Tag Archives: мис

Вереникот ја оставил затоа што била предебела: Две години подоцна станала „Мис на Велика Британија“(Фото)

Британката Џен Аткин негирала дека имала какви било проблеми со исхраната додека нејзиниот вереник не ја оставил поради нејзината тежина. Тогаш, како што вели, се соочила со болната вистина.

Па, како ја изгубила тежината?

„Отсекогаш бев дебела како дете. Во средно училиште килограмите се натрупуваа затоа што сакав храна и мразев вежбање. Мајка ми готвеое здрави оброци, но јас се прикрадував и јадев грицки и слатки. Стомакот ми беше како дупка. јадам и јадам и се чувствувам како никогаш да не сум била сита“, признала Џен.

Џен на 14-годишна возраст имала 83 килограми и морала да носи облека за возрасни.

„Ја држев главата надолу на училиште и малтретирањето беше страшно и често се враќав дома во солзи. Иронично, храната ми беше утеха и тоа беше единственото нешто на кое се радував“.

На 18 години си нашла партнер, но здравствената состојба и се влошила.

„Ги сакавме ноќите во барови и ресторани и уживавме во готовата храна што ја јадевме пред телевизорот. Негирав дека сум дебела, дури и кога слушав како луѓето мрморат дека сум „дебела крава“, секогаш се обидував да ја потиснам тоа. Одбивав да стапнам на вагата. Мојот став беше дека ако не знам колку тежам, нема проблем“.

Меѓутоа, реалноста ја натерала да се соочи со болната вистина.

„Мислев дека мојот дечко ме сака таква каква што бев. Се надевав дека ќе се венчаме во декември 2015 година, но во март истата година ми рече дека е готово. Бев уништена. Останав сама и почнав да се чувствувам лошо и уште повеќе да јадам. Неколку недели подоцна се облекував за кај една пријателка кога не можев да влезам во мојот омилен фустан. Мислев дека можеби се смалил при перењето, но кога зачекорив на вагата за прв пат по години, видов дека имам 114 килограми. Не можев да поверувам, па дури и го соблеков накитот за да бидам полесна“, ја опишала Џен прилично тешката ситуација.

Голема улога во целиот процес на слабеење имала нејината пријателка Софија.

„Ме запиша во теретана каде што работеше и кога видов други луѓе, кои исто така имаат вишок килограми, како креваат тегови или трчаат, полека почнав да ги следам. Ја подобрив и исхраната. Пред тоа секогаш коаг пазарев количката ми беше полна со бисквити и чипс, но сега почнав да ја гледам калориската содржина и готвев здрава храна“.

„Беше толку добро што продолжив. Мојот шеф не можеше да поверува колку сум се променила, не само физички. Порано бев намќор, но сега бев среќна и мотивирана на работа. Купив велосипед и почнав со него да одам во работа“.

Во 2018 година, Џен влегла во натпреварот за Мис Јоркшир – и победила. На натпреварот за Мис Британија го зазела осмото место, а следната година го освои второто место. Во 2020 година беше прогласена за Мис на Велика Британија.


Аткин верува дека нејзиниот поранешен би се гордеел со неа, но таа нема намера да контактира со него. Таа ја пронашла љубовта на својот живот и се омажила за Крис пет месеци пред да ја освои титулата.

Мис вечавка: Се венчаа Мис Аргентина и Мис Порторико (ВИДЕО)

Мис Аргентина и Мис Порторико стапија в брак. Аргентината Маријана Варела ја откри веста на Инстаграм со низа фотографии, а нивната венчавка ја опиша како „посебен ден“, што се случил на 28 октомври. Истата објава ја сподели и Фабиола Валентин на својот Инстаграм-профил.

Девојките се запознале на меѓународниот избор за убавина „Мис гранд интернејшнал 2020“ (Miss Grand International 2020), но нивната врска ја чувале во тајност.

Инаку, Маријана ја претставуваше Аргентина на изборот за „Мис Универзум 2019 година“ и се најде меѓу најдобрите 10 на изборот „Мис гранд интернејшнал 2020“. Како модел работела со бројни агенции и за различни кампањи. Фабиола беше „Мис Порторико“ за 2020 година.

Мија Стерјовска од Скопје е Кралица на Евроазија за 2022 (Фото)

Викендов во Истанбул, Турција се одржа изборот за убавина Кралица на Евроазија 2022. Нашата претставничка Мија Стерјовска, 18 години, од Скопје ја освои титулата Кралица на убавината (Queen of Beauty), како најубава од сите 30 кандидатки од исто толку држави од Евроазија.

Освен Мија, уште една членка на Модното студио Црнокрак успеа да освои титула, итоа главната, победничка на изборот. Тоа е нашиот интернационален модел, Доти Полгар од Будимпешта, Унгарија, со која соработуваме речиси 8 години. Со тоа го продолживме успешниот низ на освоени интернационални титули, дури 15 кои само оваа година ги освоивме со девојките и момците од Модното студио Црнокрак. Но не застануваме тука, до крајот на годинава следат уште неколку избори ширум целиот свет”, вели Мики Црнокрак, директно од Истанбул веднаш по финалето.

Инаку, изборот Кралица на Евроазија се одржа во Маскарада, еден од најдобрите клубови во Истанбул и цела Турција. Мија на финалето се претстави во модели од брендот ЛАМАС.

ФОТО: Избрана најубавата жена, Индијката Саду е Мис Универзум

На 70 избор за најубава жена во израелското летувалиште Еилат, 21 годишната Мис Индија Харназ Саду е прогласена за Мис Универзум.

Саду зад себе остави 79 конкурентки, Титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај, додека за втора придружничка е избрана Мис Јужна Африка.

