Tag Archives: мотивација

Од работа во гаража и доставување нарачки со свој автомобил – до НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ !

Џеф Безос ја напуштил работата во инвестициска банка во 1994 година и се преселил во Сиетл, Вашингтон, за да отвори виртуелна книжарница.

Џеф Безос кога првпат го основаше Амазон во 1994 година. Неговото биро всушност беше врата на која зашрафил некои 2×4 ногарки. Тој во моментов е најбогатиот човек на светот.

Работејќи во својата гаража со неколку вработени, Безос започна да го развива софтверот за страницата, која ја нарече Amazon.com. Својата прва книга ја продаде во 1995 година.

Тој му помогна на Амазон да се појави како една од најголемите компании ширум светот и го додаде и своето богатство. Но, патувањето беше полно со борба, како што зборуваше Безос во минатото.

Во едно старо интервју за CNBC, Безос се присети дека имало време кога сам доставувал пакети. Да, замислете како извршниот директор на компанијата ги носи вашите нарачки во својот автомобил! Тоа му било работа.

Џеф Безос не е роден во богато семејство. Неговите родители имаа 17 и 18 години кога тој се роди, и тој работеше на ранчот на баба и дедо од мајка му во Котула, Тексас, на почетокот на неговиот живот.

Тој дипломирал со пофалба на Универзитетот Принстон во 1986 година, со дипломи по електротехника и компјутерски науки.

Мотивација: Манекенка со инвалидитет која ги руши сите предрасуди

23-годишната Викторија Салседо од Еквадор, ги руши предрасудите во светот, откако ја започна својата кариера како манекенка и покрај тоа што на 5-годишна возраст ги има изгубено двете раце и левата нога, преживувајќи струен у дар.

Несреќната случка се случила на 11-ти ноември 2001 година кога Викторија си играла во својата соба и со метална шипка случајно допрела жица под висок напон. Струјниот у дар ѝ предизвикал изгореници од трет степен, а докторите морале да ѝ ги ампу тираат двете раце и едната нога.

Растејќи без екстремитети, Викторија морала повторно да ги учи сите основни задачи. По неср*ќата ѝ биле вградени протези, но никогаш не ги сакала. Како што растела, ѝ било тешко да развие свест за тоа дека се разликува од другите.

„Размислував многу за тоа што прво би направила кога би имала раце. Но, знам дека тоа е невозможно така што таквите мисли повеќе не ме мачат“, вели Салседо.

И покрај инвалидитетот, оваа млада девојка одлучила да се пријави на натпреварот за Мис Еквадор и да ги сруши сите предрасуди. На тој начин сакала да испрати порака и да го подигне гласот за сите оние кои се сомневаат во себе.

И покрај напорите, Викторија не успеала да се пласира помеѓу 10-те финалистки за Мис Еквадор, но со своето појавување таа направила и многу повеќе од тоа. Имено, иницирала разговори поврзани со лицата со инвалидитет и сонот и тие еден ден да бидат крунисани.

„Најмоќната работа која човекот ја има е отпорноста и способноста да се прилагоди на нови околности и да го извлече најдоброто од секоја ситуација“, порачува 23-годишната девојка и додава:

„Сè е во ставот кон животот и вербата во себе. Јас сум жена со соништа и ако не преземам нешто, никој нема да го направи тоа за мене“.

Текст на Скопје24.мк