Tag Archives: Модуларни

Едната ИЗГОРЕ, другата ПРОКИСНА – Mодуларните болници кои се градени по највисоки стандарди

Затворена е модуларната болница до Инфективна клиника од безбедносни причини -протекувал покривот од дождовите минатата недела. Според информациите до кои дојде 24ТВ, водата пробила и до сијаличните места, па поради опасност од хаварија, објектот е испразнет и затворен. И од Инфективна клиника и од Министерството за здравство ја потврдија информацијата дека минатата недела е затворена модуларната болница, каде имало 20 тина пациенти.

„Точно е дека прокапа од дождот, ја испразнивме, дезинфициравме внатре и сето тоа ќе се санира. Дел од пациентите се префрени на Инфективна клиника каде што имаше слободни места дел се на Институтот за ТВЦ“, изјави за 24 ТВ, д-р. Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.

Во модуларната болница има централен довод за кислород со што опасноста е поголема доколку водата дојде во допир со струјата.

„Во модуларната болница до Инфективната клиника нема сместено пациенти.Дваесетина пациенти кои биле сместени во неа се префрлени во самата болница и во ТБЦ за да не им пречат на активностите преземени за поправка на мал дел од кровот на модуларната болница.“ – велат од Министерството за здравство.

И покрај препораките на одредени лекари да се затворат монтажните објекти после пожарот во модуларната болница во Тетово, од Министерството за здравство тврдеа дека сите 19 монтажни болници се градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Во пожарот во модуларната болница во Тетово, живи изгореа 14 пациенти.

Тортевски: Само глyп, бeзмoзочен партиски поставен функционер може да каже дека модуларните СЕ БЕЗБЕДНИ

Адвокатот Александар Тортевски на Твитер со жестока реакција по големата трагедија во Тетово во која животот го загубија 14 лица и изјавата на директорката на Инфективно дека верува оти модуларните болници се безбедни.

Тој посочува дека се работи за безмозочни партиски поставни функционери кои имаат тврдења кои се косат со здравата логика.

-Само глуп, безмозочен партиски поставен функционер може сега да каже дека модуларните болници се безбедни. Видовме во Теово колку се безбедни. Сите се од ист матерјал и се виде дека горат целосно за 5 минути. Пожарот не го интересира дека производителот издал некаков сертификат, пишува Тортевски.

Илјадници пацинети кои се лекуваа беа спасени, вели во интервју за РСЕ директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, откако пожарот во Тетово однесе 14 животи.

– Видете, јас верувам дека се безбедни. Сите тие имаат свој технички прием и градежни документи без никаква замерка. Еве да зборувам за модуларната болница која има капацитет дури од 70 легла и е припиена кон Клиниката за инфективни болести. Да ве потсетам, илјадници пациенти беа спасени од тешка клиничка слика од ковид, од средно тешка клиничка слика на ковид и ние не можеме да кажеме дека модуларната болница не е начин за едно квалитетно згрижување и третирање и нега на пациентите, изјави Стевановиќ на едно од прашањата

Стевановиќ: Модуларните болници спасија многу животи

Илјадници пацинети кои се лекуваа беа спасени, вели во интервју за РСЕ директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, откако пожарот во Тетово однесе 14 животи.

– Видете, јас верувам дека се безбедни. Сите тие имаат свој технички прием и градежни документи без никаква замерка. Еве да зборувам за модуларната болница која има капацитет дури од 70 легла и е припиена кон Клиниката за инфективни болести. Да ве потсетам, илјадници пациенти беа спасени од тешка клиничка слика од ковид, од средно тешка клиничка слика на ковид и ние не можеме да кажеме дека модуларната болница не е начин за едно квалитетно згрижување и третирање и нега на пациентите, изјави Стевановиќ на едно од прашањата.

Директорката тврди дека многу пациенти кои не верувале во болеста пред да дојдат на клинката, на цела среќа многумина од нив се излекувани и на еден многу потежок начин го смениле ставот и ја откриле вистината.

Вака изгледа ПУР изолационан панел кога е 30-тина секунди изложен на оган, сите модуларни болници во земјава се изградени вака (ВИДЕО)

Вака изгледа ПУР изолационан панел кога е 30тина секунди изложен на оган. Веднаш до него се гледа ПИР панелот, изложен на оган исто толку време, објавува телевизија 24.

Кај ПУР панелот воочлива е неговата мала издржливост на пламен. Во модуларните болници во земјава се вградени ПУР панели. Дали ова е причината што модуларната болница во Тетово, според очевидци, изгоре за три минути? Според доброупатени извори со кои контактиравме, вградувањето на вакви панели било одлука на проектатите од Министерството за здравство.

Дали доколку панелите не биле високозапалливи, можела да се спречи ката*трофата во тетовскиот центар. Според инженерот за безбедност Борче Стојчевски, постојат стандарди пропишани со Правилник за заштита од пожари, кои мораат да се почитуваат.

Министерството за здравство вчера не одговори конкретно кој и зошто одлучил да се вградат овие панели и наместо тоа соопшти дека се што е вградено е со сертификат од производител, а процесот на инсталација, со атестирање. Минималните технички барања за материјалите биле по претходна согласност од Светска Банка, која ја финансираше изградбата.