Tag Archives: Модуларна

„За време на пандемијата работеше 24/7 – наместо да го наградат, го влечат по судници“

Неколкумина лекари и медицински персонал денеска дојдоа пред тетовскиот суд каде повторно се одржа мирен јавен протест со цел поддршка за д-р Бобан Вучевски, еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница.

Медицинските лица истакнаа дека нивниот колега за време на пандемијата бил меѓу тие кои постојано биле на работа и за тоа го жртвувале приватниот живот.https://miseryclevernessusage.com/watch.814684247797?key=44a53a9a3b9cf7cff7980c7467a278e6&kw=%5B%22%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B5%22%2C%22%D0%BD%D0%B0%22%2C%22%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%22%2C%22%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0%22%2C%22%D0%BC%D1%83%22%2C%22%D1%81%D0%B5%22%2C%22%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%22%2C%22%D0%BD%D0%B0%22%2C%22%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%22%2C%22%D0%B2%D1%83%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%22%2C%22%E2%80%9E%D0%B7%D0%B0%22%2C%22%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%22%2C%22%D0%BD%D0%B0%22%2C%22%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%22%2C%22%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%B5%22%2C%2224%22%2C%227%22%2C%22%E2%80%93%22%2C%22%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE%22%2C%22%D0%B4%D0%B0%22%2C%22%D0%B3%D0%BE%22%2C%22%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%22%2C%22%D0%B3%D0%BE%22%2C%22%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D1%87%D0%B0%D1%82%22%2C%22%D0%BF%D0%BE%22%2C%22%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%E2%80%9C%22%2C%22%E2%80%93%22%2C%22kurir%22%2C%22mk%22%5D&refer=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2Fkolegite-na-protest-dodeka-mu-se-sudi-na-doktor-vuchevski-za-vreme-na-pandemijata-raboteshe-24-7-namesto-da-go-nagradat-go-vlechat-po-sudnitsi%2F&tz=2&dev=r&res=12.31&uuid=0ea1795d-d46b-45d2-b277-39c519a210bd%3A2%3A1

-Дојдени сме да му дадеме поддршка на нашиот најхуман колега доктор Бобан. Кој што за жал поради системот кој не ни функционира, па наместо како добри, вредни и хумани доктори да се наградуваат, тие се влечат по судници. На жалост, таков е нашиот систем. Наместо толку мал број, сега требаше цело Тетово требаше да биде тука. Затоа што д-р Боби е еден од најхуманите луѓе-додека владееше пандемијата 24 часа седум дена беше на работа. Зарем овој наш колега немаше семејство, немаше свои деца, целиот свој живот го посвети на пациентите. Кај се сега сите тие пациенти, кај се и нашите колеги. Не само да се зборува по социјални мрежи тука треба сите да го поддржиме нашиот колега. Нашите добри стручњаци и добри колеги хумани и вредни на овој начин се навредуваат. Колегата не беше крив за тоа што имаше посета, кривицата е што болницата нема доволно медицински персонал, изјави една од докторките, присутни на протестот.

Граѓаните кои редовно доаѓаат на овие протести кога се одржува судскиот процес потенцираат дека докторот е тој што совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста за време на пандемијата со Ковид-19.

-Тука сум за поддршка на доктор Боби. Мислам дека не е ферски, ова што му го направија на него. Нема смисла обвиненијата со тоа што се случи. Сега му одземаат време, наместо да спасува животи, тој не може да работи сега како што треба.

За пожарот во модуларната болница поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товараат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. (МИА)

Сведочења за модуларната болница во Тетово: „Немаше противпожарен апарат, се изгоре за 2 минути“

Рочиштето за модуларната болница во Тетово продолжи со сведоците повикани од Обвинителството. Сведочеа медицинските лица кои биле на смена таа трагичната ноќ како и членовите на семејствата кои биле во болница за да се грижат за своите роднини.

Според лекарот Мустафа Тахири, пожарот избил во горниот дел од еден од креветите.

„Пожарот почна во горниот дел од креветот и дел од ѕидот. Прво го преместивме пациентот, потоа се обидовме да го изгаснеме пожарот со ќебе и со кофа вода, при што пожарот продолжи и во моментот кога сфативме дека не можеме да го изгаснеме, се обидовме да ги преместиме сите пациенти. Слободно можам да кажам дека се изгоре, според моите пресметки, за две минути. Собата изгоре за 15 секунди, болницата за 2 минути. И да имаше противпожарни апарати, и пожарникарите да беа во дворот, тој пожар не можеше да се изгасне на никаков начин.“, рече сведокот Тахири.

