Tag Archives: мисс

Мис Русија ја игнорира цел свет !? (Фото+Видео)

Русинката Ана Линикова беше избрана за мис Русија и ја претставуваше својата татковина на годинашниот избор за убавина Мис Универзум, кој се одржа на 15 јануари во Њу Орлеанс, САД. Титулата за најубава жена ја понесе Р’Бони Габриел од САД.

Претставничката на Русија вели дека се соочила со постојани напади, навреди и закани од украинските интернет-корисници, па дури и негативни коментари од познаници. Таа не сакала да коментира за војната, иако претставничката на Украина Викторија Апанасенко ја прашала за мислење и став. Ана Линикова вели дека таа е тука за натпреварот.

„Многумина ме избегнуваа и се оттргнуваа кога ќе чуеја за моето потекло. Девојките од Украина и Швајцарија бегаа од мене ‘како од оган’. Покрај тоа, сè околу изборот на првите 16 девојки беше ‘чиста политика’“, изјави убавата Русинка за „Вечернаја Москва“.

Таа вели и дека тоа што не се пласирала во финалето на натпреварувањето нема никаква врска со квалитетот на нејзиниот настап.

„Се обидов да стапам во контакт со Украинката, но сите напори беа залудни. Сите го видоа демонстративното однесување на Викторија – тоа е нејзин избор, а јас не држам лутина“, додаде мис Русија.