Tag Archives: Милков

Пендаровски остро до Милков: На Голи оток ги испраќаа тие што беа за Сталин, а не затоа што биле Бугари

„Тој не ја познава историјата, бидејќи на Голи оток не се одело зашто некој бил Македонец или Бугарин, туку дали си за Тито или за Сталин“.

Вака претседателот Стево Пенаровски му возврати на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за Топ Тема на Телма. Претходно, Милков обвини дека стотици Бугари, односно луѓе со наводна бугарска самосвест, завршиле на Голи Оток, споредено со 12 момчиња убиени во македонското село Ваташа.

На обвинувањата на Милков дека македонскиот претседател ги прикрива политиките на државата за дискриминација на македонските Бугари, Пендаровски со одговор:

Дајте докази!

Милков: Пендаровски зборува за 12 убиени Македонци, а не знае за илјадници убиени Бугари

Бугарија ќе ги преземе сите мерки за случајот „Пендиков“ и тие се веќе во тек, изјави за бугарската БНТ бугартскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков. Тој вели дека дека кога се случил нападот на секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид Христијан Пендиков, во Македонија настанала првична паника.

– Тие на различни нивоа признаа дека се работи за криминал од омраза. После тоа почнаа да се поткраднуваат сценарија дека Пендиков е наркоман и дилер, а најхрабрите тврдеа дека бугарските клубови се места на организиран криминал и дека се финансирани од трговија со дрога. Ова е наратив што не можеме да го споделиме и ќе ги преземеме сите мерки – рече Милков.

Милков веќе ги информирал министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на Советот за надворешни работи во Брисел.

– Доставен е писмен меморандум за овие прашања до сите земји членки. Во нашата земја треба да се одржи средба со сите амбасадори на земјите членки. Ќе се користат и други механизми, меѓу кои и механизмот на ОБСЕ, кој сѐ уште има набљудувачка мисија во Скопје. Ги имаме алатките на Советот на Европа – прецизира Милков.

Во врска со одбележувањето на роденденот на Гоцел Делчев на 4 февруари во Скопје Милков вели дека двете земји, но главно институциите во Македонија мора да останат смирени и да се воздржат од какви било провокации за да се обезбеди потребниот ред, така што секој што сака да може да оди и да се поклони.

– Што се однесува до контранападот против Ангел Џамбазки и други наши политичари, мислам дека ова е дел од некој нов македонски наратив за да се направи да се минимизира нападот против Бугарите, систематските напади врз бугарските клубови и заедници таму, кои ескалираат. Почна со донесување на репресивен закон таму, продолжи со подметнување пожар за што е добиена условна казна, по што следеше пукање, а сега и физички напад врз лице кое е припадник на бугарската заедница. Таму се обидуваат да наметнат споделена вина, дека од двете страни на границата има луди глави. Не може да има такви аналогии – рече Милков.

Тој потсети дека во фокусот на францускиот предлог е почитувањето на правата на Бугарите во Македонија.

Милков ги прокоментира и зборовите на македонскиот претседател Стево Пендаровски:

– Како доктор по историја можам да кажам дека ако има жртви на едната страна, спомнува 12 лица, би споменал илјадници луѓе кои биле убиени, 300.000 протерани меѓу двете војни. Сигурно слушнал за Голи Оток, каде по Втората светска војна стотици Бугари биле интернирани и загинале само затоа што имале бугарска самосвест. Немаат поим за нивната историја, бидејќи тие сѐ уште не ги отвориле архивите на нивните тајни служби, можеме да им помогнеме во тоа ако сакаат – рече Милков.

Во понеделникот по седницата на Советот за безбедност прашан да ги коментира изјавите на Милков дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе претседателот Пендаровски рече дека изјавата е грозна и единствено може да биде точна ако мисли на периодот од 1941 до 1945 година.

– Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција – рече претседателот Пендаровски.

Пендаровски до Милков: ТРАДИЦИЈА НА НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА ИМАЛО ОД 1941-44, НЕКА ОДИ ВО ВАТАША ДА ЈА ВИДИ

Изјавата на бугарскиот технички министер Николај Милков, дека во Македонија се враќаат црни традиции на палење, стрелање и насилство, единствено може да биде точна ако мисли на периодот 1941-44, рече претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање за коментар по денешната седница на Советот за безбедност.

„Таа изјава е прилично грозна. Единствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот 1941-44, и кога ќе има слободно време бугарскиот технички министер може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција“, рече Пендаровски, спомнувајќи го селото Ваташа каде на 16 јуни 1943 бугарската фашистичка окупаторска војска стрелаше 12 младинци од ова село.

Вчера во Софија, Милков заедно со министерот Бујар Османи во болница го посетија секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој беше нападнат и повреден на 19 јануари, а потоа со бугарски владин авион пренесен на лекување во бугарскиот главен град. По посетата, стоејќи покрај Османи, Милков изјави:

„Момчето настрада заради своите идеи. Еден маж со кауза која што ја застапува. Ситуацијата не треба да продолжи на овој начин. Треба да се стави крај на атмосферата на неказнивост која што раѓа и ново насилство. Тука сум да кажам ‘не’ на враќањето на тие црни традиции кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе. За такво нешто нема место во Европа“.

Османи не рече ништо за ваквите обвинувања од бугарскиот колега и кажа дека во Македонија ќе има нула толеранција за насилство и зборуваше за позитивна агенда на двете влади