Мумин Исмаили кој во оваа трагедија ја загуби неговата мајка, се надева дека случајот ќе се расветли.

„Јас мислам дека ќе се расветли бидејќи почна распитот на сведоците и мислам дека сме на прав пат.“, рече Исмаили.

Сведокот, Оливера Веселиновска била во болница со синот кој боледува од церебрална парализа.

„Останав 4 или 5 дена, слушнав врисоци од пожарот, сестрите трчаа да го изгаснат. тие денови постојано влегував и излегував и во никој случај не видов противпожарни апарати. Не добив дозвола од болницата. Мене вработените ми дозволија да влезам поради детето. Беше чувствителен бидејќи беше со посебни потреби и реагираше многу чудно, па ме пуштија, имаше други луѓе во болница кои носеа храна и излегуваа, јас лично имав документ да го придружувам детето и кога им кажував не ме спречуваа да останам во болница.“, изјави Оливера Веселиновска.

Тетовци излегуваат на протест за херој-докторот Бобан, кој е обвинет за страшниот пожар во модуларната болница

Во понеделник – 16.01.2023 година, со почеток од 09.00 часот повторно се организира мирен протест пред Основниот суд во Тетово, а заради (не)правдата кон др. Бобан Вучевски.

Докторот кој е тетовскиот херој од корона-пандемијата е обвинет како одговорен за страшниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе. Сите, кои сакате да му дадете поддршка на овој хуман човек и да изразите револт за овој судски процес, добредојдени сте.

Се гледаме пред суд и остануваме таму до крајот на рочиштето тој ден, пишува на настанот отганизиран на социјалните мрежи.

Фокус: Со ќебе и вода медицинскиот персонал се обидел да го изгасне пожарот во модуларната болница во Тетово

Со ќебе и вода медицинскиот персонал се обидел да го изгасне пожарот кој избувна во тетовската модуларна болница, што ги потврдува и првичните неофицијални информации дека во објектот немало противпожарен апарат. Начинот на кој се обиделе да се справат со огнената стихија со она што прво им дошло до раце, за “Фокус”, го откриваат од Обвинителството.

Поточно, неодамна од Обвинителството информираа дека медицинскиот персонал “презел обид за гаснење”. Затоа прашавме со што точно се обиделе да го изгаснат огнот, односно дали со противпожарен апарат, ќебе…

-Во врска со пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, ве известуваме дека обидот за гаснење на оганот преземен од страна на медицинскиот персонал бил со средства кои им биле во непосредна близина – ќебе и вода. Поради брзото ширење на пожарот не успеале во обидот и брзо го напуштиле објектот. Обвинителите ги утврдуваат сите детали околу настанатиот пожар во тетовската болница, ни одговорија од Обвинителството.

Неодамна, во Основното јавно обвинителство Тетово беше доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.

Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица.

– Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, информираа тогаш од Јавното обвинителство.

Обвинителството наскоро очекува да пристигнат и извештаите и податоците за кои имаат издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија.

Валентина Вурмо – Фокус

Кој замолчува сведоци за состојбите во модуларните болници и зошто никој не реагира?

Криењето и заплашувањето да не излезе информација во јавноста за состојбите во модуларните болници ги надминува сите човечки аспекти.

Извори од тетовско зборуваат за нечовечко замолчување на сведоците на пожарот во којшто загинаа 14 пациенти. Јавноста се уште не го знае комплетниот список на жртви, ниту пак на лицата коишто беа во животозагрозувачка опасност од пожарот во Тетово.

Случајот со Ибин Емшиу кој во јавноста рече дека добивал закани по живот за да не ја обелодени вистината за Тетовската болница е само еден пример.

А по сведочењата на пациенти и нивни роднини за барањето мито, за негрижата, за нечовечкиот однос во болниците, заканите не сопреле само кај оние коишто гласно проговореа. Извори пренесуваат дека нема семејство коешто не добило закана, или било каков вид на обид за замолкнување.

Не било заобиколено и дека самиот контакт со болниот за којшто требало самите да се грижат ги доведува во положба на зараза и дека средбата со “судбината” била неминовна. Нехуманиста на режимот секој ден се надминува себе си.

Во одбрана на министер кому му изгоре болница полна со пациенти, којшто на совест има 14 починати во пожар, којшто е одговорен за несоодветни протоколи во истата болница, сега врз истрауматизираните семејства се врши дополнителен притисок, а никој не реагира.