Tag Archives: момчиња

Бал на турското маало во повод Денот на вљубените во Струмица (Фото)

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Младоста, убавината и љубовта најчесто одат заедно и се причина за многу прекрасни доживувања и дружења.

Токму тоа и се случи вечерва .

Празникот на вљубените Св. Валентин беше поводот на едно место да се соберат младите девојчиња и момчиња од Турското маало во Струмица и да ги изберат најубавите меѓу нив.

Честитки за најубавите, нека трае оваа традиција уште долго и славете ја младоста и убавината, бидете среќни и весели.

Во нашето Турско маало знаат да слават и да се веселат, но знаат да бидат храбри и пожртвувани. Им благодариме за нивниот претставник Шакир кој беше дел од спасувачката мисија во Турција и се е уште таму за да му помага на својот народ.

Благодариме на вниманието на нашето Турско маало и нашите браќа Турци.

Да сте живи и здрави.

(ФОТО) Мајка со бебе падна во Вардар, ги спасија неколку млади момчиња

Вчера мајка со своето дете се лизнала и паднала во реката Вардар, во близина на Музејот, дознава Алсат.

Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат.  Количката останала во реката.

Соопштено е дека и мајката и детето се добро и без сериозни повреди.

Тeшкo пocpaмување пред девојчиња (ВИДЕО)

Видеото е направено во рускиот град Набережние Челни, покажува три млади момци кои биле соодветно засрамени пред девојките пред кои се обиделе да ја покажат својата сила. Тие доживеале целосно понижување кога обично ѓубре може неочекувано да „пружи жесток отпор“.

Првиот доби удар на место, а неговиот пријател, кој се обиде да се одмазди, не помина многу подобро. Трите млади дами искрено се смееја на нивните несреќи.

Но, сцената не донесе насмевки само на лицата на девојчињата.

Во средата попладне, тој стигна до социјалната мрежа Редит, стигна на насловната страница. Сите три илјади коментари ги исмејуваа, што не е изненадувачки со оглед на трагикомичниот крај на нивната емисија.