Tag Archives: млеко

ДВА МЕСЕЦИ државата ги остави БЕЗ ПАРИ за пелени и млеко – НЕМА ИСПЛАТА НА ПОРОДИЛНО

Доцни исплатата на породилните отсуства, боледувања и грижата за туѓа нега. Мајките на социјалните мрежи реагираат – 2 месеци државата ги остави без пари за пелени и млеко. 

Институциите пак си ја префрлаат одговорноста, иако официјален став нема ни од финансии, ни од Фондот за здравство. Едните велат – парите треба да ги пушти Трезорот во министерството, а од финансии враќаат – во трезор не стојат налози. Штом стигнат, почнува исплатата. 

Каде е проблемот и колку пари месечно има за оваа намена – нема одговор. Службите не работеле за викенд. 

Неофицијално се зборува за две верзии – првата е дека во буџетот нема пари за зголемените плати на функционерите, па се кратело од секаде од каде што се можело. Затоа пари биле повлечени и од фондовската сметка. Втората верзија е дека сајтот на финансии бил хакиран, но министерот Бесими нападот го отфрли како шпекулација.

Тој во гостување на Телма вели дека Трезорот функционира беспрекорно, 24/7, сите системи функционираат, но се прават понекогаш проверки. Сепак трезорот е безбеден во однос на базата на податоци, изјави Бесими. 

Инаку мајките кои се на породилно отсуство исплата добиваат во три групи, околу 10-ти, од 13 до 15-ти и од 23 до 25 последната, трета група. 

Доцнење имаше и на почетокот на годината – кога беше хакиран сајтот на Фондот за здравствено одигурување. 

Инаку месечно околу 10% од парите на Фондот одат за исплата за оваа намена.

Познат ланец маркети повлекува МЛЕКО од пазарот – ако сте го купиле, вратете го за да бидете рефундирани

Од ланецот на маркети Стокомак информираат дека млекото Milkano UHT Млеко со 3,2% масленост, 1 литар LOT FD04 се повлекува од пазарот. Упатуваат апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.

„Доколку некој од нашите купувачи има купено од овој ЛОТ го повикуваме да го врати во нашите маркети, ќе им биде надоместен целиот износ. Веднаш е реагирано до производителот кој ни испрати резултати од интерна лабораторија која не соодвеставува со овие резултати. Ние ги почитуваме нашите надлежни институции и истото веднаш е повлечено од промет. Поради овој огромен пропуст нашата компанија повеќе нема да соработува со оваа млекара. Се извинуваме на сите наши ценети потрошувачи за овој пропуст кој нема да дозволиме да се повтори во иднина. Воедно ве информираме дека од овој производ како и останатите Милкано производи ен се спорни во овој случај“, информираат од Стокомак.

Пристигна и информација од Храна и ветеринарство во врска со овој случај.

Млекото, лебот и кашкавалот во Германија се поевтини од Македонија

Цените на основните продукти во Германија се поевтини од Македонија, објави „Република“.

Лебот во Германија може да се купи по цена од едно до 1,3 евра, додека кашкавалот се продава за осум евра по килограм.

Брашното чини околу пет евра за пет килограми, додека единствено нешто што е поскапо е зејтинот, кој чини од три до четири евра.

До крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголеми за најмалку 10 проценти во Македонија, најавуваат мелничарите.

Причини за поскапувањето, велат, се скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата.

Мелничарите бараат субвенции за електричната енергија или да бидат додадени на регулираниот пазар зашто само така, нагласуваат, би се смирила ситуацијата и соодветно би се намалиле цените во корист на населението.

Како што изјави за МИА претседателот на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора, Горан Малишиќ, од огромна корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, зашто и онака 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува во ноќните часови.

– Во сегашната консталација, берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на француската берза е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период од максимум 40 до 50 дена, истакнува Малишиќ.

Според него, огромен проблем во моментов е и цената на струјата.

– Цената на електричната енергија за август 2022 на отворениот пазар изнесуваше 32 денара по киловат час што за компаниите е 500 отсто зголемен трошок во однос на лани. Сите овие зголемувања ќе придонесат за зголемување на цената на лебот или за неминовно затворање на индустриските капацитети. Тоа значи дека, не само за мелничко-пекарската индустрија, туку за целата индустрија – без помош или интервенција на Владата во цената на електричната енергија, неминивно е тотално намалување на производството до можен минимум или затворање на капацитетите, нагласува Маличиќ.

Тој додава и дека залихите на пченица кај приватните субјекти, силоси и мелници се на историски најмал минимум, што од намалената домашна жетва во 2022, што од неможноста на мелниците да набават пченица од увоз поради високата цена. Дополнително, проблем се и оперативните средства за набавка на лебно жито кои не се подржани ниту од комерцијалните банки, ниту од Владата.

– Во оваа ситуација Владата најмногу требаше да помогне. Сепак, за да нема катастрофални последици, минатата недела се одржа состанок на Мелничко-пекарската групација од кој се испратија неколку барања до Владата и ресорните министерства. Најважното барање е како една од општествено најважните индустрии за прехрана на населението или индустрии кои обезбедуваат домашно брашно, леб и печива, да биде субвенционирана во цената на електричната енергија или додадена во регулираниот пазар со цел, во двете опции, цената на струјата да не биде повеќе од шест денари по киловат час. Така би се смирила ситуацијата и соодветно би се намалиле цените во корист на населението, објаснува Малишиќ.

Засега одговор од Владата на барањето на мелничарите нема. Тие иднава недела очекуваат средба на повисоко ниво, меѓу Комората и ресорните министерства, за изнаоѓање соодветни решенија.

Литар млечен чоколаден сладолед 87 денари – Литар свежо млеко 84 денари?

Д-р Нико Беќаровски направи интересна споредба на цените на два производа, откако млекото и сите млечни производи поскапеа на македонскито пазар. 

-Литар млечен чоколаден сладолед 87 денари. Литар свежо млеко 84 денари. Првиот патува, патува, патува од Полска, млекото “дури” од Битола. Не ќе да е се до скапиот превоз, констатира тој во објава на својот фејсбук профил. 

-Не е дека нема млеко туку трговциве зајдоа со тоа маржата, па удри цени до небо. Како може од млекопроизводителите да откупуваат по 20 денари литар, а во малопроджба 84 кога ддв-то е 5%?, прашува една граѓанка. 

(Фото) Наумоски молзеше крава, па се напи пресно млеко

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски од СДСМ, за време на посетата на Ново Село самиот измолзи крава, па се напи од свежото млеко. Актуелниот градоначалник на Општината во Ново Село, како дел од неговата програма „Најдоброто за мојата општина“, вети изградба на нова градинка.

На месноста викана Блага Вода кај Ново Село и Стопански двор градиме градинка кој ќе згрижува 150 деца. Проектот е веќе прифатен од Министерството за труд и социјална политика. Се предвидува изведба на 10 занимални, кујна, пристапни патеки, современ енергетски ефикасен објект, со еколошки систем на загревање. Покажавме дека нашите ветување се реализирани проекти. За само година и половина изградивме комплетно нова градинка во Волково и три занимални во „Детелинка“ за 90 деца. Досега имаме нови капацитети за околу 300 дечиња. Со овие капитални проекти, Ѓорче Петров за прв пат добива градинки во рурланиот дел. Посветено работиме секое дете да биде згрижено. Ѓорче Петров го има најдоброто за нашата општина а тое е бројот 12, кажа Наумоски.