Tag Archives: Минус

БЕБИЊАТА ИМ СПИЈАТ НАДВОР, и на минус 30 – опасно или добра рутина ?

Ако патот ве однесе до Шведска, Данска, Финска и забележите дека многу бебиња спијат безгрижно во своите колички надвор, иако времето можеби не е идилично, всушност е екстремно студено, немојте да се чудите! Ова е вообичаена практика во земјите од северна Европа, а температурата под нулата не ги спречува родителите да ги остават своите бебиња на тераса, игралиште, пред продавница или ресторан …

Додека родителите пијат кафе или купуваат секојдневни потреби, бебињата во Скандинавија спијат надвор, а има дури и посебни зони само за детски колички.

Идејата за „спиење на ладно“ потекнува од Финска на почетокот на 20 век, кога стапката на смртност кај бебињата била многу висока. Арво Илпо, педијатар, укажал на тоа дека децата не треба да поминуваат многу време во мали, затворени и лошо проветрени простории бидејќи затоа се повеќе склони на вируси и бактерии. Верувал дека децата уште од најраните денови од животот треба да се зајакнат за да ја издржат суровата финска клима. Неговите методи го донесоа посакуваниот ефект.

Тамошните експерти истакнуваат неколку предности од дремка на свеж, леден воздух:

1. Подолг и подобар сон

Тим фински научници предводени од Марја Торула тврди дека децата кои спијат надвор поминуваат од 1,5 до 3 часа во сон, додека децата кои спијат внатре спијат само 1 до 2 часа. По дремката надвор, тие се далеку посвежи, поенергични и подобро јадат. Покрај тоа, побрзо заспиваат ноќе. „Ограниченото движење заради облеката веројатно го продолжува спиењето, а студената средина дозволува да не се прегреат“, вели Торуло за Би-би-си, додавајќи дека нејзиното истражување покажало дека -5 степени е најдобрата температура за спиење на отворено, иако некои родители со кои разговарала децата ги изнесуваат на спиење дури и на -30!

2. Подобар имунитет

Спиењето надвор не го зголемува ризикот од инфекции, дури и децата кои дремат на студ имаат поефикасен имун систем и многу поретко се разболуваат.

3. Вложување во иднината

Оцврснувањето на децата од најрана возраст води до подобар академски напредок кога ќе почнат на училиште. Тоа, пред се, се должи на фактот што се поотпорни на болести, па многу помалку ги пропуштаат часовите. Секако, Скандинавците ја прескокнуваат оваа практика ако квалитетот на воздухот во нивната област е лош или има премногу смог. „Мислам дека е добро да бидат на свеж воздух. Особено во зима кога има многу вируси … Децата се поздрави“ „Мислам дека е добро за нив да се на свеж воздух. Особено во зима кога кружат многу вируси… „Мислам дека е добро да се на свеж воздух. Особено во зима кога кружат многу вируси… Децата се поздрави“, вели Лиза Мардон за Би-би-си во Стокхолм. Нејзините три деца спијат надвор од раѓање.

Најмладиот Алфред своевремено надвор спиел и два пати на ден, а кога наполнил две години, тој спиел надвор еднаш дневно по час и половина. Мајката на Лиза го правела истото со неа кога била бебе. А и таткото на Лиза, Питер, мајка му го оставила во количка пред куќата, а го внесувала внатре дури кога температурата ќе падне на -10.

И денес, повеќето градинки во Шведска ја негуваат оваа рутина, па не е реткост да се видат редови на детски колички наредени на снегот за спиење. Има дури и предучилишни установи каде децата целото време го поминуваат на отворено, од 9 до 15 часот. Децата на свеж воздух прават се што би сакале и во затворен простор, а внатре влегуваат само за време на оброците или кога е невообичаено студено.

„Многу е важно децата да имаат нешто волнено облечено најблиску до  телото, топла облека и топла вреќа за спиење“, вели Мартин Јарнстром, директор на една шведска градинка.

Експертите се поделени околу тоа дали оваа скандинавска практика има основа во реалноста и дали децата кои спијат на отворено навистина „заработуваат“ помалку настинки и слични состојби. Педијатарот Маргарета Блену нагласила дека извештаите на Шведската агенција за заштита на животната средина покажуваат контрадикторни резултати.

„Во некои студии, открија дека децата од предучилишна возраст кои главно поминуваат многу време надвор, не само додека дремеле, имале помалку отсуства од оние кои поголемиот дел од времето го поминувале во затворени простории. Во други студии, немало разлика“, рекла таа.