Круната, по траедиција и ја врачи минатогодишната победничка, Мексиканката Андреа Меса која титулата ја имаше само седум месец бидејќи изборот беше одложен поради коронавирус пандемијата.

Саду работи како актерка, а во слободно време се занимава со јога, тангц, готвење, шах и јавање.

На овој избор првпат се натпревараше претставничка од Обединетите Арапски Емирати, а по повеќе од четири децении се појави и претставничка на Мароко.

Тетовчанката Катарина ја освои титулата за Најфотогенична на избор за убавина во Турција

Во Турција неодамна се одржа изборот за „Кралица на Евроазија 2021 (Queen of Eurasia 2021), на кој нашата претставничка Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична (Best FOTOMODEL).

Таа е од Тетово, има 24 години и членка е на „Модното студио Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина кој традиционално секоја година се одржува во месец ноември во Анталија.

Од сиромашна девојка до Мис Колумбија, од КРАЛИЦА НА KОKAИНOТ и на крај заврши во ЗATВOР

Енџи Санслементе Валенсија (42) беше прогласена за најубава Колумбијка во 2000 година.

Благодарение на познанствата кои ги стекнала во светот на манекенството и шоу-бизнисот, таа организирала синџир на шверц во кој ангажирала манекенки за шверц на кокаин, кои без никакво криење, во рачен багаж внесувале дрога во авионите.

„Сè функционираше толку добро затоа што не ги комплицирав работите. Само ќе најдев млада девојка која не изгледа премногу гламурозно, а сепак би била доволно згодна за мажите кои работат во обезбедувањето на аеродромот речиси да се скараат меѓу себе, дека ќе се преправаат дека ја прегледуваат. Ќе одат по неа, малку ќе флертуваат, ќе сменат неколку реченици, само површно ќе го проверат багажот. Сето тоа звучи малку невозможно, но клучот беше во едноставноста“, рече таа за нејзиниот синџир за шверц, за време на интервјуто што го дала додека беше во затвор.

Од девојка од сиромашно семејство која израснала во сиромаштија преку најпознатиот колумбиски модел која живееше живот од кој не би се срамеле ниту најголемите светски ѕвезди, назад до личност без пари на сметка и девојка која од која се откажаа сите се освен семејство.

Таа е родена во 1979 година во колумбиската престолнина Богота, а пораснала во Баранкила – градот најпознат по пејачката Шакира и актерката Софија Вергара. Тоа е град во кој дрогата и убавите жени од 90-тите одеа рака под рака, што Енџи сакала да ги искористи.

Тренирала балет и модерен танц, одела на часови по танц и пеење, сè и било добро, но пресвртот се случил откако во 2000 година беше прогласена за „кралица на кафето“, што е еден од најпрестижните натпревари за убавина во Колумбија.

Според правилата на конкурсот, кандидатите не смеат да бидат во брак, а Енџи била кратко во брак, поради што и била одземена титулата и за скандалот со недели се пишувало во тамошните медиуми.

Поради фактот што речиси сите избори за убавина биле поврзани со локални нарко босови, таа одлучила да се пресели во Мексико.

На почетокот се фотографирала за каталози, а набрзо се пробила и до националната телевизија. Тука и се отвориле вратите на мексиканскиот џет-сет во кој се испреплетувале спортисти, високи криминалци и моќници од различни сфери.

Според една верзија на приказната, таа набрзо го запознала Аргентинецот Николас Гуалко, кој бил познат како еден од организаторите на елитната проституција. Тие почнале да живеат заедно две недели откако ја започнале врската, а Николас набрзо ја однел дома кај своето семејство во Буенос Аирес со намера да им каже на родителите дека планира свадба со Енџи.

Според втората верзија, онаа кон која повеќе се наклонети локалните медиуми – Енџи заминала во Мексико за да ги дознае тајните на трговијата со шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа. Таа запознала дилер чие име се уште е непознато за јавноста. По опсежни подготовки и три години тренинзи, се вратила во Аргентина, каде требало да најде девојки кои за ситни пари ќе шверцуваат дрога вредна милиони долари.

Имала добро воспоставена мрежа со месеци. После тоа започнале серијата апсења, кога во 2010 година една од манекенките била уапсена на аеродром поради  пронајдено големо количество кокаин. Енџи побегнала.

Инспекторите не можеле да ја пронајдат околу пет месеци, таа спиела секој ден во друг хотел или хостел под друго име, се потстрижувала и ја менувала бојата на косата, наместо да носи луксузна облека, таа почнала да носи тренерки и широки маици. Додека била во бегство, јавноста преку нејзиниот Фејсбук профил се обидувала да ја убеди дека е невина и дека е жртва на местенка.

Сепак, таа била уапсена и сместена во затворот Езеиза, на околу 20 километри од Буенос Аирес. Во него завршила откако била осудена на шест години и осум месеци за организирање на шверц на кокаин од Аргентина во Европа. Од првиот затвор била префрлена во друг, во истиот град, поради насилството и нападите на кои била изложена во првиот.

Таа беше ослободена од затвор и депортирана назад во Колумбија во септември 2013 година, откако отслужила само половина од нејзината казна. Таа добила доживотна забрана за влез во Аргентина.

Тетовката Ева Јовановска меѓу најубавите во Евроазија, стана мис „Лице на иднината“ 👑

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Мис на Евроазија 2021 на кој македонската претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички.  Ева е од Тетово, има 17 години и членка е на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина.

Таа исто така имаше забележителен настап на талент шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка. На финалето Ева носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработи студиото Краљевски.
Изборот се одржа во  хотелот Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 40. финалистки на Мис Евроазија 2021.