.

 Овој турнир е препознатлив и по богатиот награден фонд, па нашиот претставник е дел од екипата која ќе заработи нецели 8,5 милиони долари за денешниот триумф.

Саздов во 2016 година беше вицешампион со тимот на Дигитал Хаос на истиот турнир, па годинешниот настап е чекор понапред и вистинска гордост за македонската гејмерска сцена.

Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош

Договори за финансиска поддршка од Владата, проекти добиени преку Фондот за иновации како и новоформирана компанија за производство на соларни панели, која од неодамна е регистрирана во тетовската индустриска зона. Ваков е билансот на успех за период од пет години на
бизнисменот Горан Паунов, кум на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, со кого партнерски ја основаа „Пиксел Груп“, компанија за производство на фотоволтаични модули, на чие свечено отворање во 2018 година присуствуваше и тогашниот премиер Зоран Заев, открива „А1он“. Само две години подоцна, откако Ковачевски одлучи да влезе во политиката како заменик-министер за финансии, кон крајот на септември 2020 година ги повлече и вложените пари во компанијата.

Но, и без Ковачевски во сопственичката структура, на „Пиксел Груп“ и оди повеќе од одлично. Можеби за компанијата не може да се најдат податоци на Бирото за јавни набавки дека добивала тендери, но, затоа, на алатката „Отворени финансии“ можат да се пронајдат вкупно 12 исплати во период од 2018 до 2021 година, државни пари кои „Пиксел Гроуп“ ги добивала од Владата и од Фондот за иновации.

Исплатите од Владата, најверојатно се однесуваат за доделување на финансиска поддршка за компанијата. На таков заклучок упатува и
документот од 159-тата седница на Владата од 2019 година, со која се носи одлука за потпишување на договор за доделување на државна
помош на „Пиксел Гроуп“. Исплати кон компанијата се евидентирани осум на број, од 2019 до крајот на 2021 година со вкупна вредност од 27
262 082 или 443.285 евра. Најголемиот износ е исплатен на претпоследниот ден од 2021 година, односно 12 531 359 денари или 203.761 евро.

Целата сторија на А1он

Болницата во Гостивар добила ШОКАНТНА СМЕТКА ЗА СТРУЈА зголемена за 800% – 2,8 милиони денари за еден месец

Гостиварската општа болница „Ферид Мурад” може да се соочи со сериозни проблеми во натамошното работење, откако трошоците за електрична енергија се зголемија за над 800 отсто.

До скоро, оваа здравствена установа плаќаше 3,7 денари за киловатчас, а во последната фактура, достигнал 36 денари.

За состојбата, управата на болницата ја информираше јавноста преку официјалниот профил на социјалните мрежи и наведуваат дека веднаш по владините препораки започнале со примена на мерките за заштеда на електрична енергија.

– Ние како институција ги презедовме сите неопходни мерки (ограничувања) за намалување на потрошувачката на електричната енергија, но со анализата што ја направивме наредните месеци, ќе биде неиздржливо, стои во објавата.

Од документите со анализа, се прави споредба со фактурите за истиот период во последните 4 години (август 2018/2019/2020/2021 и 2022 година) доставени од добавувачите Fuente Dynamics и ЕВН групацијата.

Заради поскапувањето на електричната енергија, фактурата за август 2021 година во однос на фактурата за август 2022 година бележи пораст од 451 отсто. Болницата треба да плати за август 2022 година 2.800.517 денари (45.536 евра).

Болничката управа бара начин за надминување на состојбата и најавува проблеми во извршување на редовните обврски.

– Заради проблемите со кои сме соочени, со жалење може да констатираме дека доколку оваа висока цена на струјата продолжи и во наредните месеци, ќе биде многу тешко да се менаџира, функционира и да се реализираат сите проекти и основни планови, наведуваат од раководството на ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад”.

Пишува Слободен печат.

(ВИДЕО) Стоилковски упадна на пресот за „Титаник“: Дечко како направи четири милиони, кај ти е Ден Дончев бе братче?

Наум Стоилковски му упадна на прес-конференција на пратеникот Дарко Каевски, кој ја држеше пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Додека Каевски зборуваше за случајот „Титаник“ и бараше повлекување од политика од Христијан Мицкоски, Стоилковски го постави неколку прашања.

Бидејќи Каевски го игнорираше и продолжи со прес-конференцијата, Стоилковски му се обрати со „дечко“ и праша како направил четири милиони, како купил куќи и станови. Потоа го прашуваше: „Кај ти е Зоран Заев, кај ти е Ден Дончев бе братче?… Кажи како направи четири милиони и дали ти се во една или повеќе банки. Брза и ефикасна истрага како Дарко Каевски на 30 години има 4 милиони во банка“.