Tag Archives: МохамедСалису

Неверојатна приказна: Oд фудбал на улица, до први голови во Катар

Мохамед Салису е 23 годишен фудбалер на Саутемптон, репрезентативец на Гана. За оваа селекција дебитирал оваа година и има само пет мечеви за националниот тим. Неговата фудбалска бајка почнува во 2017-та кога станува дел од младинските категории на Ваљадолид.

Мохамед Мунтари е 28 годишен фудбалер на Ал Ахли. Репрезентативец е на Катар.

Нив двајца ги поврзува една успешна приказна како од бајките. Освен тоа што имаат исти имиња, двајцата се родени во градот Кумаси, Гана. Пред десетина години заедно играле фудбал на маалските терени или практично кажано на улица. Десет години подоцна тие се дел од Светското првенство. Едниот, Мохамед Салису со Гана, додека Мохамед Мунтари со репрезентацијата на Катар.

Приказната да биде уште повозбудлива и поубава и двајцата постигнаа гол за своите селекции на Мундијалот во Катар. Салису стрелаше за 1:0 на мечот Гана-Јужна Кореа (3:2), а Мунтари беше стрелец на единствениот гол за Катар досега и тоа на мечот против Сенегал (1:3). Катар е веќе елиминиран бидејќи има два порази, додека Гана со победата над Јужна Кореја останува во игра за пласман во осминафиналето.