Tag Archives: мотори

ШЕСТ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ И НОВА КОЛА: Заев кој ги обожава моторите, сепак, ќе се вози и со државна „шкода суберб“ што му ја додели Владата

На Зоран Заев како претседател на Владата на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година, објави порталот Фактор.

Според измените на Законот за Влада направени во 2016, поранешниот претседател на СДСМ има право да го користи овој автомобил во вкупно траење колку што до сега бил шеф на Владата. Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со кубикажа од 2.000 см3.

Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра. Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период.

Владата, односно Службата за општи и заеднички работи има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизингот да плаќа по поминат километар за секое возило.

На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.

 Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.

Заев како што е познато е голем љубител на моторите и четирициклите. Тој додека беше премиер често пати се појавуваше на мотор, заедно со негови колеги министри од владата, меѓу кои Никола Димитров, Љупчо Николовски и Венко Филипче.

Моторџиите од Македонија на 30-то МОТО РЕЛИ – „Независност 2021“ 🏍 🇲🇰

Денеска почнува 30-то по ред мото рели Македонија – Независност 2021, а стартот на релито е од Плоштадот Македонија. Во трите денови моторџиите ќе поминат низ речиси цела Македонија, а финишот е повторно на скопскиот Плоштад.

Трасата на релито е следна:

Почеток во 10 часот од Плоштадот Македонија во Скопје (03.09.2021)

Ден 1: Скопје-Штип-Кочани пауза Доручек.-Македонска Каменица- Делчево-Берово- Срумица пауза Освежување-Дојран Ночевање .Вечера во 20.00час. Камп Партизан

Ден2: Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци-Прилеп Крушево-Битола- Ресен-Охрид Ночевање, Вечера ,Забава , Томбола и Додела на награди и Благодарници Ресторан Белведере до Силекс Хотел во 20.00 час.

Ден3: Охрид-Кичево-Стража-Тетово-Скопје

Финиш во Скопје Плоштад Македонија

Треба да си тешка сељачина да не разбереш зошто твоето однесување е несоодветно во ова кризно време

Треба да си тешка сељачина да не разбереш зошто твоето однесување е несоодветно во ова кризно време, вели активистот Ивор Мицковски како коментар на денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека за него недела е ден за одмор и дека ги полни батериите со возењето на мотор.

Кога си неспособен премиер и неспособен министер за здравство, кога вашите интенции и постапки се криминални, кога не можете да обезбедите вакцинација, кога дневно умираат по 50 луѓе, кога луѓе едвај врзуваат крај со крај, кога не носиш мерки, па носиш алиби мерки кои ја ограничуваат слободата на движење на луѓето, е баш тогаш ве доликува да се офиравате со мото турнеи и државна пратња низ земјата.
Треба да си тешка сељачина да не разбереш зошто твоето однесување е несоодветно во ова кризно време.

Заев и Филипче си брмчат низ Пештани

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера биле на приватна мото- турнеја низ Македонија, која продолжува и денеска.

Сред ек на пандемијата со коронавирусот, додека дневниот црн биланс покажува по околу 50 починати лица дневно, а граѓани протестираат пред министерството за здравство, двоецот Заев- Филипче наместо да се ангажираат да обезбедат вакцини, си се возат со мотори низ Крушево. Нивната турнеја продолжи и денеска низ Пештани каде од граѓани се снимени додека поминуваат.

Од почетокот на овој месец до сега има над 300 починати лица, болниците се полни со пациенти, а Заев и Филипче уживаат во возењето со скапи мотори и си летаат со хеликоптери.

Само вчера во Македонија починаа 32 лица. Пред министерство за здравство вчера се одржа и протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, но ниту ресорниот министер, ниту премиерот ги слушнаа нивните пораки, бидејќи тие викендов си го искористија за нивното луксузно хоби.

Филипчe и Заeв сончевото време го искористија лабаво да cи возат мотори низ Cкопјe (Фото)

Зоран Заев и Венко Филипче денешното сончево време го искористија да возат мотор низ Македонија додека околу 40 семејства организираат погреби за своите најблиски кои починале од коронавирусот.

Фотографиите од моторџиите вртат низ социјалните мрежи: